Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Добро ти е размислувањето, ама ако на пола предмети не ти се погоди среќата со учењето (а на другите им се погоди со прашањата) или обратно, тогаш на другата половина предмети може да биде обратно. Исто и со екстерните, може пола екстерни ќе ти се погодат тебе со учење (на другите не иако учеле), другата половина обратно. И тоа и тоа се тестови. Нема потреба дополнително оптоварување со тестови, иако сфаќам на што мислиш.
Се` може да се исплати еден ден. И знаењето (или начинот на поврзување) што си го добил од некои предмети што си сметал дека се битни да ги учиш од книга (а не од прашања), и слободното време потрошено со другари наместо на предмети кои си ги сметал за недоволно битни и си ги учел од прашања.
Кога ќе поразмислам... што ќе ни е екстерно кога самите работодавци си прават екстерно пред да примат некого.
Кога стана јасно какви кадри произведуваат приватните фактултети прво што се случи беше во самите огласи за вработување се наведуваше дека не се примаат кандидати од ФОН, Европски итн... Кога тоа им беше забрането на работодавците преминаа на план Б, а тоа беше организирања на тестирања.

Сосема нормална работа е одредени универзитети да произведуваат поквалитетни кадри од други. Затоа има top tier и shit tier универзитети. Затоа америкаците оставаат цело богатство за Ivy league диплома. Зашто, тие глупи се? Да беше сегде исто зошто некој би отишол на Харвард кога може во Мисисипи Стејт да си оди и да помине со 1/100 од вкупните трошоци.

Се на се, не ја бива идејава....
 
Јaнкo им викa "шпекулирaте декa aкo пaднете нa испитите немa дa мoжете дa прoдoлжите сo студиите" и oвие ќутaт местo дa кaжaт "не шпекулирaм туку ги пренесувaм збoрoвите нa министерoт и премиерoт"...
Местo дa збoрaт зa aвтoнoмијa нa универзитети, нефункциoнaлен мехaнизaм и aргументите штo целo време се збoрaт a штo држaт вoдa oвие кaј јaнкo прaзни муaбети збoрaт...
Пa не се јaвувaјте дa ни прaвите штетa нa нaс штo рaзмислувaме...

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
.

Поради таканаречениот "социјален капитал".Кого ќе запознае,кој круг на пријатели ќе го стекне на Мисисипи Стејт,кој на Харвард?Тој процес на запад не почнува со факултетот,туку многу порано.
Инаку,тоа што ќе го научиш на Харвард,можеш да го научиш и на Мисисипи Стејт а можеш да го научиш и некаде во Бангладеш..
 
Кај Јанко изгледа вечерва за ова ќе се дискутира. Пуштете Сител 3. Слушните шо зборува Јанко. Ќе биде интересно ако има јавувања.

Еве, има.

Едит: Не можам да го гледам, свиња дебела. На нерви ми иде.
 
Последно уредено:
Чисто информативно, од правна гледна точна, во случај да паднете во муабет за СПУКИМ или воопшто они да пробаат да бидат некаков "фактор" околу муабетов, да знаете дека мртви луѓе немаат правен субјективитет.
 
Јaнкo им викa "шпекулирaте декa aкo пaднете нa испитите немa дa мoжете дa прoдoлжите сo студиите" и oвие ќутaт местo дa кaжaт "не шпекулирaм туку ги пренесувaм збoрoвите нa министерoт и премиерoт"...
Местo дa збoрaт зa aвтoнoмијa нa универзитети, нефункциoнaлен мехaнизaм и aргументите штo целo време се збoрaт a штo држaт вoдa oвие кaј јaнкo прaзни муaбети збoрaт...
Пa не се јaвувaјте дa ни прaвите штетa нa нaс штo рaзмислувaме...

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
Ajде де се знае како ги филтрираат јавувањата кај Јанко, не ме јеби независни студенти се јавуваат.
Последнава шо се јави одма ја сврте работава за професорите, не доаѓале на предавања ово оно.
Еве јас во сите години кај шо студирам, два пати и тоа во прва година има дојдено асистент да ми предава, од самите професори нон стоп имам предавања.
Така да господине Јанко и госпоѓицата со партиска книшка, не ја вртите работава кај професорите и не закашкувајте работа за да одвлечите внимание од екстерно.
Пошто никој не може да ти постави подобро прашање од самиот професор шо има издадено книга.
 
