Јас сум задоволен од бројката. Имаше накај 2-3000 студенти на почетокот, потоа со тек на време се смали бројката.
Мора да се спомене дека 90% од протестантите беа од факултетите од комплексот на факултети од каде што се тргна, што значи другите ги мрзело да мрднат со гзот и да се придружат.
Морам пак да ги споменам сите што "кур ги болело" за екстерно, затоа што веќе биле дипломирани. И мене не ме засега па дојдов за поддршка, и пробав да донесам и други луѓе, ама искрено никој не ме поддржа од тие што се веќе дипломирани
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Далеку е Македонија од некоја борбена младина, во друга земја ако ништо друго бар ќе се рснеше некој прозор од министерството, тука беше бајаги мирно.
Се скандираше "Доста беше молк", "Не за екстерно", "Студенти,студенти, независни и силни", "Автономија", "Ние не сме партија" итн.
Добивме и мала поддршка од некои Турци што беа на Европски, мада повеќе им беше забава на нив
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Имаше и еден куп што си правеа селфиња, ама подобро да прават селфиња на протестен марш, отколку да прават селфиња во некој кафич додека други се борат за нивните прав.
Маршутата беше позната, имаше бајаги свирење пред СПУКМ ака УМС вмро, а потоа пред оминистерството некако се немаше концепт. Дали требаше некој да прими одредени членови од протестантите, дали требаше министерот да излезе, ама мораше да има некоја цел на проестот.
Вака си имаше свирење, скандирање,се повикуваше министерот да излезе, ама се тоа беше без одговор со неми погледи од вработените во министерствата.
Луѓево се усрани од полицијава. Имаше 10-тина дифендери и сите се крстеа колку полиција имало
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Нас на најобична утакмица со 50 души публика, ни праќаат 10 пати повеќе полиција
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Успеале да влеат страв кај народот, така да и ова мало размрдување беше добро за почеток