Него што!? Се се базира врз одредени легенди. А колку од легендите се вистинити? Или тие секогаш ги овеликуваат главните ликови односно Мојсеј и Исус, во овој случај. Тоа беше прво и второ, во Библијата има доста мудрости, но нема филозофии. Дали тие личности биле доволно мудри, паметни и начитани за да пишувааат филозофии?
Дали твојот пример може да се однесува лично на самиот човек? Може. Сите ние сме си богови самите на себе. Правиме што сакаме, можеме да дадеме, можеме да одземеме (нечив) живот, исто што може и Бог според вашите длабоко-духовни мудрости. Ние можеме многу нешта, а едно од тие е и да измислуваме приказни и да ги величиме хероите, како и нормално, да измислувааме разно разни религии и да се групираме во религиски групации. Сето тоа свесно го можеме.
И ајде логички да ја откриеме вистината. Ако целиот свет е напраавен по пат на инцес, тогаш колкав е процентот на лица што се родиле како инвалиди? Науката јасно ни ставила до знаење, дека лицата треба да избегнуваат размножувањето до второ колено (што исто така според последните информации, во крвавиот шеријат тоа правило не важи). И која е вистината? Дека Аврам=Бог!? Ок, нека биде и тоа. Во Христијанството тоа воопшто не е чудно, еден човек да биде претставен како Божји син што значи дека некоја Марија имала однос со Бог (нешто како и Маја, ако не се лажам...!?) филозофија невидена. И потоа ко гром од верно небо...свето тројство и ги разбива сите тие “невистини“.....
Како што не верувам во “вистинитоста“ во самата Библија, така не верувм дека и оваа кабала има некоја своја специфична форма на дешифрирање на тајните пораки во Мојсеевите книги. Сето тоа се приказни за мали деца, а децата нели, сакаат митови и легенди.