N
Nessa Alcarin
Гостин
Не знам за другите, но мене ми е срам да нарачам едно кафе и да седам 2 часа во кафич. Најчесто станувам кога ќе го испијам кафето некаде 30-45 мин., а доколку се развил муабет тогаш нарачувам уште. Не сум некоја што се расфрла со пари, зошто реално ги немам во изобилие, па затоа ако немам пари, не излегувам низ кафичи. Не ми пречат луѓето кои седат по 2-3 саати со едно кафе пред нив, т.е. не кафе, туку празен филџан, само не ми е јасно како не ги фаќа срам да го користат просторот а воедно да не си платат за услугата.