Кога за некоја ситуација велиме дека "Никогаш не сум се смеел толку", воглавно мислиме дека паднало добро смеење, ама за ова што го проследив вечерва нема друг израз кој буквално ќе ја опише ситуацијата.
Рикав од смеење на десетина наврати, доста често гушејќи се, па и самиот не знам како преживеав. Умрел ли некој во светот од смеење воопшто?
Сите се жалеа од болки на различни делови од телото, а мене како последица од смеењето, стандардно ме боли цела глава, а овојпат
МИ ТРНЕШЕ НОСОТ.
Колку солзи испуштив...
Вакво нешто не може да се објасни со зборови, мора да се види со свои очи.
Одамна се спремавме да гледаме еден филм и конечно после долгото играње манчкин и ждерењето од ројал (п.с. хет-трик имам од победи со пресврти во манчкин

) се решивме да видиме дали коментарите за филмот се вистинити .
ШОК ЕНД ТЕРОР, во буквална смисла на зборот
Ако треба да постои пример за лошо снимен филм, тоа дефинитивно беше филмот кој го гледавме.
Има лоши филмови, кои од што се лоши стануваат екстремно досадни, но ова е еден од оние ретардирани филмови кои не се замислени како комедии, но те тераат душата да ја испуштиш дури ги гледаш.
Да ми дадат пари да снимам нешто полошо, да сакам да снимам нешто полошо, пак филмов ќе ми го земе престолот. На што дроги бил тој кој го режирал филмот?
Филмот бил режиран без студиска поддршка, со буџет помал од 10000 долари. СЕРИОЗНО НЕКОЈ ДАЛ 10000 ЗА ФИЛМОВ? Па уште филмот имал и промоција?
Дали се свесни актерите дека никогаш во животот нема да добијат друга улога после филмов?
Дали се свесни децата во филмов кој ремет ќе го јадат кога ќе пораснат?
Филмот почнува со тип кој вози со факинг 20 на саат. Пет минути вози додека почне некое основно дејствие во филмот. Како се менува камерата при снимањето, така се сецка шумот во позадина и звукот е различен од различна камера

За првото превртување од столови, доволно беше изненадно Hi од една типка која буквално со никаква улога немаше во филмот.
Главниот лик и се стави на една типка која патем седела два реда пред него во средно. Најпрвин му вика дека не се сеќава на него, а во следната сцена прават муабет како најдобри пријатели. Она му вика дека работи како моделка, он и враќа дека го работи истото, а веќе во следната сцена и вика дека склучил милионски договор од сосема друга област. Она му честита, а никогаш не се присетува на моментот кога ја излажа дека и он е модел.
Типот склучува билионски модел, а кога дома му доаѓаат да му стават соларни панели, се ценка да му ја симнат цената од 20000 долари, а потоа прифаќа панели од 19000 долари.
Искачањата со типката му се толку рандом, што акцентот секогаш е удрен на патувањето со колата, каде што буквално како да си го гледаш возењето на ГТА во трето лице во некоја ултра слоу моушн верзија.
Во секое искачање, битен е ентериерот во кафичот, а никогаш разговорот меѓу парот.
Дознаваат дека неговата девојка и девојката на неговиот најдобар другар, истотака се најдобри пријателки, а неговата реакција е само Hey, small world

Глумата на типот е тежок очај, како и глумата на сите останати, освен на неговата девојка

Плус добра е типката, ако нешто вреди во филмот, тоа дефинитивно е она


При искачање на двата пара, се што дадоа беше средбата на паркинг и испраќањето

Главниве ликови одат во Ирски паб, а таму Црнец пее некои љубовни песни пред празниот паб во кои двајцава главни ликови денсаат.
Околу 45 минути, апсолутно ништо не се случува поврзано со ТЕМАТА НА ФИЛМОТ, и насловот на филмот.
Новиот пар одат кај мајката на типката на гости. Кога ја даваат нејзе во кадар, како да прават интервју со некоја старица од реклама на вендоксин капе.
Типот ја праша како и одело после одењето во пензија, при што во секој момент очекував да каже, "активна сам на пензионерским забавама, излетима, путовањима...".
После 45 минути (филмот трае саат и пол), едно 2-3 минути покажуваат различни снимки од природата или некои градови како да гледаш снимки на google earth. Одеднаш се појавуваат некакви гифови од птици, кои како да лебдат во место и започнува шокот и теророт со "магични" експлозии.
Експлозиите не може да се опишат, тоа мора да се види. Такви експлозии имаше во нашите приказни од СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ. Кога ќе исчезне некој ѓавол, такво оганче се пали кое треба да е експлозија. Гори бенинска пумпа, но нема масовна експлозија, само мали анимирани оганчиња.
Птиците напаѓаат БЕЗ БУКВАЛНО НИКАКВА ПРИЧИНА иако понатаму во филмот еден тип што живее во шума им вика дека птиците напаѓале поради ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ, и напаѓале само по градовите, додека шумите биле безбедни. И покрај овој факт, ликовиве во филмот бегаат по градот.
Додека си во кола не ти можат ништо. Птиците воопшто и не напаѓаат. Само лебдат како на играна од нинтендо.
Исто кога ги убиваш, ги покажуваат по една како лебди и одеднаш паѓа како на играна на нинтендо и во секој момент очекуваш дека ќе дојде кучето од играта и ќе ти ја донесе птицата.
Првата битка со птиците дефинитивно е моментот од мојот живот во кој сум се смеел највеќе.
Главните херои во филмов се тепаа со ЗАКАЧАЛКИ против лебдечките птици!
Одеднаш од колата извадија автомати со практично бесконечна муниција.
Колку нелогичности имаше...
По пат наоѓаат две деца кои буквално кур ги боли што цели нивни фамилии се мртви и во колата си седат и си играат игри. На типката не и е гајле за мајка и која претходно ја покажаа во филмот. Собираат некои тип и типка што патем им се роднини кои претходно никогаш не беа претставени во филмот. Влегуваат во напуштена продавница во која девојчето што го најдоа прашува дали да земе две лижавчиња иако во продавницата нема продавач.
Прозорот од колата им е вечно отворен, но никогаш птиците не ги напаѓаат низ него. Птиците не се знае како убиваат, додека умрените секогаш имаат три лузни, на раката, на лицето или вратот и очите.
Додека наводно се случува шок и терор, ликовиве си седат на пикник. При крај на пикникот девојката на типот што го собраа умира при СЕРЕЊЕ во една ливада

По пат налетуваат на еден автобус, во кој тројца луѓе викаат за помош. Типциве гаѓаат со автомати и ги убиваат сите птици, додека успеваат да не погодат ниеден прозор од автобусот, а птиците летаат до самите прозори



Типот на кој женската му ја убија на серење, ги спасува патниците, но одеднаш птициве им даваат масовно срање врз фаца и сите умираат.
Главниот лик со женската и двете деца кои ги најдоа, бегаат по пат, но ги запира еден тип и им ја бара кантата со бензин. Со уцена им ја зима кантата, но не оди во правец на својата кола, туку во сосема друга насока за тука да се случи најаката сцена.
Една птица прелетува на екранот и му го прска гркланот.
Иако немаат доволно бензин, главниов лик го остава галончето со бензин.
Има уште 10 минути од крајот на филмот, а ликовиве не се ни приближно блиску до уништување на птиците отколку саат време претходно.
Им снемува бензин, во немоќ се, али типот отвара багажник е како ЕЈЈЈЈ ИМАМ ТРСКА ВО БАГАЖНИК, ќе одам да ловам риби, а вие собирајте алги



На десет минути до крај, при најголемиот шок енд терор типот лови риба.
Низ целата таа аматерска снимка, каде што од едно поточе искочија буквално на океан, типот улови голема риба, која децата не сакаа да ја јадат бидејќи сакале HAPPY MEAL

Одеднаш им се случува напад од птиците, бегаат во колата и кога конечно после саат и пол остануваат без муниција, птициве си одат, небото се расчистува, а главните ликови се среќни но во исто време зачудени, зошто си отишле птиците...
Па мора нешто да се остави и за вториот дел...
Wait a minute, филмот има втор дел? Како???
Од филмот видовме и една јака реплика од другарот на главниот лик:
Day without sex is day of wasting, реплика при која со рацете симулира дупење се тоа проследено со никакви чувства при глумењет, со огромна рамнодушност
