Еве ти ја комплет најновата Xbox 360 конзола, Xbox 360 E, која излезе во продажба во јуни 2013, заедно со 500 GB хард диск, Kinect и 2 оригинални видео игри, нехакната, за 29.990 денари во седиштето на СЕТ Компјутери на Рузвелтова.
http://set.com.mk/Computers-IT/Gami...ect-Sensor--Game-Adventures-and-Joy-Ride20208
Постариот модел, Xbox 360 S, без хард диск, односно со само 4 GB внатрешна меморија, Kinect и 1 оригинална видео игра, но истовремено и хакната за да може да се играат пиратски копии од видео игри, како и со оптичка аудио порта за поврзување на конзолата со професионално озвучување и една USB порта повеќе за разлика од Xbox 360 E (јака разлика

), ја има за 24.999 денари кај Драган ИДЦ во Аеродром.
http://www.idc.com.mk/kinect
Истиот постар модел, Xbox 360 S, без хард диск, односно со само 4 GB внатрешна меморија, Kinect и 1 оригинална видео игра, но истовремено и нехакната, за 19.390 денари го има на лагер во Анхоч, но само во нивниот салон во Скопје Сити Мол.
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=3010&pid=35915
По брзина и перформанси сите спомнати модели се исти и сите доаѓаат со Kinect, со разликата што моделот Xbox 360 E е полесен, потивок, троши помалку струја, се загрева помалку и доаѓа без оптичка аудио порта за поврзување на конзолата со професионално озвучување и една USB порта помалку во споредба со постариот модел Xbox 360 S.
Од сите 3 конзоли, само таа кај Драган ИДЦ во Аеродром е хакната и може да се играат пиратски копии од видео игри на истата, додека било која од останатите 2 конзоли ќе мора дополнително да се хакне кај Драган ИДЦ или кај било кој друг кој хакнува Xbox 360 конзоли за да може да се играат пиратски копии од видео игри на конзолата.