Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Кољо, би сакал да ти порачам нешто, ама не ти кажувам што точно, само еден хинт ќе ти дадам: бричење.

Се надевам сега, ако ништо друго, некои ќе излезат заради инает. Бидејќи се обидува дотичниот мајмуни да не' прави. Па уште ми спомнува земјоделци и стечајци, а неговите полтрончиња се појавуваат на секој контра-протест, а никад не знаат зошто се таму уствари.
 
Последно уредено:

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
^ Уште ги паметам кокошките шо излегоја на анти-протест кога "АМАН" протестираја против продажбата на ЕСМ и покачената цена за струја.:LOL::place::facepalm:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.106
Поени од реакции
12.683
Сега се знае дека станува збор за државен испит, а не за екстерно тестирање и за тоа дека овие два концепти се сосема различни. Исто така, се знае дека државниот испит не ги опфаќа сегашните студенти, туку идните. Сега, се повеќе е јасно дека оваа помала група која ќе излезе на следниот протест, се партиски мотивирани. Најголем дел од нив се од подмладокот на СДСМ и од невладините организации финансирани од Владимир Милчин и СОРОС, истакна Груевски.
:cuc::cuc::cuc::drk::drk:

Тоа е тоа одамна видено сценарио.
Прво преку нивните медиуми предлагаат пуштаат муабет за некој поекстремен закон кој планираат да го воведат и оставаат време да биде испитан на какви реакции ќе наиде.
Откако ќе добие негативни реакции од сите страни, одма ќе излезе некој министер на ТВ и ќе рече, "Абе не сватиле убаво луѓето, Соросоидите ги лажат дека заkонот бил бла бла бла, а уствари е бла бла бла, пробувајќи да престават некоја публажена верзија на законот, или најчесто некоја позбунувачка верзија, која на крајот сепак ќе испадне како што било првично објавено во медиумите, само напишано во поинаква форма".

Овојпат наидоа на поголем отпор, бидејќи ни самите не очекуваа толку масовен НЕЗАВИСЕН студентски протест. Им се случи буквално мочање на тоа токмаците од СПУКМ, кои патем се штитеници на владеачката партија.
Успеаа да го минимизираат значењето на протестот со тоа што истиот доби по 30-тина секунди прилог на средината од вестите.
Преку своите медиуми откако го истераа филмот дека не било екстерно тестирање туку државен испит (само Јанко може да ја пронајде разликата помеѓу овие два поима), почнаа со смислени прилози во кои на свои млади луѓе им даваа да изведат однапред смислено сценарио, во кое во улога на загрижени студенти, наводно збунети од медиумите, млади лица зборуваат како повеќе нема заблуда меѓу нив, бидејќи се на некој начин радосни откако дознале дека не се работело за екстерно, туку за државен испит :cuc:
Ги даваат како зборат, тие со очите гледаат на сосема трета страна, се утепаа од читање, не успеале да го научат ни она што им го составиле од штаб :cuc:
Груевски како гостин на некои вести демек со ироничен тон почна да збори дека они знаеле дека студентите кои биле на протести биле поттикнувани од одредени професори од СДСМ, и дека на некои факултети се правеле и списоци :pos::pos::pos:

Пробаа да ги поткупат студентите со најавата дека овој испит всушност не бил за овие генерации, туку за наредните, па си рекоа ќе проработи (а можеби и навистина ќе проработи) Македонскиот синдром за не-болење кур за другите, па ќе се откажат студентиве од протести, бидејќи нема да им биде гајле за идните генерации кога они самите нема да бидат засегнати од полагањата.

Видоа нема откажување и го превземаа финалниот удар, така што преку нивните медиуми почнаа уште однапред да им ставаат етикети на протестантите, дека биле поттикнати од СДСМ :vozbud:

Баш од овие работи уште толку ми будат мотиви да одам на протести иако не сум засегнат. И не, не сум приврзаник на СДСМ, напротив можеби на последните избори сум гласал и за ВМРО, пошто партијата на која и дадов глас, на крајот во моето избирачко место имаше 0 гласови, што значи којзнае на чие конто бил препишан истиот :cuc:

И сега која е целта на овој државен испит, кој е толку поразличен од екстерното тестирање?
И на едниот и на другиот, крајната цел е да се соберат што е можно повеќе пари за да се збогати државната каса.
Првичната цел дека со ова ќе се направел еден вид на филтер, со кој наводно само квалитетниот кадар (или поточно оние кои на фер начин ги добиле оцените) би продолжил со студиите, сега паѓа во вода, бидејќи со новите измени, студентот би полагал дур не положи. Тогаш која е целта, освен ќе повторам, полнењето на буџетот со тоа што студентите за секој паднат испит плаќаат средства за да полагаат одново?

