Ќе се задржам само на делот што си ми реплицирал, не сакам да се раслинувам на повеќе постови.
Да, имаш право, нивните мажи се богати, али битно ја сфати поентата
Ај сега првиот болд: Самиот го потврдуваш тоа дека се има можност да се избере. значи на самата единка е дали ќе го избере овој или оној пат. Не му е ништо забрането или наредено. Тука и лежи цаката која ти се провлекува низ целиот пост. Никаде не спомнав рамноправност претходно, само се обидов да го потенцирам делот “избере“, или “опција“.
Едно е рамноправност, друго е избор. Иако рака на срце, тие две работи во овој случај се испреплетуваат, но сепак се работи за две посебни работи.
За Ердоган, да, тој е курва, ко секој политичар, и сака да се додворува (нема да искористам повулгарен збор) на некого. Но поентата е во тоа што Турција иако е начелно муслиманска држава, сепак е многу далеку од оној ислам кој е актуелен деновиве. Турците беа (повеќето) пред Ердоган, за слобода и се што го имаа. Ама Ердоган, со својата добра пропаганда успеа да го испере мозокот на добар дел од населението. Згора на тоа успеа и да ја уништи нивната секуарност. За жал. Но тоа што тој сака да ја врати Турција 1400 назад во времето не смее да биде прифатено со ќутење. Прво самите Турци се бунат, потоа и секој цивилизиран човек треба да го исвирка тој чин.
Ќе дадам само мала паралела со Хитлер, кој исто така успеал да испере милиони мозоци со добра пропаганда. А Исламот во моментов е во нивниот среден (темен) век. Но тоа што Христијаните немале помош, не значи дека муслиманите не треба да ја поминат истата работа сами, посматрани од страна, кога веќе се знае дека тоа нема да донесе ништо добро. ДА, ќе ќажеш, со сила не можеш да им помогнеш, ама затоа пак со добра контр-пропаганда ќе се постигне истото.