Не разбирам баш добро со што всушност не се согласуваш.
Не тврдев дека болестите и оштетувањата на мозокот и сетилата не доведуваат до промена на однесувањето. Само сметам дека пологично е (не тврдам) да се претпостави дека душата одлучува не врз основа на некакви акумулирани знаења во неа самата туку врз основа на нејзините Склоности (тоа според мене би била суштината на душата) и информациите што ги добива од мозокот и сетилата. Ако, на пример, јас имам склоност да мразам некаква особина и ако сетилата ме лажат дека некој ја има таа особина јас ќе го мразам иако тој ја нема таа особина. А сетилата лажат или ако се повредени или ако не се сосема адекватни на ситуацијата или квалитетни.
А на прашањето зошто е потребна душата во тој концепт одговорот е мислам очигледен - кој одлучува ако нема кој да одлучува?
Не си ме разбрал. Јас ти кажувам за болести кои одлучуваат што „душата“ ќе мрази/сака, што душата ќе размислува/верува и што душата ќе одлучува, а не за тоа што ќе перцепира и мисперцепира. Све што ти кажуваш дека се карактеристики на душата, можат да бидат опишани преку центри на мозокот.
Ако ти лоботомирам одредени делови од префронталниот кортекс, ти нема да разликуваш правилно од неправилно, впрочем имаме илјадници психијатриски случаи кои се евидентирани и кои не носат одговорност над своите одлуки не пошто примаат погрешни перцепции што би биле еквивалент на илузија, утврдено е дека они ги примаат и толкуваат дразбите како и секој друг, но тоа што го одлучуваат е несоодветно поради одредени мозочни дисфункционалности.
Ако твојата „душа“ сака нешто и ти чувствуваш љубов и ако ти ја оштетам амигдалата, инсулата и други центри од мозокот ти нема да можеш да чувствуваш љубов.
Тоа што ти го нарекуваш „некој“ кој одлучува може да бидат центри од мозокот, зошто мислиш дека тенденцијата да размислуваш, одлучуваш и да си свесен мора да биде објасната во форма на некој метафизички концепт и нематеријален ентитет како „душа“? Тенденцијата за акција, когниција и носење на одлуки и верувања може комплетно да се објасни како манифестација на илјадници биохемиски реакции.
Ти интуитивно осеќаш дека си ентитет кој вози некое возило, кога ти самиот си мозокот.
Ако те лоботомира некој, нема да има ти. Ако умреш, нема да има евиденција дека постоиш. Ти може тоа да го објаснуваш со ад хокови у стилот на тоа дека душата се отселила или дека кога некој е лоботомиран, неговата душа нема пристап до материјалниот свет, али се додека не можеш да го евидентираш тоа тврдење и да го докажеш постоењето на душа со тоа што ќе најдеш доволно показатели што ќе ти ја потврдат хипотезата, постоењето на душата како феномен е ирелевантно и непотребно за да се објаснат нашите мисли, акции и другите фактори кои не дефинираат како самосвесни битија.
Комплексноста на нашта генетика да не направи сложени биокомпјутери кои работат на база на сложени алгоритми е посоодветно објаснување отколку концептот за душа.
Дури и да има друго објаснување кое сега за сега еве од Х причини не е пронајдено, зошто мислиш дека тоа ќе биде токму дуалистичкиот концепт душа/тело? Може да биде некој хексален систем кој вклучува 6 феномена или 10 различни феномена.
И ако веќе сакаш да го редуцираш феноменот живот на душа, дали ДНК-та содржи душа во нејзе? Зошто постои сè поголема евиденција за создавање на ДНК по вештачки пат, ДНК која ги покажува двете основни карактеристики кои го дефинираат животот, а тоа е конвертирање на енергија и репродуцирање? Дали тој живот е создаден по вештачки пат и последователно заклучокот е дека „душа“ можеш да создадеш по вештачки пат?
Али првенствено мора да ми објасниш, кои се манифестациите кои ја дефинираат душата како постоечки феномен.
Дали тоа е свесноста, животот сам по себе или нешто сасим трето?