На Јанко пак, цело време се тераше муабет дека постоеле професори кои биле корумпирани и неправедно ставале оценки. Со тој муабет колку што разбрав, овој испит треба да биде еден вид на испит за самите корумпирани професори да бидат откриени. Ова е уште еден автогол, бидејќи самиот Груевски кажа дека професорите нема да бидат засегнати од тестирањата и нема да има санкција за нив.
Било кое тестирање кое е спроведено од кадри кои не работат во образовната институција во која се држи наставата по истите предмети по кои се врши тоа тестирање, е надворешно, односно екстерно тестирање.

На студентите останува да се обединат, а и средношколците треба да им се придружат, бидејќи со сегашните најави на пвеводбениците, денешните средношколци ќе бидат првите кои ќе бидат тестирани, а не сегашните студенти.

Слободно нека го нарекуваат како сакаат - екстерно тестирање, државен испит или не знам како - останува фактот дека станува збор за тестирање со кое државата сака да им го ограничи правото на студирање на студентите.

Доколку државата навистина сакаше подобрување на образовниот систем, ќе воведеше задолжителни педагози и психолози во сите основни и средни училишта, кои ќе беа задолжени за набљудување на успехот на учениците и за да ги интервјуираат барем еднаш годишно сите ученици во 7-мо и 8-мо одделение во основно училиште и во 3-та и 4-та година во средно училиште за да знаат што децата сакаат, каква иднина посакуваат за себеси, како се гледаат себеси во иднина, во кое средно училиште, односно на кој факултет сакаат да се запишат, а податоците да бидат доверлива тајна помеѓу ученикот и педагогот/психологот, кој би го советувал ученикот на кои предмети да се посвети за да издејствува повисоки оценки со што би му се подобриле шансите за запишување во посакуваното средно училиште, односно на посакуваниот факултет.

Овие најави за екстерно тестирање/државен испит се фокусирани на казнување на студентите со условување на нивното право на образование поради успехот кој го постигнале на екстерното тестирање/државниот испит.

Ајде денес да го седнеме претседателот на актуелната влада на Република Македонија или актуелниот министер за образование на Република Македонија, да му поставуваме прашања по наш избор за предмети кои ги изучувал во 1-ва и 2-ра година на факултет, па да видиме колку запомнил и колку добро ја владее материјата.

Слободно нека го нарекуваат како сакаат ова надворешно тестирање, останува фактот дека вака замислено нема на ама баш никаков начин да придонесе за подобро образование.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Случајно налетав на еден напис каде што после изјавата на Студентскиот Плениум, студентите од приватните универзитети биле револтирани, тука на коментарите на плусинфо а и на други социјални мрежи се препукуваат студентите од приватните и државните, можеби нема да преставува проблем али како што гледам во глобала Плениумците згрешиле со изјавата против приватните, сега не е време да се препукуваат студентите меѓу себе, туку треба да се соединат против владината одлука за државниот испит. А не да се јадат студентите од приватни и државни..:facepalm: Ако си терат вака ништо чудо овие од приватните да застанат позади владината одлука.. Инаку заради ова изјава студентите од приватните универзитети биле револтирани на Студентскиот Плениум..

Студентскиот пленум ја продолжува борбата против идејата на владата екстерно да ги тестира студентите, односно да го проверува квалитетот на високото образование преку државен испит. Нов протестен марш ќе се одржи следната недела, каде студентите уште еднаш на скопските улици ќе побараат власта да се откаже од државниот испит, зашто како што велат, тој е противуставен, во директна спротивност со Болоњскиот систем и со неговото спроведување би се нарушила автономијата на Универзитетот. Власта тврдоглаво најави дека државниот испит ќе се одржи без разлика на тоа што сакаат студентите. Изговорот за ова е наводното купување дипломи на приватните универзитети на кои самата држава им дала акредитација да работат. Така, на грбот на студентите ќе се прекршуваат аномалиите на системот, што за студентскиот пленум е неприфатливо.
„Зошто марш? Затоа што институциите остануваат глуви освен кога сме на улица, заради потребата од навремена реакција за новите реформи коишто би ги засегнале студентите, идни и сегашни. За одбрана на нашето право на квалитетно образование, за достоинството, за солидарноста, за обединетоста!“ - велат од Студентски пленум.
http://www.plusinfo.mk/vest/6340/ne-za-eksterno-kje-kazat-i-srednoshkolcite--protestot-se-zasiluva
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257

