Ipsissimus
P.I.
Слободната волја не е аргумент. Таа е само простор - можност да се избере од опциите што се на располагање, кој опции ќе бидат на располагање зависи од оној што ги поставува правилата на играта. На пример доколку особината гнев е нешто кое е непотребно и зло, воопшто можела да непостои, да ја нема како дел од човечкиот карактер, слободната волја пак би постоела, таа би била можност да се одбере од оние особини што се на располагање а меѓу кои не би бил гневот.Многу површно читаш. Воедно забораваш дека Бог создал битија кои имаат слободна волја. Тие можат да изберат помеѓу потчинување на Бог (добро) и противење на Бог (зло).
Според тебе, совршено суштество кое создало битие кое со својата слободна волја му се противи на истото тоа совршено суштество од кое е создадено, е индикација дека не е совршено, ако не гледа благонаклоно на противењето насочено кон него од страна на создаденото битие и тоа го смета за зло!?
Ако поставувачот на правилата, има перцепција според која постојат добри и зли нешта, соодветни и несоодветни, тогаш тој како прапричина самиот се прогласува за несовршен, несезнаен несемоќен, бидејќи со тоа што гледа зло во нешто за кое тој е прапричина, индиректно посочува дека направил превид, грешка, допуштил нешто кое сега го перцепира како зло.