Вонземјани, НЛО...

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.724 79,2%
  • Не

    Гласови: 452 20,8%

  • Вкупно гласачи
    2.176

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Тука е манипулацијата и лагата. Чекаме помош од такви суштества а тие не се појавуваат во јавност. Све е тоа смислено уште во 19 век за манипулација на човештвото.
Врска нема ова што збориш. Да си истражувал малку пошироко не таметикава ќе видиш дека НЛO феномени и контакт со вонземски битија се влече наназад се до +2000 год. п.н.е., каков 19ти век жити се? Збориме за архивирани, докуметирани ствари. Е сега нормално, како идеш наназад, се пофантастични се описите, заради менталниот склоп од тоа време и начинот на интерпретирање на работите. Имаш еден куп интересни случаи од 1800те години, особено во Европа (Шпанија, Италија, Франција). Француската буржоазија да не измислила вонземјани за да манипулира со светот? Дај ти се молам ...

Навистина незнам што би била целта на една супер напредна цивилизација која усовршила интерстеларно патување и покрај таква технологија не дошол период на нивната планета да се самоуништат,би имале корист од нас.Зошто би дошле и би киднапирале луѓе и всушност би се криеле.Најверојатното решение е дека доколку дошле некогаш на земјата,би не освоиле и би ја искористиле планетата како нивна колонија.Едноставно тоа е законот на природата,појакиот го јаде послабиот.
Киднапирањето луѓе, и земање примероци од крв, урина, сперма и јајце-клетки може да е од 1001 причина, од кои процент можеме да ги претпоставиме самите преку мозгање и теории кои би имале некоја смисла (пак, за нас). А да негираш нечие искуство такво како булшит е да помножиш со нула нечија траума, зошто? Затоа што не се совпаѓа со твојот светоглед. Погрешен пристап за некој кој треба да дедуцира според некоја логика, наместо субјективност.

Нема знаци дека сме освоени од вонземска интелигенција. Но тоа и зависи дали следиш теории на заговор и ако е така, кои од нив ги подржуваш. Има такви кои кои тврдат дека веќе сме освоени од вонземска интелигенција. Само секако, не во Холивудски стил, бидејќи тоа има помалку шанси за ефикасност. Е сега која корист би имале од нас, кој знае, пиуни на секој би му користеле.

Она што ме буни е коментарот за колонија. Ако планетава ги интересира, заради тоа што е населива, погодна за живот, има ресурси, минерали, вода, биосфера, геолошка активност итн. што би барале со нас? Освен ако ресурсот кој им треба не е чисто биолошки, што така и се чини, според киднапирањава како репортажа. Колонизирање? Се сомневам. Универзумот е големо место, и Rare Earth теоријата е нејголемиот булшит што е некогаш излезен од научната фела, затоа што уште сега имаме концепти за тераформација кои што ветуваат многу, а, ако цивилизација како нашата стане спремна наскоро да тераформира планета како Марс, тогаш што останува за цивилизација која има технолошки степен на развиток да патува во меѓуѕвездени пространства? Би можеле да тераформираат планета каде сакаат, кога сакаат, до кој и степен сакаат. Нема да мора да патуваат до тука за да создадат колонија.

Зошто е промашување на темата,поставување на прашања?Јас лично не верувам на 99.9% од сите тие средби со вонземјани.Голема работа ако биле од луѓе од авијацијата,војска или влада.Не заборавај дека од истите тие функции има луѓе кои тврдат дека имаат докази за постоење на Бог/Алах/Шива/Бигфут/Чупакабра итн.Така да дека тоа некој со функција тврди со "докази" дека видел нешто вонземско,логично е да има луѓе кои ќе бидат скептици,со оглед на тоа дека огромен дел од тие тврдење се девалвирани.
Ако не веруваш на 99.9% од тоа, тогаш по логика, веруваш во 0.1%. Со оглед на тоа колку репортажи има, и тој 0.1% ако е валиден, говори за многубројна посета на такви битија и летала (НЛО). А религиозната припадност нема врска со оваа тема, затоа што едното не е обзервирано, другово е озбервирано, и го има во архивски податоци и документација од страна на војската, авијацијата, и морнарицата (има феномен наречен USOs - Unidentified Submerged Objects, кој е толку чест колку и НЛО феноменот, само далеку помалку промовиран и третиран од медијата). А тврдењата дали биле девалвирани не е фактор во дебатата, затоа што има скептици за се и сешто, а некои и ирационално се скептици за одредени работи. Скептицизмот не ти вреди два денари ако постои официјална документација, од воени лица, архивски податоци, сведоштва, распити, истражувања, радарски снимки, итн.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.058
Поени од реакции
19.749
Прво не го разбираш што значи зборот сатана =

ђаво у преводу значи клееетник). Будући арханђелом, касније је назван ђаволом због клевете; будући добрим слугом, постао је сатана у пуном значењу тог имена зато што сатана значи противник.

Така да противници на Господ Бог отсекогаш ги имало во јавноста да го манипулираат и лажат на човекот. исто така тоа е и НЛО кои не се посетители од друга галаксија, туку тоа се паднати духови, или демони кои му служат на главниот противник на Господ Бог.
Поентата ми беше, што ако ти си изманипулиран во случајов? Од каде си сигурен дека твојата вистина е онаа правата, апсолутна, за толку лесно да негираш сè друго што не ти одговара и не е во склоп со твоите верувања?
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Врска нема ова што збориш. Да си истражувал малку пошироко не таметикава ќе видиш дека НЛO феномени и контакт со вонземски битија се влече наназад се до +2000 год. п.н.е., каков 19ти век жити се? Збориме за архивирани, докуметирани ствари. Е сега нормално, како идеш наназад, се пофантастични се описите, заради менталниот склоп од тоа време и начинот на интерпретирање на работите. Имаш еден куп интересни случаи од 1800те години, особено во Европа (Шпанија, Италија, Франција). Француската буржоазија да не измислила вонземјани за да манипулира со светот? Дај ти се молам ...
.
Значи во 19 век се појавува за прв пат научно-фантастична литература. И до тогаш човекот сонува дека тие ќе дојдат да ни помогнат и затоа од тогаш со голем интерес и внимание се дочекуваат сите инфоирмации за НЛО.

така да 2 века или 200 години ги чекаме и никако да се појават. Тука е манипулацијата затоа што нема логика некој од друга галаксија со свемирски брод доаѓа и се крие итн. А логиката е наука која ја потврдува вистината и затоа НЛО е една голема лага.
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Така да противници на Господ Бог отсекогаш ги имало во јавноста да го манипулираат и лажат на човекот. исто така тоа е и НЛО кои не се посетители од друга галаксија, туку тоа се паднати духови, или демони кои му служат на главниот противник на Господ Бог.
Ti od kaj znaes deka e taka...Go imas li videno bog? ili pak satanata?
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Поентата ми беше, што ако ти си изманипулиран во случајов? Од каде си сигурен дека твојата вистина е онаа правата, апсолутна, за толку лесно да негираш сè друго што не ти одговара и не е во склоп со твоите верувања?
Затоа што вашите докази немаат логика. А логиката е наука за виситната. И Аристотел со помош на логиката докажал многу работи кои не ги видел.

Primer: U antičko doba je među astronomima preovladalo uverenje da je Zemlja centar sveta. Aristotel je ovu tezu pokušao da dokaže ovako:

A) Priroda teških tela je da teže centru sveta.
B) Iskustva dokazuju da teška tela teže centru Zemlje.
C) Prema tome, centar Zemlje je istovremeno i centar sveta[DOUBLEPOST=1415819591][/DOUBLEPOST]
Ti od kaj znaes deka e taka...Go imas li videno bog? ili pak satanata?
Хитлер = сатана

Исус Христос = Господ Бог
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Киднапирањето луѓе, и земање примероци од крв, урина, сперма и јајце-клетки може да е од 1001 причина, од кои процент можеме да ги претпоставиме самите преку мозгање и теории кои би имале некоја смисла (пак, за нас). А да негираш нечие искуство такво како булшит е да помножиш со нула нечија траума, зошто? Затоа што не се совпаѓа со твојот светоглед. Погрешен пристап за некој кој треба да дедуцира според некоја логика, наместо субјективност.[/quote]

Но и многу луѓе тврдаат дека имаат искуства со тоа што го сретнале господ.Парадоксот е тука што сите тврдат дека го сретнале својот господ.Зарем немам право да бидам скептичен?Умот е многу подложен на илузии.Па зарем нема илјадници луѓе на светов кои тврдат дека виделе некое Криптозоолошко суштество?Не работата дека јас не верувам од што сакам така,туку од што ако земеш на секој човек што збори дека имал трауматично искуство додека го киднапирале лепракони ти да му веруваш,ќе испадне општ хаос.

Нема знаци дека сме освоени од вонземска интелигенција. Но тоа и зависи дали следиш теории на заговор и ако е така, кои од нив ги подржуваш. Има такви кои кои тврдат дека веќе сме освоени од вонземска интелигенција. Само секако, не во Холивудски стил, бидејќи тоа има помалку шанси за ефикасност. Е сега која корист би имале од нас, кој знае, пиуни на секој би му користеле.

Она што ме буни е коментарот за колонија. Ако планетава ги интересира, заради тоа што е населива, погодна за живот, има ресурси, минерали, вода, биосфера, геолошка активност итн. што би барале со нас? Освен ако ресурсот кој им треба не е чисто биолошки, што така и се чини, според киднапирањава како репортажа. Колонизирање? Се сомневам. Универзумот е големо место, и Rare Earth теоријата е нејголемиот булшит што е некогаш излезен од научната фела, затоа што уште сега имаме концепти за тераформација кои што ветуваат многу, а, ако цивилизација како нашата стане спремна наскоро да тераформира планета како Марс, тогаш што останува за цивилизација која има технолошки степен на развиток да патува во меѓуѕвездени пространства? Би можеле да тераформираат планета каде сакаат, кога сакаат, до кој и степен сакаат. Нема да мора да патуваат до тука за да создадат колонија.[/quote]

Точно.Но тоа и ми е поентата.Зошто би сакале нешто од нас?Од една страна велиш дека нема логика да не колонизираат а има демек логика да патуваат толку за да експериментираат на нас?И она што е најинтересно е речиси секогаш тие на кои се експериментира се некои од рурални средини со лимитирано образование..

Ако не веруваш на 99.9% од тоа, тогаш по логика, веруваш во 0.1%. Со оглед на тоа колку репортажи има, и тој 0.1% ако е валиден, говори за многубројна посета на такви битија и летала (НЛО). А религиозната припадност нема врска со оваа тема, затоа што едното не е обзервирано, другово е озбервирано, и го има во архивски податоци и документација од страна на војската, авијацијата, и морнарицата (има феномен наречен USOs - Unidentified Submerged Objects, кој е толку чест колку и НЛО феноменот, само далеку помалку промовиран и третиран од медијата). А тврдењата дали биле девалвирани не е фактор во дебатата, затоа што има скептици за се и сешто, а некои и ирационално се скептици за одредени работи. Скептицизмот не ти вреди два денари ако постои официјална документација, од воени лица, архивски податоци, сведоштва, распити, истражувања, радарски снимки, итн.[/quote]

Ако некој објект е НЛО не значи дека е вонземски.Во архивите на секоја држава има доста работи кои не се објаснети,но не разбирам зошто секогаш тоа мора да се вонземјани?Истото ова беше околу Бермудискиот триаголни.Таму се дешава тоа и тоа и немаме точни информации што е...епа тогаш се вонземјани.Истиот случај е и со ancient astronauts theory-за некои од градбите ни е чудно како можеле да се направат,епа затоа..Вонземјани.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Прво јас нигде не спомнав религија.Второ јас само го искажав моето мислење околу тоа колку сум запознаен со информациите за НЛО.Да си бил ти толку информиран колку што тврдиш,ќе видиш дека се што кажав е базирано на информации и официјални теории на научката.Те молам бидејќи еве јас сум неук во твои очи прочитај ги овие работи што ти ги кажав на нет :Fermi Paradox/The Drake equation/Rear Earth hypothesis има уште неколку.Овие теории се од кај јас ја црпам мојата информација.Поголемиот дел од научниците во ова поле,Астрономите(поточно Астробиолозите) ги имаат овие мислења.Астробиологијата односно Егзобиологијата е посебна наука што се бави со ова.Тие научници имаат испратено и сателити за да собираат информации околу можноста за живот на др планета.Така да нареден пат,наместо да ме напаѓаш бидејќи не се согласувам со тебе провери некои работи и сфати дека ова е форум,во кој имам право да го искажам моето мислење,и аргументи од типот "никој вас не ве прашува дали верувате или не" се на ниво на градина
Мојот пост не се однесуваше само на тебе. Делот со религијата се однесува на други членови кои постираат тука, кои се расправаат за реинкарнации и сатани.
Друго, доволно сум запознаен и со Fermi Paradox/The Drake equation/Rear Earth hypothesis. Тоа се само хипотези кои не се ништо повеќе од мисловна гимнастика. Кај виде дека те напаѓам не знам.
Ако сум рекол дека нешто ми е смешно или ако не се согласувам со тоа не значи дека не смееш да го постираш, ниту пак јас сакам или можам такво нешто да ти забранам. Форум е па пишувај што сакаш.
По тоа што си го напишал гледам дека се потпираш единствено на официјалната наука, но ако сакаш подлабоко да копаш на оваа тема, ќе мора да погледнеш и од другата страна на завесата. Како и да е, тоа останува на тебе.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.058
Поени од реакции
19.749
Ај можи ќе дочекаме некогаш да гледаме пренос во живо - интервју со вонземјанин. Уште сега би жртвувал/вложил 10-20 години од животов само да бидам сведок на такво нешто. :D

А би вложил 30 години за еден саат разговор со Lucy. :icon_lol:
 
Член од
11 ноември 2014
Мислења
2
Поени од реакции
2
https://www.youtube.com/watch?v=qaziZE83QIU

Eve vi toa so vi zboruvav za X nibiru[DOUBLEPOST=1415874773][/DOUBLEPOST]И ако сето тоа е точно за Х Нибиру дека се разменети цивилизации пред неколку години и сите предвидувања и факти за тоа и дека таа трба да замине покрај нас во Декември има логика и дека околу 21 Декмври ке има 6 дена ноќ без струја ке биде целата Земја а и маите нели имаат Календар кој завршуува на 21 Декември само 2012 а тоа можеби и е поместено 2 годнини подоцна 2014 и ако маите отишле на Х Нибиру а тие овде во Област 51 тоа може да значи дека на 21 Декември кога ке биде 6 дена мрак без струја да замине покрај нас Х Нибиру и да ни се вратат нашите предци МАИ а да ги испратиме овие кои ги ,,кријат,, кај нив дома а и според предвидувањата на Баба ВАнѓа во 2016 ке се појави нова болест таа болест можеби ке биде од Маите од Х Нибиру можеби ке пренесат нешто. Но тоа не е со сигурност тоа е мое лично предвидување
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.058
Поени од реакции
19.749
ако маите отишле на Х Нибиру а тие овде во Област 51 тоа може да значи дека на 21 Декември кога ке биде 6 дена мрак без струја да замине покрај нас Х Нибиру и да ни се вратат нашите предци МАИ
Да да, слушам и парно ќе немало тие 6 дена.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
60
Поени од реакции
38
https://www.youtube.com/watch?v=qaziZE83QIU

Eve vi toa so vi zboruvav za X nibiru[DOUBLEPOST=1415874773][/DOUBLEPOST]И ако сето тоа е точно за Х Нибиру дека се разменети цивилизации пред неколку години и сите предвидувања и факти за тоа и дека таа трба да замине покрај нас во Декември има логика и дека околу 21 Декмври ке има 6 дена ноќ без струја ке биде целата Земја а и маите нели имаат Календар кој завршуува на 21 Декември само 2012 а тоа можеби и е поместено 2 годнини подоцна 2014 и ако маите отишле на Х Нибиру а тие овде во Област 51 тоа може да значи дека на 21 Декември кога ке биде 6 дена мрак без струја да замине покрај нас Х Нибиру и да ни се вратат нашите предци МАИ а да ги испратиме овие кои ги ,,кријат,, кај нив дома а и според предвидувањата на Баба ВАнѓа во 2016 ке се појави нова болест таа болест можеби ке биде од Маите од Х Нибиру можеби ке пренесат нешто. Но тоа не е со сигурност тоа е мое лично предвидување
Јас читав за тоа затемнувањето на нет и колку што успеав да разберам не пишуваше за никакво немање на струја ... ќе имало затемнување на сонцето и неколку дена на планетата демек мрак ќе било. мада мн. не верувам ... а за ова што го тврдиш ти со маите ... o_O
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Јас читав за тоа затемнувањето на нет и колку што успеав да разберам не пишуваше за никакво немање на струја ... ќе имало затемнување на сонцето и неколку дена на планетата демек мрак ќе било. мада мн. не верувам ... а за ова што го тврдиш ти со маите ... o_O
Од НАСА е потврдено затемнување,тоа и може да се види на официјалната нивна страна во тие датуми.Ај нема ни да пробам да зборам околу тоа со маите од мои причини...ама тоа затемнување 6 дена и дека ке снемало струја е чиста дезинформација од еден сатиричен сајт "Satirical news site" Huzlers.com has been spreading this fake story far and wide on the web "Друго за да снема струја низ цел свет преку соларна бура,треба да е бурата премногу јака и нас атмосферата да ни е премногу слава,што во случајов двете не се точни.Соларни бури има секоја година и нашата атмосфера е повеќе од спремна да се заштити од нив(барем до сега).Така да нема потреба од класични паники од работи кои луѓето за жал од неукост се станати лековерни.И нз што е со овој фетиш на месец декември,се што требаше наводно да се случи,се демек во декември..хах.
 
навистина,речиси секое наговестување за крај на свет и такви срања е декември ... ај коа ќе кажат март месец може и за верба да биде :pos:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Како луѓево ги прават мајмуни тоа е стварно страшно.

Naučnici sa Univerziteta u Kaliforniji tvrde: Kamuflirani vanzemaljci žive među nama

Šta vanzemaljci traže na Zemlji?

Postoji hipoteza koju je britanski naučnik Timoti Gud naveo u svojoj knjizi „Zemlja više nije posrednička baza. Nastanili su se za stalno“.

http://webtribune.rs/naucnici-sa-univerziteta-u-kaliforniji-tvrde-kamuflirani-vanzemaljci-zive-medu-nama/

Smatra se da uskoro dolazi dan kada će biti obelodanjeni konkretni dokazi i činjenice o postojanju vanzemaljaca na Zemlji.

http://webtribune.rs/ispovest-vojnika-carls-hola-oni-su-tu-medu-nama/
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom