Ердоган: Жените и мажите не може да бидат еднакви

  • Креатор на темата Креатор на темата König
  • Време на започнување Време на започнување

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Возраст
38
Тврдокорниот исламист и доскорашен премиер, а од скоро претседател на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, во завчерашна изјава рече дека жените не се еднакви на мажите и дека исламот има јасна позиција за жената: мајчинство.

Ердоган, лидерот на Партијата на правдата и развојот, изјави дека „поради различната природа на мажите и жените, нив не можете да ги поставите на исто рамниште. Карактеристиките, навиките и градбата е различна. Не може да се стави мајка која дои на исто ниво со маж. Не може на жена да ѝ речете да оди да копа, тоа е против нејзината деликатна природа.“

Ердоган ги повика турските жени да имаат три, а по можност пет деца.

Заменик-премиерот Булент Арн'ч, во јуни годинава изјави дека жените не треба да се смеат во јавност, што наиде на кампања на социјалните мрежи во која Турчинки поставуваа свои фотографии и видеа на кои се смеат.

Минатата година извештајот на Светскиот економски форум за полова нееднаквост ја рангираше Турција на 120 место од 136 држави. Во Турција медиумите се преплавени со страшни убиства врз жени, обично извршени од членови на семејствата, сопрузи, љубовници, свршеници.

http://www.voanews.com/content/turkey-erdogan-women-not-equal-to-men/2532296.html
http://www.huffingtonpost.com/2014/...erdogan-women_n_6211158.html?utm_hp_ref=world

Наследникот на Ататурк при посета на сириски бегалски камп
n_38016_1.jpg

Ердоган и Асад со сопругите
mas_assad.jpg

Баат партијата во Сирија: „Мажите и жените се еднакви“
Ердоган, претседател на НАТО-членка и ЕУ-кандидат: „Жените не се еднакви со мажите“
 
Ќе се најде ли некој паметен да го отепа или барем да го тргне од власт малоумниот, Асад и Гадафи се/беа цивилизирани и напредни лидери за овој отоманот заглавен у 15 век.
 
Ќе се најде ли некој паметен да го отепа или барем да го тргне од власт малоумниот, Асад и Гадафи се/беа цивилизирани и напредни лидери за овој отоманот заглавен у 15 век.
Војската во Турција беше единствена којашто можеше да го смени него, али овој испадна попаметен од нив и предвреме смени многу познати и стари генерали но и сите коишто беа некоја закана за него и стави негови луѓе така да сега малце потешко.
 
Со сигурност можам да тврдам дека Исламот нема конкретен став за жената во споредба со мажот. Овој блада нешто. И се надевам овие што читаат прават разлика мешу Куран, интепретација на стихови од Куранот, Ислам, и пагански културни норми навлезени во "модерниот" Ислам. Прашање е на што точно се повикува дебилов со тврдењево.
 
А што кажува он толку лошо ?
 
На едно книгиче шкорпи, напишано од шизофреник.
 
На интересите на Турција.
Клучниот дел е кај што веќе неколку години урла за турчинките да раѓаат по 3 деца минумум,а 5 по можност.
Ако ја најдам пак ќе ја ставам една карта со фертилтиетите по регионите во Турција.
Етничките Турци освен во некои од мешаните региони и во некои порурални средини не се ништо помалку декадентни од западњаците.
Курдите од другата страна се котат како зајци и се во голем демографски налет. Ништо чудно најголемиот дел од растот на Турција да е на сметка на Курдите.
 
Последно уредено:

Еве ја картата,па сега вие видете во кој дел од Турција имаме поголеми цифри.
Башка ова исто така има и друго значење. Ердоган никогаш нема да падне од власт.Секуларните Турци имаат многу малку деца,а конзервативните муслимани сеуште се витални. Турција никогаш нема да биде полиберална од тоа што е сега. Поради овие демографски трендови можно е големо свртување на Турција кон Исламот. Ердоган веќе води происламска политика и форсира исламски идентитет (по пример на Отоманците каде што не е битно што си, битно да си муслиман лојален на султанот),а не Турски национализам кој што е оставштина на Ататурк.
7435616K.png
 
Напротив, многу се постоечки. Тоа што нам не ни се во корист е друга работа.

Шовинизам на никој не му е потребен. Интересите ако ги имало, постоеја и пред Ердоган да биде на власт, а на Турција не и беше ништо. Напротив ..
 
Шовинизам на никој не му е потребен. Интересите ако ги имало, постоеја и пред Ердоган да биде на власт, а на Турција не и беше ништо. Напротив ..
Турција од Ататурк натаму е едно големо ништо како држава. Не дека сега со Ердоган некој ги консултира за било што, ама напредокот и зголемувањето на влијанието (особено економското) е очигледен. Пред Ердоган долго време Турција немала влада што ги брани турските интереси, туку западни сателити на власт. Овој, за жал, е поразличен.
 
Зошто за жал ?
Сателитите биле поарни ?
Или , топло ти иде оти и тие биле контролирани од чичко сем , како и ние денес ? А овој се дрзнал на поинаква интерпретација , па не е нормален?
Секој човек , па во таа смисла и државник кој се грижи за својата земја , е нормален ! Фактот што ова се коси со филозофијата на подржувачите на глобализацијата не значи дека е погубен за светот .
Мораме да имаме почит кон локалната култура и критериуми , галиба они подобро си го знаат дереџето !
 
За жал, затоа што нам не ни одговара силна Турција. Боље чичко Сем, отколку султан Ердоган.

Не реков дека Ердоган е ненормален, туку дека нам на Балканот природно не ни одговара силна Турција.

Чичко Сем бара да си го смениме идентитетот, а Турчинот не бара ништо.. Ете затоа нашата влада има најдобри односи со Турција. И стварно не ти ја разбирам логиката.. :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom