Јас пред се сум православен,по традиција на моите предци,и највеќе ми е криво кога гледам како се разградува се тоа што трпеле и оскудевале моите предци за да се изгради.Но не само од надворешните сили кои се трудат да го разрушат тоа стадо,но пред се и од каприцот и алчноста на свештениците.Јас како и другите тука на форумов што пишуваме против црквата,пишуваме не оти се чуствуваме ванземаљци,туку од револт против се што се случува,секоја неправда.Разочарување од измамливиот дух кој ја опседнал црквата постои и кај најголемите верници,кои од свои причини тоа го потиснуваат,чуствувајќи срам,тоа да го изложат.Проблемите се решаваат со разоткривање,борба,промена,а не со потиснување и толерирање на злото.