S
simpleman
Гостин
Дај боже да сум во грешка со погоре напишаното и јас сакам како јас така и сите други да земат државјанства и тие прекратени што се,но реалноста е сурова колку и да не сакате да го прифатите тоа.Како прво видете кој е во правосудство истиот службен министер Христо Иванов и истиот заменик министер Петко Петков не знам дали ќе биде пак претседател на советот за државјанства,работата со нив на чело на правосудство стана уште построга од претходните(има последно многу случаи со документи со месеци на дополнителна),успорена е работата,а тоа што немаше четвртокот прекратувања можно е да не е распореден кој зам. министер ќе биде одговорен за државјанства т.е советот да е без претседател уште.Како второ ако сакате да знаете во претходниот мандат на Борисов најзаслужен и главен спроведувач на политиката за добивање на пасош за една год. беше Божидар Димитров како министер без ресор задолжен за Блгарите во чужбина кој што ги направи законските измени да се скрати рокот на година и го вметна уверението од ДАБЧ во законот за бг државјанство. Како трето колку и да не ни одговара нас од правосудство си работат стриктно според закон.Како четврто го читав тој извештајот на инспекторатот до службениот премиер за работата на ДАБЧ и во делот за БКК јасно се гледа дека не јапризнаваат регистрацијата на БКК во ДАБЧ поради глупости т.е немало некоја резолуција на претседателот на ДАБЧ се со цел да се елиминира БКК и да се спречи масовното издавање на пасоши за Македонци.И на крај како петто кога ќе бидат тие олеснувања кога ќе прекратат уште 20000 до 30000 преписки уште,прашајте ги тие што се одбиени сега брзо која е реалноста моментална,чекале 3 години и некој ги дупи сега и колку е нервозно сето тоа т.е време,нерви,пари е тоа е реалноста.Пак ќе кажам чешки да сум во грешка и сите да се усреќат.
Последно уредено од модератор: