Вака сега да расчистиме. Федерер е повреден, нема дилеми, затоа што ако некој не предава мечеви тогаш тоа е Федерер. Е сега според мене има две опции:
1. Твојата, Федерер да се чува за Дејвис Купот, односно да не ризикува посериозна повреда
2. Дека посериозна е повредата и дека телото го издава
И јас мислам дека првата е поверојатна, ама не се знае, ипак проблемот со грбот не му е од вчера, лани цела сезона му беше хаос ради таа повреда.
Мислам дека згреши Федерер што одигра толку многу турнири и мечеви сезонава. Да не ме сфати некој погрешно, јас потполно го почитувам тоа од негова страна, со 33 години изигра убедливо најголем број мечеви сезонава од сите во топ 10, али требаше ваљда малце да биде свесен дека нема 25 години и дека телото кад тад може да го издаде. Париз му е грешка според мене, не требаше да го игра истиот турнир. Знам дека целта беше првото место ама не зависеше тоа само од него, ипак требаше и многу други работи да се поклопат...