На форумов како да пишуваат лица кои не живеат во Република Македонија туку живеат во некоја шеријатска држава и појма немаат каква е реалноста надвор ...
Џабе овде на форумов сите глумат светци и светици и остро ги напаѓаат сите можни девијации во општеството кога и самите тие во реалноста ако им се укаже прилика ретко кој/а ќе одбие да проба/лизне од медот !
Ко швалерајот и проституцијата од вчера да постојат, денеска плус животот е доста брз, динамичен и стресен, вредностите одамна се потонати и машките и женските се исти ѓавол џабе глумење поштеност кога ретко кој/а е 100% поштен/а, поштеност имало пред 100 години кога немало ниту технологија, електроника, еманципација, наука, образование кога луѓето живееле изолирани во рурални средини и работеле макотрпни физички дејности за да се прехранат себеси и своето семејство, во тоа време семејствата биле прилично големи, а денеска е живот на копче, системот е материјалистички и индивидуалистички каде на прво место се става личниот живот и личниот комфор !
Новиот систем во кој живееме последниве две децении и западните вредности се тие е сега кој сака да си тера по старо може да се пресели во некоја Азиска или Африканска шеријатска џамахирија да живее и да си тера според верските вредности !
БТВ јас сум сингл и за мене не се однесува темава но само кажувам дека овде едно се пишува на форумов а реалноста надвор е сосема поинаква !