4k vs 1080p Телевизор

  • Креатор на темата Креатор на темата mar30
  • Време на започнување Време на започнување
M

mar30

Гостин
Дали некој користи UHD телевизор(ако да колку инчи е телевизорот) и како би ја опишале практичната разлика на слика од fullHD телевизор во однос на гледање ТВ канали обичен сигнал,хд канал,3д и тн.
 
Разлика има ако ги споредуваш сликите и си многу блиску до екранот, исто разлика има ако на 4к монитор гледаш Full HD содржина, но обратно нема разлика. За да видиш практична примена треба барем 90% од содржините што ќе ги гледаш на ТВ-то да бидат 4к, а тоа ќе биде можно за неколку години.
 
Уште долго време телевизорите со 720p ќе бидат кај нас актуелни. Телевизиите едвај преминаа на дигитална па уште и 4к, нема шанси едноставно премногу е.
 
Телевизороте одамна веќе не се купуваат за телевизија, освем ако не ти е за родители, или некои постари членови на семејството, поклон или што ти ја знам.

Телевизор се купува за филмови, серии, и друг материјал во 720p (најмалце) или 1080p.......

Дигиталните канали се далеку од 720p, let alone 1080p, или па 4K lol.
 
720p наспроти 1080p, тоа е валидна тема за дискусија... ЗА ТИЕ ШТО ИМААТ ТВ СО ДИЈАГОНАЛА НАД 60 ИНЧИ!!!

Упс, ми се заглавил капс-локот.
Сериозно, 4к технологијата е за луѓе со вишок пари, рекламен материјал за трговци, и за љубители на тајмскејп видеа... За сите други што гледаат од нормална далечина нема да приметат разлика ни меѓу 720p наспроти 1080p, не па 4к.
 
Грешиш и тоа многу, пред да те демантирам, корегирај си се сам :D И те како има разлика од 4к. Единствено што се согласувам е дека во моментов цените за 4к се посолени, али дека нема разлика грешиш.
 
Муабетов, ко порано сите кога симнуваа филмови по 700MB и никој не сакаше да чуе за снимки во HD. За некое време ќе паднат цените на 4к телевизори и сите ќе купуваат такви, без разлика на тоа дали има видлива разлика или не.
Телевизороте одамна веќе не се купуваат за телевизија, освем ако не ти е за родители, или некои постари членови на семејството, поклон или што ти ја знам.

Телевизор се купува за филмови, серии, и друг материјал во 720p (најмалце) или 1080p.......

Дигиталните канали се далеку од 720p, let alone 1080p, или па 4K lol.
Се надевам дека само за SD каналите збориш, а HD ги тргаш на страна.
 
Кои се тие канали што вршат пренос во 720/1080p?
 
OK. :)

(продавачите иначе обожаваат такви како тебе)
Ај да постираме по едно видео, ти каде што ми покажуваш дека нема разлика јас кај што има, може ?
 
Разлика има голема дури и на 1080p екран, е сега дали е видлива од 2-3 метри тоа е друго прашање....на монитор ден и ноќ е разликата.
 
T-home & Blizoo одамна имаат вклучено 1080i канали во нивните пакети и редовно додаваат нови.

Него друго ми беше муабетот. Зошто никој од вас не ја спомна најбитната работа кога се прави муабет за резолуции и големини - PPI (pixels per inch)? 22.5 инчен 1080p монитор има 100 ppi што е сосема доволно за растојание до 1 метар. Телевизорите ги користиме на 3 или повеќе метри. На тоа растојание и 50 ppi е доволно, така да како што кажа @Vanlok - џабе фрлање пари.

И да, имам видено како изгледа 4K видео материјал на 70-80 инчен телевизор (толку беше негде од прилика). Преголем телевизор за просечна дневна соба од 20 м².
 
Има сателитски канали што се пренесуваат во 1080p.

Посочи некоја ако не ти е проблем.....јас колку што знам нема.....

@old_School_mk, 1080i е резолуција еднаква на 480p од прилика, така да there is that.

Во некои случаи и полоша...(за спорт)

interlaced_vs_progressive.gif
 
Back
На врв Bottom