Идеолошки осврт? Па цело време дискутирате за реални држави, долари, пазари, дрн дрн. Смрт за Америка... дрн дрн.
Не ми одговори на првото прашање, ама нејсе. Премногу засегнува во споделување на лични информации.
Во вакуум
Капитализмот постои да прави профит, и основната движечка сила е приватната иницијатива за правење што поголем профит. А за некој да прави профит, некој друг треба да губи. Лош концепт, затоа што вродено создава нееднаквост.
Комунизмот од друга страна го става општественото добро пред приватната иницијатива. Добар концепт затоа што гарантира еднаквост.
Реалноста е 2 Светски војни, една студена војна, и многу изолирани конфликти кои најчесто се инспирирани од борба за ресурси.
Јас би се замислил како капитализмот, а како комунизмот би ги/ги оправдува војните за ресурси? Дали идеолозите имале/имаат некаков план за војните за ресурси?
Јас по можност би ја избегнал таа дискусија бидејќи освен како економски системи, тогаш капитализмот и социјализмот ќе мора да ги анализираме и културолошки, политички па потоа неминовно ќе бидеме подложени на субјективни шаради, односно дрн дрн.
Одбрав да не ти одговорам на првото прашање прво поради тоа што не сакам да ја споделам таа информација, второ бидејќи личното искуство не е валиден и објективен фактор при оформување на критичко размислување.
По дефиниција капитализмот ги наградува индивидуите кои ефективно ја користат слободата на пазарот на труд и добра што системот им ја приушта.
Ама ако веќе ја гледаме историјата,
диспропорционалност постоела и во социјалистички земји каде што владеачката партија(Диктатура) го угнетувала сопствениот народ.
Мешањето на владата во производството и пазарот често доведувала до тотално осиромашување на народот. Да, социјалистичките држави ја гарантираат еднаквоста(И тука има отстапки, ама ајде.) ама во ретроспектива историјата ни покажува дека системот најчесто ги правел луѓето еднакво сиромашни и угнетувани.
Во Камбоџа комунистичкиот режим на Пол Пот однесе илјадници животи, исто како во Сталинистичка Русија.
Големиот чекор нанапред на Мао Це е познат како една од најголемите економски катастрофи, безнадежна ситуација од која Кина беше извадена via капитализмот.
Бројот на луѓе убиени под режимот на Хо Ши Мин во Виетнам не може да се процени поради фактот дека државата е сеуште под капата на социјализмот.
Јас пак би се замислил, дали навистина ја сакаме оваа еднаквост и колку навистина закрепостениот селанец е еднаков со неговиот добар, милозлив лидер?[DOUBLEPOST=1417620374][/DOUBLEPOST]
Ако можеш да извлечеш од некој текст барем една реченица виситна тогаш си гениј. Така и ти не го зимај целиот текст, ил ицелиот сајт за виситна. Но факт е дека доларот ќе биде срушен.
САД веќе преживеа една голема економска катастрофа и се врати посилна од кога и да е. Рушењево тешко иде.