Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Не држи глава напразно обиди се да разбереш што прашуваш.
Да ти помогнам.
Како извесен ентитет кој претендира на апсолутност може да ја надмине релацијата „битисување со сопствениот опозит“ на супстанцијално ниво, притоа да небиде асимилиран во затвореност т.е. небитие, негација?
Ќе ти помогнам и понатаму.
Ова прашање ги надминува границите на науката, логиката па и умствената спекулација имаш неминовна контрадикција. Имаш метафизички проблем. Понатаму продолжи сам.
Ако има проблем прашај. ОК?
Не филозофирај, конкретен одговор имаш или немаш?
 
Од мене толку.:notworthy:
Господ да ти е напомош!:love:
Значи на обично прашање, дали сметаш дека Бог ги дели нештата на добри и зли, сите можни ментални гимнастики и вратоломии ги изведе, тврдеше дека прашањето било апсурдно, одговараше со поставување други прашања....и на крај ми порачуваш Господ да ми е напомош... А се што се бара е твој став - да верувам или не, неверувам. Толку.
Неверојатно е да се види до каде оди вашата очајност и апсурд да избегнете да се соочите со дискусии и одговори што не се во ваш интерес. Господ нека им е напомош на оние што имаат работа со вас.
 
Слободната волја не е аргумент. Таа е само простор - можност да се избере од опциите што се на располагање, кој опции ќе бидат на располагање зависи од оној што ги поставува правилата на играта.

Eдна од опциите што и се на располагање на слободната волја е самата да одлучува. Створено битие со слободна волја самото одлучува дали ќе му биде послушно на Бог или не. Доколку створеното битие има само една опција - да му биде послушно на Бог, тогаш тоа нема слободна волја, туку е програмиран робот.

На пример доколку особината гнев е нешто кое е непотребно и зло, воопшто можела да непостои, да ја нема како дел од човечкиот карактер, слободната волја пак би постоела, таа би била можност да се одбере од оние особини што се на располагање а меѓу кои не би бил гневот.

Особината гнев е дериват од непослушноста кон Бог. Сите негативни особини како што се гордост, гнев, омраза итн. ги развиле створените битија кои отпаднале (се одметнале) од Бог како продукт на нивната слободна волја.

Така и пеколот не го створил Бог, туку тој настанал како последица од непослушноста кон Бога на паднатите ангели.

Да го земеме примерот со љубовта и омразата. Љубовта е позитивна и пожелна особина што ја поседува створеното битие кое му е послушно на Бог. Во оној момент, кога тоа исто битие со својата слободна волја ќе одлучи веќе да не му биде послушно на Бог, во него избледува љубовта и се раѓа омразата. Како што гледаш, омразата не ја создал Бог, туку таа се јавува како последица кај створеното битие кога истото одлучува да не ги почитува насоките и правилата што му се дадени од Бог, туку да работи спротивни на тие начела.

Неверојатно е да се види до каде оди вашата очајност и апсурд да избегнете да се соочите со дискусии и одговори што не се во ваш интерес. Господ нека им е напомош на оние што имаат работа со вас.

Ако и после овој пост не можеш да разбереш, тогаш проблемот на разбирањето не треба да го бараш кај христијаните, туку кај себе.
 
Eдна од опциите што и се на располагање на слободната волја е самата да одлучува. Створено битие со слободна волја самото одлучува дали ќе му биде послушно на Бог или не. Доколку створеното битие има само една опција - да му биде послушно на Бог, тогаш тоа нема слободна волја, туку е програмиран робот.
Слободната волја не е аргумент а вие повторно ја турката како таква! Слободна волја може да постои, но било кој исход што е производ на истата, повторно ќе биде поради прапричината - Бог. Што значи независно како ти или јас ќе гледаме на нештата, за Бог е нелогично да ги прогласува за грешни и зли, бидејќи нели велиме дека тој е прапричината за секој можен исход, за секоја случка, за секој настан! Се е дел од неговата промисла, па поради тоа било што кое тој би го прогласил за несоодветно, би било индиректно признавање дека тој нема совршена промисла и дека неможе да создаде реалност од која ќе биде апсолутно задоволен.
Особината гнев е дериват од непослушноста кон Бог. Сите негативни особини како што се гордост, гнев, омраза итн. ги развиле створените битија кои отпаднале (се одметнале) од Бог како продукт на нивната слободна волја.

Така и пеколот не го створил Бог, туку тој настанал како последица од непослушноста кон Бога на паднатите ангели.

