Проблем се позиција еден и пет. Значи да се земе сега еден одличен играч што ќе тера АБА до крај и во јануари уште еден за домашно првенство. Диксон има отворен договор и тоа е доста голем проблем затоа што може да се случи да не е задоволен од нешто и да сака да си иде, а реално до сега не покажа нешто за да му понудат договор. Тек сега излегуваат на површина лошите потези повлечени летоска пред се мислам на договорот потпишан пред сезона со Маринковиќ кој што фаќа место за странец на таа критична позиција, а од друга страна не го задржавме Станко (домашен играч). Тоа според мене е најкатастрофалната грешка што се направи.
Ако мора МЗТ да одбира, ја би избрал да земеме одлична петка пред се гледајќи од каде ќе дојде најголемата опасност во борба за титулата во домашно првенство.
Многу грешки се направија. Мора прво да се потпише тренер, во случајов Митев на долгогодишен договор. Мора да се остави кошарката на луѓе што живеат за и од неа. Најголем проблем е Кире. Највисок играч ни е, најавуван како иднина на македонската кошарка, итн итн. Сфаќам и повреди и се ама на никаков начин не врати кон клубот што го плаќа премногу. Трета сезона игра под очекувањата. Нема ни желба ни бутур. Има повеќе шутеви за тројка отколку скокови. Дај нека најдат психолог нека разговараат со него, нешто што е нормално во големи спортски колективи дали било кошарка, дали фудбал, дали рагби. Маринковиќ е поефтин од Станко затоа и така испадна плус и солиден е, Маринковиќ подобар е од Лучиќ сезонава. Нема бре наши деца, сите екс ју држави зверови млади играчи имаат, Мега со средношколци растур прават. За греота сме. Мора да профункционира и младинската школа на МЗТ. Ќе биде лека полека. Мислам дека од најголемите гомна се извадивме. Еве ги и Цибона имаат скор како и нас, тука сме и со кош разлика. Се врати и Дамјан. Имаме и поголем и поквалитетен ростер. Лани да не игравме и Еврокуп ќе бевме и финансиски постабилни. Сме биле многу бетер, сме биле и многу појаки. Најважно е што ќе бидеме пак шампиони.