Хорор филмови

Ќе знае ли некој да ми каже како се вика филмот во кој глуми Џек Николсон? Дејствието се одвива во една мртовечница кадешто работи еден студент приправник. Николсон е сериски убиец кој им ги вади очите на жртвите и мислам дека воедно беше и директор на мртовечницата. Не знам дали спаѓа во хорор жанрот, бидејќи го имам гледано многу одамна, но во целиот филм се чувствува максимална напнатост.
 
The Babadook - препорака има од мене. Некои моменти потсеќаат на други филмови, ама си има и своја оргиналност, има атмосфера, глума јака, музика... 7,5/10
Баш сега сакав да прашам за филмов зашто видов торент на замунда и критиките на имдб беа солидни, башка не е америчка продукција што е уште еден плус за мене, нејсе, за д кабин ин д вудс, филмот всушност го симболизира начинот на кој функционира цела филмска индустрија денес, да, лош е ко хорор филм зашто имаш сосем различни очекувања од она што всушност филмот го нуди и претставува. И трејлерот кога го гледаш добиваш тотално погрешен впечаток и затоа и многумина се разочарани, али мене идејата за тоа како се интерпретира функционирањето на филмската индустрија со години и те како ми се допадна, па и уникатно е кога ќе видиш, башка што има голема вистина во '' муабетот ''.
 
Вчера (за Халовин :icon_mrgr: ) седнав да го гледам Dawn Of The Dead од 1978, и можам да кажам дека филмот позитивно ме изненади. Нема ништо подобро од тоа да изгледаш стар хорор каде што тогаш пред 30 и кусур години, целосно се посветувале на приказната на филмот, емоциите на ликовите, а не на jump scare моменти како во денешниве срања од хорори. Инаку го имав гледано само римејкот на филмот од 2004 кој сеуште се дава на Сител 3... и тој беше добар, ама неможе да се рамни со оргиналов. Иако зомбињата не се на исто рамниште како новиов, сепак радо би го гледал уште неколку пати Dawn of the dead од 1978, одколку тој од 2004.
"When there's no more room in hell, the dead will walk the earth" :cuc:
Препорака од мене за тие што го немаат гледано филмот, одма да го симнат (y). Сега единствена дилема ми е дали да ги гледам и другите дела на Џорџ Ромеро поврзани за зомби-филмовиве.


После гледањето на филмот, ми се јави огромна желба да свртам некоја од Resident Evil игриве.... чисто онака да утепам неколку зомбиња :LOL:
Гледај ги, добри се :D
 
Еднаш се решив да гледам хорор и The Cabin in the Woods беше на репертоар вечерва, јас мислам дека немам гледано поглуп филм во животов. Поглуп е дури и од Drag me to hell. Не знам зошто има толку голем рејтинг, а во темава немам време да видам дали сте го зборувале. Филмов е катастрофа невидена. На крај џоинт запали типката бе :tapp: Се изнамачив дур го изгледав, ама реков ќе издржам машки до крај. Ужас.

Филмов е ДНООООООООООО катастрофа.
 
Уште едно ДНО, 7500 е божем некаков хорор со никаква прикаска, а уште полоша реализација
Џабе изгубени 1:20ч(n)
 
Ме фати новогодишна треска среде Ноември... препорачајте некој Хорор кадешто дејството се одвива во зима, само да не се

-The Thing
-The Shining
-Black Christmas
-Gremlins
-The Children
-Билокој филм каде што негативниот лик е Дедо Мраз
 
Го фатив хороров на тв од почеток. Не знаев ништо, ама уопште ништо за него, не знаев дури ни која година е издаден откако утрово отворив имдб за да го оценам. Прилично добар хорор- трилер со интересна и луда приказна. Одлични сцени, без многу крв. Препорачувам на сите љубители на хорор-трилери.
 
Како беше името на еден филм со Дерил Хана, содржината слична на Мизери, она ќе биде затворена во една куќа и измачувана од една болна жена.
 
Некои подобри филмови во 2014 освен Deliver us from evil?
 
The Taking of Deborah Logan (y)

ме потсети на Блер Вич

на крај девојчето кога гледа кон камерата и се смешка :cuc:
 
The Babadook го изгледав пред некој ден, незнам некако слабо, не ми беше нешто ептен интересен, дури на моменти досаден. Глумата беше ок, ама приказната не беше нешто нај нај.
 
The Babadook го изгледав пред некој ден, незнам некако слабо, не ми беше нешто ептен интересен, дури на моменти досаден. Глумата беше ок, ама приказната не беше нешто нај нај.

Бабадок е еден од полошите хорори годинава, се имам чуство дека филмот сакале да го направат како јапонскине хорори... додека гледаш да ти удира во психа приказната и атмосверата. Крајниот резултат е катастрофален, во филмот преовадлуваше:
- Дете кое ти одеше на нерви цели 90 минути
- Мајка која глумеше лудило во поголемиот дел од филмот
- И чудовиште кое нит знаеме како изгледа, нит сакавме да знаеме каков изрод е. Цело време слушавме само едно БА БА ДУК ДУК ДУК

Се на се, залудно потрошени 90 минути, филмот толку беше очаен што ни за момент не ме исплаши. Нека не ве лажи оценката на ИМДБ, "хороров" е тотална нула(n)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom