Непосредна забрана за нејадење од забранетото дрво (на познанието за доброто и злото) не е од Бога дадена, оти Он можел да им забрани и на друг начин, што значи, тоа јадење им било дозволено, како потенцијална можност (за избор), но со однапред укажана (смртна) последица од таквиот избор.
Кога Ева а после и Адам, згрешија, последицата беше активирана и тие станаа смртни, согласно нивниот избор. Така, ако Бог би им забранил или уште подобро, би ги спречил, тогаш Адам и Ева не би згрешиле и би останале во заедница со Бога. Но, ова е веќе нагаѓање а не тек од настани како што е опишан во Постанокот.