Да го земеме примерот со љубовта и омразата. Љубовта е позитивна и пожелна особина што ја поседува створеното битие кое му е послушно на Бог. Во оној момент, кога тоа исто битие со својата слободна волја ќе одлучи веќе да не му биде послушно на Бог, во него избледува љубовта и се раѓа омразата. Како што гледаш, омразата не ја создал Бог, туку таа се јавува како последица кај створеното битие кога истото одлучува да не ги почитува насоките и правилата што му се дадени од Бог, туку да работи спротивни на тие начела.
Јас убаво и јасно го поставив прашањето, дали сметате дека Бог може да гледа на нештата како добри и зли, соодветни и несоодветни, погрешни и исправни! А не дали гневот од твоја човечка перцепција бил ова или она.
Втора работа, ако постои било што кое не потекнува од Бог, тогаш повторно е апсурдно тој да се смета за прапричина на се што постои! Ако пеколот постои и е со цел да биде нечија казна (пак ќе нагласам од аспект на Бог), тогаш промислата на Бог не е совршена, бидејќи направила превид, посочува нешто како непотребно, грешно....а се што постои е негова креација. Доколку пак пеколот воопшто не бил дел од неговата промисла, а сепак се појавил, тогаш тоа исто така е превид, неможност да се контролираат исходите, што е индиректен доказ дека таквиот бог не е семоќен.
 
Последно уредено:
Eдна од опциите што и се на располагање на слободната волја е самата да одлучува. Створено битие со слободна волја самото одлучува дали ќе му биде послушно на Бог или не. Доколку створеното битие има само една опција - да му биде послушно на Бог, тогаш тоа нема слободна волја, туку е програмиран робот.

Особината гнев е дериват од непослушноста кон Бог. Сите негативни особини како што се гордост, гнев, омраза итн. ги развиле створените битија кои отпаднале (се одметнале) од Бог како продукт на нивната слободна волја.

Така и пеколот не го створил Бог, туку тој настанал како последица од непослушноста кон Бога на паднатите ангели.

Да го земеме примерот со љубовта и омразата. Љубовта е позитивна и пожелна особина што ја поседува створеното битие кое му е послушно на Бог. Во оној момент, кога тоа исто битие со својата слободна волја ќе одлучи веќе да не му биде послушно на Бог, во него избледува љубовта и се раѓа омразата. Како што гледаш, омразата не ја создал Бог, туку таа се јавува како последица кај створеното битие кога истото одлучува да не ги почитува насоките и правилата што му се дадени од Бог, туку да работи спротивни на тие начела.

Ако и после овој пост не можеш да разбереш, тогаш проблемот на разбирањето не треба да го бараш кај христијаните, туку кај себе.
Ти имаш погрешна претстава за Љубовта.Тоа што е напишано во Евангелието,и во Стариот завет,нема никава врска со Љубота.Таа Љубов не може да биде безусловна,бидејќи ако е пишано дека кој не верува и кој не го сака Бог ќе биде фрлен во огненото езеро ,и во пеколот,тоа е Уцена.А што мислиш дека некој ако не верува,нема вера во Бог,тогаш тој го мрази Бог?Омразата нема никаква врска со тоа.Тебе ти кажале дека треба да веруваш,дека ако не го сакаш Бог ќе гориш во пеколот.Додека за мене и за некој друг атеист тоа е несфатливо,бидејќи не сум во таа шема на условености,не го познавам(ниту сум го видел Богот на Христијанството),тоа ме ослободува од осудата дека го мразам,што нема никаква логика,доколку тоа е имагинарен и митолошки лик,апсурдно е да го мразам .
 
Ова дали значи дека ние не сме божји деца туку само негови поданици.
 
Kade vodi temava i diskusijata , do kakvo razbiranje treba da se dojde i sto treba da se otkrie ?
 
Дискусијата во суштина значи размена на мислења и ставови, со цел да се дојде до што е можно повистинити сознанија.
 
Ima smisla toa sto go zboris mozes li ti kako clen na forumov i aktiven ucesnik da mi kazes tvoi impresii sto si otkril i do kakvi soznanija imas dojdeno preku ucestvo vo ovie diskusii ?
 
Да речеме...до сознанија што ми помагаат подобро да ги разберам луѓето.
 
I mozes li da otkries ti licno sto si razbral za razlicni luge od razni religii ,verski ubeduvanja i ateisti .

Razliki ,slicnosti i dali delat site tie nesto zaednicko ?
 
Јас би сакал да верувам дека заедничко за сите е човештвото, но премногу често сум сведок дека под влијание на стравот и индоктринацијата, постојат луѓе и групи што би го жртвувале дури и човештвото, се со цел да се удоволи на некој имагинарен ентитет, за да бидат наградени од негова страна во некој нареден - задгробен живот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom