Ѕвезда на тапет (Вес Андерсон)

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Станлеј Кјубрик


Станлеј Кјубрик е познат Американски филмски режисер. Кјубрик е роден на 26ти јули 1928 година во Бронск, Њу Јорк а починат е на 7ми март 1999 во текот на својата 70та година од животот. Филмовите на Станлеј и ден - денеска важат за едни од подобрите филмови некогаш издадени, а тој самиот е во листата најдобри режисери на сите времиња.

Со работа почнал во 1951 година издавајќи краток документарец, а првиот долгометражен филм го издава во 1953 (Fear and Desire) кој трае 62 минути. Еден од неговите најпознати филмови и еден од најдобрите сци-фи филмови на сите времиња е Одисејата (2001: A Space Odyssey) издаден во 1968, за кој што Кјубрик зеде и оскар истата година. Истотака дело на Кјубрик е и филмот кој се смета за еден од најдобрите хорори The Shining издаден во 1980. Последниот филм на Кјубрик е „Очи широко затворени„ (Eyes wide shut) издаден во 1999 година, тој филм премиерата ја имал по смрта на Станлеј (16 јули).

Сите филмови на Станлеј си имаат свои, посебни елементи за кои што заслужуваат да бидат сметани како едни од најдобрите филмови на сите времиња, а самиот Станлеј да биде ставан во листата на најдобрите режисери.

Мислам, досега не бил, поправете ме ако грешам и мислам нема што повеќе да пишувам, доволно е ова, сите го знаеме Кјубрик и неговите филмови ваљда.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.403
Поени од реакции
25.267
Ми текна да ја активираме темава со нова ѕвезда на тапет.
Вес Андерсон


Најново популарен по The Grand Budapest Hotel.

Мене не ми е нешто по ќејф, го имам доживеано како многу монотон... but that's just like, my opinion man. Може да го слушнеме вашето мислење. :rolleyes:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.741
Too artsy for me.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.940
Поени од реакции
4.438
Кога сме кај Андерсон, ме интересира, дали тој во своите филмови имаше во сите свои кадри симетрија? Или сум го помешал со некој друг...?
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.403
Поени од реакции
25.267
Кога сме кај Андерсон, ме интересира, дали тој во своите филмови имаше во сите свои кадри симетрија? Или сум го помешал со некој друг...?
 

AniMagus

ペルソナ
Член од
20 октомври 2012
Мислења
1.161
Поени од реакции
4.293
Пинг @dragonsky

Малку филмови му имам изгледано и сите тие си имаат висока оценка од мене.
Хотелот, Fantastic Mr. Fox, The Royal Tenenbaums и Moonrise Kingdom.
Од она што имам гледано, ми се допаѓа неговиот quirky стил, хуморот, начинот на кој ги прикажува приказните - небаре читам книга и филмовите го добиваат во целост моето внимание.
Музиката која ја користи во филмовите ми е исто на ниво. Интересно ми е што како Бартон, вообичаено соработува со истата филмска екипа: браќата Wilson, Bill Murray, Norton...

Планирам во блиска иднина да му ги догледам останатите филмови. :)
 
G

grande-juve

Гостин
Најпросто кажано, feel-good. Освен Г-динот Лисица, сите негови филмови ми се супер забавни и релаксирачки, и затоа од мене има голем (y)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
^^ Фала за пингот :D

Вес е кул.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom