Нашата месечина и не е толку осамена
Месечината се движи околу Земјата повеќе од четири милијарди години. Меѓутоа, нашиот верен сопатник не е така осамен колку што се мисли, пишува
Дејли мејл.
Нов објект наречен 2014 ОЛ339 исто така кружи околу Земјата, а набљудуван со моќни телескопи, изгледа како „втора месечина“. Станува збор за астероид со пречник од 150 метри на кој му е потребна една година за да го обиколи Сонцето, а доволно е блиску до Земјата за да може да се смета за сателит.
Необичниот објект бил случајно откриен на 29 јули на чилеанскиот универзитет Антофагаста. Тој патува со нашата планета 775 години и ќе продолжи да ја придружува најмалку уште 165. Има елиптична орбита која се поклопува со таа на нашата планета.
Сепак,
најпознатиот астероид кој исто така кружи околу Земјата е 3753 Круитне, кој има пречник од пет километри. Тој бил откриен во 1886, но научниците дури во 1997 година успеале да ја исцртаат неговата вистинска траекторија.
Нашата планета има цела низа таканаречени „минимесечини“, мали астероиди кои се привлечени од Земјината гравитација, но се многу помали од спомнатите објекти. Научниците се надеваат дека еден ден ќе „фатат“ еден од квази-сателитите, кои можат да дадат вредни информации за формирањето на Сончевиот систем.
Научниците на Универзитетот на Хаваи во 2012 година ја пресметале веројатноста Земјата да има повеќе од еден природен сателит. Било заклучено дека во секој момент, за одржување на рамнотежата, мора да има барем еден астероид со пречник од најмалку еден метар кој кружи околу нашата планета.
www.mkd.mk