kooperativa
Г-ин Пола Милениум
- Член од
- 2 октомври 2012
- Мислења
- 7.633
- Поени од реакции
- 8.601
Најпосле во добар дел од постот да се согласам. Но и во основа верите се за власт, не само во денешната форма.Не можеш тоа да го оствариш на начинот кој замислуваш се додека има луѓе подготвени да гинат за својата вера, никој не е најпаметен да им суди на оние кои своето право на избор го искористиле да бидат верници.
Или тоа право на избор не им следува?
Верските учења кои ги познаваме во формата во која ни се предавани, се преработени од луѓе со цел да си овозможат привилегии и власт над останатите, т.е. злоупотребени учења.
Било кој правен систем, вредносно морален и сл. ги има за основа верувањата во праведноста, во љубовта, во грижата и не може така лекомислено да ги отфрлиме сите овие досега постигнати работи.
Исламот оставен сам на себе ќе се реформира како што тоа беше случајот и со христијанството, само доколку се изолираат одредени профитерски групации кои се обидуваат да го злоупотребат исламот како што тоа го правеле христијаните во верските походи на останатите континенти.
Од друга страна, феминистичките движења се потребни да ја подигнат свеста на жените, но се’ до оној момент додека не се радикализираат и злоупотребуваат во спроведување на своите агенди како што тоа го прават радикалните исламски групи. Ниту еден екстрем не е добар, но одвреме на време потребен е судир меѓу двата за да произлезе рамнотежа.
Црвено: и ден денес е исто, само во многу попрефригана форма. Научија од грешките во минатото, па денес делуваат божем се безгласна буква. Само посетија ја темата за религија, и ќе се увериш дека се истотака тврдокорни ко и порано
Сино: Е со ова си bulls eye
Убаво кажуваш, МИСЛАМ (а по нешто и знам). Тоа нешто (МИСЛАМ) е непознат збор кај религиозните. Тие НЕ мислат, тие прават како ќе им се каже. Овци и овчари.Ти би да уништиш нешто ама не како јас што сум замислил.
Ти го разбираш ли зборот уништување,или по дома си го употребувате ама никогаш не сте го сватиле неговото значење?
Ти МИСЛИШ дека религиите се лоши ама другиот не смее да МИСЛИ дека религијата е добра.
Ти МИСЛИШ дека е тоа за проста раја ама тие не смеат да МИСЛАТ дека си ти глупава раја која така МИСЛИ.
Ти сакаш да имаш право на ИЗБОР, ама тие не смеат да имаат право на ИЗБОР зошто ти МИСЛИШ дека тие не МИСЛАТ.
Ти Мислиш дека Турција се враќа назад ама тие МИСЛАТ дека Турција оди напред,.
Хитлер исто ко тебе бил полн со зборовите за демократија слободи и права,он милсел дека тој има монопол врз мислите и дека само неговите мисли се исправни и вистинити.
Исти ти.
Таквите ко тебе исклучиви кои исклучуваат се што не мисли како нив се многу полоши и многу повеќе зло нанеле и ќе нанесат на овој свет.
А такви ги има и меѓу верските и меѓу демонкратските фанатици,само што немаат огледало да се видат па единствено што можат да видат е тоа што го прави другиот.
Имаат право на избор, но кога ќе размислат со својот памет, а не само да прифатат затоа што таа пишува. Пошто темата е за Ердоган, и со тоа и за исламот, ај еве ти како рационален човек дали ќе можеш да го прифатш тврдењето дека Мухамед ја пресекол месечината и ја залепил после тоа? Не, ниеден муслиман не размислува околу тоа, него одма од прва верува и го прифаќа тоа како вистина. Дали е тоа избор?
Едукација е најголемиот непријател на верите. Затоа и се забранува.
Камо среќа да сум јас и сличните ко мене најголемото зло. Камо среќа. И те молам, нема потреба во секој пост да го спомнуваш Хитлер.
Верите треба да се уништат, тоа е факт. На кој начин е сосема друг муабет. Според мене треба внатрешно сами да се уништат, а тоа ќе се случи само со едукација. Тоа е и единствениот природен начин. Се' што е со забрана тешко да ќе вроди со плод.Имаше една идеологија која беше на власт минатиот век, која искористи начини на кои може и инквизицијата да им позавиди да ги уништи верите.
Ни треба еден јудеист во религија, па добро дојде.Абе реално имам почин кон сите религии, ама дека Христијанството и Исламот е проблем за светот е едноставно треба да се модифицираат малку...
Инаку јас сум Евреин по вера и драго ми е што се регистрирав на овој форум..
Но како што веќе е утврдено, ниеден верник не признава за исправно ништо друго освен неговото. Како дојде до заклучок дека Христијаните и Муслиманите треба да се модифицираат? И како дојде до заклучок дека Јудејците НЕ треба да се модифицираат?