Кабалата ја интерпретира тората како симболика, не како историски - хронолошки настани што се случувале. Ти може да веруваш дека Адам е првиот човек, дека е создаден од кал, дека Ева е содадена од неговото ребро..итн, итн, но тоа е глупост, не е вистина. Сето тоа е алегориска прикаска, чија цел е да ја објасни природата на духовниот свет. Адам во кабалата е синоним за колективната свест на битијата што се здобиле со разум и со способност да разликуваат "добро" и "зло", или со други зборови, се здобиле со способност да најдат смисла во постоењето на нештата.
Неможе да ја разбереш кабалата ако законот (тората) ја толкуваш буквално, ако не ми веруваш мене, прашај било кој кабалист, ќе видиш дека ќе ти го потврди ова што ти го кажав.[DOUBLEPOST=1416605093][/DOUBLEPOST]
Точно е.[DOUBLEPOST=1416605302][/DOUBLEPOST]
Кабалата има врска со Јудеизам, доколку Јудеизмот не го толкуваш буквално. Дури и со христијанството има врска, пак под услов да не ги интерпретираш текстовите буквално.