Три, три поста за еден од најдобрите уметници во светот, значи режисер е мал збор за човеков, само три поста... Мислев дека кајгана филм кру има поистенчен вкус
.
Не знам од каде да почнам да пишувам за Вуди. Можеби од едно попладне кога бев прва година средно и на телевизија го даваа
A Midsummer Night's Sex Comedy. До тогаш за мене Вуди беше само "она слабо човече со наочари", кое одвреме навреме го среќавав по телевизиите. Со тој филм почна мојата дружба со Вуди и не престанува до денес. Love & Death сум го гледал десеттина пати, Annie Hall приближно, сум ги изгледал барем по еднаш сите негови филмови (освен Blue Jasmine). Вуди Ален е институција. Ако вас ве потсеќа на хипстерајот и тоа ви претставува пречка и ви ги ограничува погледите кон уметноста (во поголем број случаеви semi-professional филмоманите ги споредуваат режисерите со нивната публика), тогаш Вуди не е за вас. Можеби ни филмот како уметност не е за вас. Баталете. Ако сте го гледале Вуди и не ви се допаѓа од други причини, во ред. Се случува.
За Вуди Ален филмовите се единствен начин на емоционалното празнење, она кога ќе го завршиш филмот и не ти е гајле дали ќе биде успешен на бокс офисот или не, дали ќе добие добри или лоши критики, приказната со него и филмот завршува кога истиот ќе биде завршен, краткиот момент на олеснување, земање здив и почнување одново. Вуди во просек снима по еден филм годишно, што значи нон-стоп е зафатен со работа. Завршува еден филм и почнува друг последните 40 години.
Ликовите во светот на Ален се комплексни, бараат, даваат, никогаш не се пасивни, никогаш не се уморуваат. Вуди користи една формула која се гледа во некои од неговите филмови како Husbands and Wives, Crimes and Misdemeanors, Melinda and Melinda, Hannah and Her Sisters, па можеби и Annie Hall, каде главните ликови
на почетокот се наоѓаат на крајните спротивставени страни од графикон.
Едниот лик на почетокот се наоѓа во горниот десен дел, не бара ништо, пасивен е, задоволен од ситуацијата, сепак низ филмот го гледаме како стигнува до најдолната точка лево. За другиот лик, пак, ситуацијата е обратна, кога во почетокот го гледаме на најдолното ниво низ дејствието се искачува нагоре на сметка на првиот лик. Во Husbands and Wives парот комшии на Вуди и Дајан зборува за развод и како тоа е најдоброто решение, споредувајќи го бракот кој го имаат со тој на Вуди, кога на крајот сепак успешно го зачувуваат нивниот брак, а идеалната врска на овие двајца се распаѓа на сметка на прашањата кои ги отвори бракот пред развод.
Првата Мелинда во Melinda and Melinda завршува каде што почнува втората Мелинда. Ова е тоа што го сакам кај Вуди, најголемо значење им дава на односите на луѓето и колку среќата на едниот се базира врз несреќата на другиот, и обратно. За еден да биде среќен, треба другиот да биде повреден.
Ова ми е една од поомилените сцени во Crimes and Misdemeanors, за кој мислам дека е најсимболичниот филм на Вуди поради атмосферата која ја има. Вуди бил под големо влијание на Бергман кога го правел филмов.
I’m twelve years old. I run into a synagogue. I ask the rabbi the meaning of life. He tells me the meaning of life but he tells it to me in Hebrew. I don’t understand Hebrew. Then he wants to charge me $600 for Hebrew lessons.
и
Millions of books written on every conceivable subject by all these great minds and in the end, none of them knows anything more about the big questions of life than I do … I read Socrates. This guy knocked off little Greek boys. What the Hell’s he got to teach me? And Nietzsche, with his theory of eternal recurrence. He said that the life we lived we’re gonna live over again the exact same way for eternity. Great. That means I’ll have to sit through the Ice Capades again. It’s not worth it. And Freud, another great pessimist. I was in analysis for years and nothing happened. My poor analyst got so frustrated, the guy finally put in a salad bar. Maybe the poets are right. Maybe love is the only answer.
Мислам дека во темата Предлог за филм пишав пред некоја година рецензија за Love & Death, за мене омилениот филм на Вуди кој веќе го знам на памет. До него, објективно најдобриот стои Annie Hall кој не верувам некој досега да не го гледал, сепак станува збор за најпознатиот филм на Вуди.
Sex is only dirty if it’s done right.
Посебно драг ми е Play it again, Sam и
сценаваTake the money and run е една од најдобрите комедии некогаш. Има една сцена кога ликот на Вуди
ограбува банка, и целата сцена е таква природна и спонтана првиот пат кога ја гледав ми течеа солзи од смеење.
Midnight in Paris е одличен филм кој потсеќа на еден постар филм на Вуди The Purple Rose of Cairo кој е посебно heart-warming филм.
Manhattan не е филм туку е поезија.
Дајан Китон ми е поубава од Миа Фароу.
Zelig е убав и мрднат филм.
Од она што искрено можам да кажам дека баш и не ми се допадна се филмовите September и Bananas. Во September се свири една тажна нота цело време и нема напредок во дејствието туку се завршува како што започнало, а Bananas можеби затоа што го гледав во некое (не)расположение несоодветно за филмот.
My one regret in life is that I am not someone else.
За крај ги оставам поновите филмови на Вуди Ален, кои сите до еден ми се свиѓаат. Најмногу од нив секако Whatever Works, значи на еден филм кога работат едни од најдобрите комичари (Вуди и Лари Дејвид) тогаш нештото мора да е задоволувачко. Лари Дејвид глуми ист екцентричен лик од тие на Вуди.
Match Point е еден од подобрите филмови последниве години и ги содржи истите Достоевски симболи како Crimes and Misdemeanors (во полабава варијанта со референци тука спаѓа и Love & Death).
Има уште премногу да се пишува за Вуди, зад себе остава неисцрплив материјал на теми од љубов, секс и се останато.
Ако не се слагате со постов кликнете го спојлерот
Бонус
Тоа е од мене.