Значи владата сепак ќе успее, по се изгледа ќе се воведе државниот испит, а зошто ќе се воведе ? Затоа што студентите не се обединети без разлика дали студираат на приватен или на државен. А зошто е тоа така ? Одговорот е повеќе од јасен!! заради искомплексираните студенти на УКИМ..:facepalm: Ахх бре деца вам ви треба ЕДИНСТВО, а не да се делите меѓу себе..
 
Последно уредено:

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Студенти, ученици, форумџии, пензионери и ред други, дојдете на вториов марш, да бидеме повеќе од претходниот и да покажеме дека не сме мала група, не сме телиња ко што не мислат.
Цело време се оди со тоа сорос и сдсм организирале. Па добро еве да речеме и дека е точно, и што ? Да не е КД ако опозиција организира протест ?
Проектов кај е противправен, уште повеќе е смешен.
Никој не вика дека е совршено високото образование кај нас, ама ако више имаш искрени намери да го подобриш тогаш тоа ќе го направиш со измени во базата, а не вака. Ако сакаш да го подобриш ќе направиш промени кои ќе ги тангираат тие корумпирани професори, а не нив да ги оставиш лошо да си предаваат и цело време да произведуваат лош кадар, а студентите да ги тестираш. Едноставно нема смисла тоа.
Друга работа, од сите овие муабети ја разбрав дека испитот ќе биде положил/не положил, што значи нема да има никаква интервенција во оценката што му стои на некој во индекс, што одма е контрадикторно со тоа дека ќе се подобри високото образование. Пример ако ја сум учел и сум знаел за 8ца, а некој со врски си добил 10ка, на овој испит и двајцата ќе положиме (зошто тешко да очекуваш некој да не успее да положи кога однапред му се дадени прашањата), само што сега државата гарантира со документ дека неговата 10ка е заслужена и утре кога ќе конкурираме двајцата на оглас за вработување он ќе има предност. ГЛУПОСТ !
Трета работа, како ќе го подобриш ти високото образование кога однапред ги даваш прашањата ?!

Значи пак, дојдете сите што можете на протестов, да покажеме дека не сме глупи.
Вчера го уништија штрајкот на професорите во основните и средните, денес го уништуваат високото образование, утре ќе им текне пример да ви ги одземат основните права кои прооизлегуваат од да речеме работниот однос. Не дозволувајте да дојде до таква ситуација и нека ви биде мотив плус за да дојдете на маршов !
 
Друже студентите почнаа меѓу себе да се делат, и тоа токму баш заради некоја банална изјава на Студентскиот Плениум, знаеш ти колку студнети од приватните ќе се пиклучија на овие протести? Тука беа ЕУРМ,ФОН,Штуловиот Универзитет од Тетово и уште многу приватни,а после тие изјави од плениумците веќе ништо не е сигурно... Зборот ми е чим почнаа да се делат студентите меѓу себе незнам дали у опште ќе бидат успешни протестите.. Се изненадив од Студентскиот Плениум, тие треба да дадат обединувачки изјави на студентите а не да ги поделат кој студирал на приватен или на државен..
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Па гледам многу од приватните дојдоа на првиот студентски марш, освен 20тината од ЕУРМ кои се приклучија кога поминувавме покрај Европски и уште по некој ако имало, толку.

Се консултирав, ова не е изјава на никој од Студентскиот пленум! Ова е дел од текстот кој новинарката сама го пишувала! Делбите на приватни и државни студенти барајте ја кај неа!

Прво мислев дека е дел од цитирана изјава, уствари новинарката (прашање каква новинарка е) сама го напишала тој заклучок. Ве молам да не се шират дезинформации! Ова важи и за @Realen. и за сите други.
 