независен студент се јавува од соба 2 метра од студиото

И најјакото на крај "Јас како што сфатив.. значи сите сте за некаква надворешна контрола во образованието.." :pos:
 
И најјакото на крај "Јас како што сфатив.. значи сите сте за некаква надворешна контрола во образованието.." :pos:
не можам ни да го гледам ни да го слушам, изиграва и Мојсие и Мајка Тереза во едно а е прост како дршка од чадор :D
 
не можам ни да го гледам ни да го слушам, изиграва и Мојсие и Мајка Тереза во едно а е прост како дршка од чадор :D

Излишно е користење на билокакви епитети. Без заебанција. Јанко е неопислив. Јанко е апсолутната нула, почињаш од него па нагоре. Значи Јанко, 1iq, 2iq..
 
Јaнкo им викa "шпекулирaте декa aкo пaднете нa испитите немa дa мoжете дa прoдoлжите сo студиите" и oвие ќутaт местo дa кaжaт "не шпекулирaм туку ги пренесувaм збoрoвите нa министерoт и премиерoт"...
Местo дa збoрaт зa aвтoнoмијa нa универзитети, нефункциoнaлен мехaнизaм и aргументите штo целo време се збoрaт a штo држaт вoдa oвие кaј јaнкo прaзни муaбети збoрaт...
Пa не се јaвувaјте дa ни прaвите штетa нa нaс штo рaзмислувaме...

Sent from my LG-D620 using Tapatalk

Леле по ретардирани студенти вечерва што се јавија во емисијата на Јанко верувајте дека нема никаде, абе глупи невидени,наместо да ја критикуваат намерата на владата,овие се препукуваа меѓусебе, де против приватните факултети де против дисперзираните студии, а наместо да се соединат против екстерното. :facepalm: Ова е заедничка работа, треба сите да се соединат без разлика каде студираат на приватен или на државен, а не да се јадете меѓусебе бе прости проширени едни. Па ако немате памет нека се воведе екстерни тестирања и на прва и на втора и на трета и на четврта... :tapp:
Зборот ми е само за тие студенти што се јавија вечерва во емисијата на Јанко и што не знаеа како да се изјаснат,а си тропаја глупости само..:facepalm:
 
Последно уредено:
Ми се допаѓа тоа што студентите конечно се организираат и се спротивставуваат на поредокот.

Ама да збориме озбилно, зар не би било ова во интерес на студентите?
Се знае дека на приватен факс се учи од скрипта? Дотолку повеќе, јас на правен учев некои предмети од прашања што ги имав купено во фотокопирница.... и добивав деветки.

Како е фер и јас да имам деветка по тој предмет и тој на приватен факс што учел од скрипта од 100 страни и тој што стварно учел и научил и ја заслужил оцената?

Ако работодавците не ценат по просекот јас испаѓам на исто ниво со тој што учел пошто ем идам од државен факс, ем имам добри оценки. И можеби подобри од некој што учел. И што ќе бидне? Ќе му ја земам работата на тој што ја заслужува.
Да баш така е се учи од комбинации и лесно се препишува, ама тоа не значи дека со уште два испити ќе се среди ?
Кој ти гарантира дека и тие испити нема да бидат препишани или од напред договорени ?
Секој учи за себе, тоа ако после факултет не можеш да најдеш работа по струка, кажува доволно за тебе, но ако треба студентите спремни да излезат од факултет т.е тие што учат да завршат, треба да се ангажираат професорите и асистентите, т.е да не се погодуваат исти прашања (т.е комбинации) реално во суштина истите прашања може да се преформулираат и секој што чува на испит да биде награден со 50Е за секој фатен студент како препишува (нормално со доказни материјали) и уште догодина ова време веќе ќе имаш подигнување на квалитетот на образованието.
Организирање екстерно од луѓе што немаат допирни точки со материјалот тие како напуштени луѓе да играат кошарка или фудбал, за нив изгледа многу добар филм како нешто се најдобри на свет, а од страна тие што гледаат се смејат или не можат да веруваат што гледаат.
 
Браво дечки за протестот! Ако владата ги прифати измените, немојте да заборавите целата енергија да ја насочите кон СПУКМ. Тие треба да се следни на список.
 
@Scirea сва среќа, не можам да му ги читам мислењата, очигледно сум блокиран. Ај прати ми линк, да видам, нешто не можам да му ја најдам фб страната.Не знам што се чудите од неговите мисења. :D

Не ми стигна известување дека си ме тагирал... еве ти го Станко
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom