Обострана омраза од што ? Никој не може да ми натера да мразам некого пошто функционирам врз база на сопствено мислење, но можам да мразам доколку некој ме повреди душевно. Кога јас на 15 години одам во училиште со нож за да повредам некого, тоа сигурно сум го научил од околината во која живеам ( а во грчец владее законот на криминалот дрогата мафијата оружјето ), такво ми е домашното "воспитување" ( ако воопшто постои воспитување кај таквите ) роднини другари пријатели кои на тој начин функционираат или некој ми наложил така да се однесувам зашто сепак на 15 години лесно е да се манипулира со млад мозок. Кога на 15 години јас ќе пробам да прободам со нож значи дека нешто не е во ред со мене, сепак е обид за убиство зашто ножот може да повреди и да има фатални последици по нечиј живот. Омразата никогаш не била дел од она што јас го практикувам и верувам, но не можам да дозволам некој да ме гази без макар и кажам дека дека повеќе нема да трпам. Јасно како бел ден е дека омразата е национална и верска, а не дека јас имам повеќе од тебе а ти помалку од мене. Комплекс на пониска вредност е во прашање религиска или национална, дека она во кое јас верувам и затоа живеам е подобро од твоето и дека врз база на тоа ти не треба да постоиш. Како викаат, стапот има два краја кога тогаш ќе ти се врати и ќе те мавне по глава, а основно правило во животот е да не го правиш она што не би сакал тебе да ти го прават. Мора прво албанскиот народ да свати дека македонците им се пријатели а не непријатели, па после се останато ќе си дојде само по себе.