Болдот од претходниот пост ти е тоа што ги поделило студентите ?!
Еве @true blue вика дека уопште тоа не е изјавено од СП, а дури и да е изјавено нигде не се вика дека СП смета дека на приватните факултети се купуваат дипломи (што патем е точно) туку е пренесување на она што цело време до сеа се збореше, а тоа го имало и во говори на Премиерот, Министерот...
Тоа ти што го збориш е претпоставувам обид ваквите текстови да се извадат од контекст и се прават притисоци и напори овој марш да не успее.
 
Дошле студенти од универзитетот на Бојо - кој наводно повеќе не е на Бојо, туку го купиле или договорено е да го купат турци - а не дошле од универзитетот на Фијат Цаноски ?

Навистина се за жалење сегашните средношколци, односно идните студенти.

Доколку не успеат овие протести против екстерно тестирање/државен испит на универзитетите, сегашните и идните матуранти уште сега нека си бараат универзитети во странство, бидејќи во оваа држава ќе бидат предмет на малтретирање и тероризирање.

За волја на вистината, сегашните средношколци уште сега се соочуваат и со интерно и со екстерно тестирање во средните училишта и би требало да знаат дека доколку не се придружат на овие протести и доколку не успеат да го спречат ваквиот идиотизам во најава, тогаш на било кој универзитет во Македонија ги чека минимум 10 пати поголема малтретажа и тероризирање во споредба со екстерното тестирање во средните училишта.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Болдот од претходниот пост ти е тоа што ги поделило студентите ?!
Еве @true blue вика дека уопште тоа не е изјавено од СП, а дури и да е изјавено нигде не се вика дека СП смета дека на приватните факултети се купуваат дипломи (што патем е точно) туку е пренесување на она што цело време до сеа се збореше, а тоа го имало и во говори на Премиерот, Министерот...
Тоа ти што го збориш е претпоставувам обид ваквите текстови да се извадат од контекст и се прават притисоци и напори овој марш да не успее.
Друже јас повеќе не сум студент но ги подржувам студентите до крај против овој режим, а инаку чим се тврди дека се купуваат дипломите тогаш треба јавно да се излезе и да се даде изјава на кои приватни се купуваат дипломите?Бидејќи сите приватни универзитети неможеме во ист кош да ги ставиме, Или у опште да не се спомнува вакви работи бидејки сите вакви коментари е во полза на владата..
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Друже јас повеќе не сум студент но ги подржувам студентите до крај против овој режим, а инаку чим се тврди дека се купуваат дипломите тогаш треба јавно да се излезе и да се даде изјава на кои приватни се купуваат дипломите?Бидејќи сите приватни универзитети неможеме во ист кош да ги ставиме, Или у опште да не се спомнува вакви работи бидејки сите вакви коментари е во полза на владата..
Дали ми го прочита ти горниот пост? Очигчедно не! Тој дел од текстот е на новинарката, она го дава контекстот! Зошто го направиле тоа, јас не знам! Убаво прочитај ги речениците што се во наводници, тоа е изјавата на студентот од Пленумот.
Пленумот никогаш не делел студенти по ниедна основа, верувај ми на тоа. На пленумите доаѓаат и студенти од приватните факултети, малкумина но ги има.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Друже јас повеќе не сум студент но ги подржувам студентите до крај против овој режим, а инаку чим се тврди дека се купуваат дипломите тогаш треба јавно да се излезе и да се даде изјава на кои приватни се купуваат дипломите?Бидејќи сите приватни универзитети неможеме во ист кош да ги ставиме, Или у опште да не се спомнува вакви работи бидејки сите вакви коментари е во полза на владата..
Ме мрзи да барам, ама сигурно Премиерот или Министерот имаат кажано дека на приватни факултети се купуваат дипломи. Ако објавуваат на кој факултет се купуваат дипломи, бар според мене ќе испадне дека на сите се купуваат дипломи, ама не е битно толку тоа. Битно е што прво ете Студентски Пленум нема изјавено такво нешто, а дури и да изјавил не би го сфатил тоа како изворна изјава на Студентски Пленум, туку како пренесување на нешто што веќе било кажано од друг.
Оваа манипулација со изјавата ја гледам како „раздели па владеј“, што се надевам нема да им успее и неделава ќе не има повеќе од минатиот пат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom