Успеаа да го уништат авторитетот на клубот кој што го градеа со години.. се ослободија од екстра-талентирани играчи како Циндриќ , Липовина, Марсениќ , Џукиќ а останаа Мојсо, Димовски кој што го цедат клубот со тие астрономни плати.
Еве ќе се увериме дека секој македонец од јуниорите на кој што ќе му се укаже шанса ќе изигра подобро од Мојсо.
Тоа му успеа на раководството, они се тие што не им плаќаа на луѓето, затоа и тие си заминаа. Ракометарите отидоа на сосем оправдан и очекуван штрајк. Незнам колку ти си го следел Мојсо али кога ќе се врати во форма 90% од денешниве светски средни бекови може вода да му носат а не голобрадине момчиња од јуниор. Мојсо го заслужува секој денар што го земал од Металург за разлика од Лино. Што не ја спомнеш неговата астрономска плата? Лино го цеди Металург не Ванчо и Мојсо.[DOUBLEPOST=1415765986][/DOUBLEPOST]
Што можам ја коа очигледно зборам со дете кога не сфаќа компарација и метафора.
„Ние, професионално вработени ракометари на РК Металург пред се, изразуваме жалење што по нашата јавна реакција, сопственикот, г. Јорданов реши да „разговара“ со нас преку телевизија. Остро ги отфрламе неговите тврдења дека не сме согласувале на разговори и не сме барале средби за проблемите кои ги чувствуваме – напротив, г. Јорданов е тој кој не најде за потребно да нѐ сослуша и да ги процени нашите аргументи и покрај нашите обиди за средба помеѓу нас како играчи и тој како сопственик на клубот.
Сметаме дека овој однос не сме го заслужиле особено што ние нашите обврски најпрофесионално си ги исполнувавме, иако оваа сезона немаме примено никаков надомест за тоа.
Ѝ благодариме на Ракометната Федерација што изрази загриженост за состојбите во клубот и за тоа како ќе одразат врз играта на Македонската репрезентација и воедно ја споделуваме таа грижа.
Ги демантираме ставовите дека станува збор за „двајца-тројца“ бидејќи станува збор за реакција на сите професионални играчи со огромно домашно и меѓународно искуство и како и за долгогодишни репрезентативци на селекцијата на Р.Македонија.
Сѐ уште сме подготвени за чесен, отворен и фер дијалог, со заемно почитување, а се со цел да се надминат проблемите“, пишува во соопштението на ракометарите на Металург.
http://www.sitel.com.mk/reakcija-na-suspendiranite-na-obvinuvanjata-na-gazdata[DOUBLEPOST=1415766360][/DOUBLEPOST]Каде е тука сега твојата компарација и метафора со двајца-тројца? Сите се јасно, гласно и јавно со исти став! Тоа што на страната на Металург стои дека биле двајца-тројца е само нарачан напис на Минчо и Лино за да се направи раздор меѓу нив, ништо повеќе. Не им успеа да направат раздор затоа што момците си стојат на својот збор![DOUBLEPOST=1415766907][/DOUBLEPOST]Агонијата која деновиве го зафати македонскиот спор уште повеќе се продлабочува во редовите на македонскиот ракометен првак Металург.
Од раководството на клубот денеска на перфиден начин преку брза пошта им достави достави допис дека се суспендирани 20-тината побунети ракометари и тоа за време на утринскиот тренинг кој ракометарите го одработувале самостојно на кејот крај хотелот Александар палас им.
Станува збор за суспензијата на играчите, која клубот не се удостои да им ја врачи лично туку на овој начин. Така сега 20-те ракометари кои му откажаа послушност на Металург за да ги штитат личните права и официјално се суспендирани.
[DOUBLEPOST=1415767190][/DOUBLEPOST]Почитувани љубители на ракометот, и на спортот воопшто, и наши верни навивачи,
Имаме обврска и потреба да ве запознаеме со најновите настани во нашиот клуб РК Металург. Од вчерашниот ден, сите играчи на клубот РК Металург повеќе не одиме на редовни тренинзи, од причина што сме длабоко разочарани и огорчени од начинот на кој со нас се однесува раководството на клубот заедно со тренерот Червар, и која состојба трае веќе еден период и која за нас претставува голем проблем, а нема никаква врска со финансиската состојба во која се наоѓа клубот.
Малкумина се запознаени со односот на тренерот кон нас, кој постојано го омаловажува нашиот учинок во клубот, како и сето она што досега сме го постигнале, дури и во најтешките ситуации и наш впечаток е дека негов интерес не е ниту Металург, ниту ние како играчи, ниту пак гаење на нови домашни кадри, туку свој личен инетерс, а тоа е што подолго да се остане во клубот по секоја цена, притоа без никаква емоција кон спортот, клубот или пак играчите.
Од Август оваа година сите ние почнавме со нови сили, ентузијазам и еуфорија дека оваа сезона, како и минатата, повторно ќе бидеме едни од најдобрите во Европа, неприкосновени во Македонија, и дека повторно ќе носиме радост и задоволство на сите луѓе кои се радуваа на нашите успеси. Меѓутоа, уште на почетокот на сезоната, нашиот тренер почна со некои нови концепти, нејасни за никого, освен веројатно за него, кои самиот решил да ги спроведува по секоја цена, на која краен исход е само сопствена егзистенција во клубот. Го поздравивме неговиот напор да се појача екипата со уште нови играчи, бидејќи минатата сезона беше доста напорна и реално требаа уште играчи за да може да се издржи истото темпо. Но, концептот да се уништат оние со кои досега беа постигнати едни од најдобрите резултати во клубот, не е во ред, особено што повеќето се домашни играчи кои со срце и душа играат за клубот.
Одговорно тврдиме дека повеќето натпревари кои досега ги изигравме, а кои ги изгубувме, лесно можеа да се добијат, но од нејасни причини тренерот заедно со раководството правеа нарационални потези, поради кои ние не бевме во можност да победиме. Како на пр. Оставањето на Станиќ и Атман во Скопје за натпреварот со Брест, а кои по тој натпревар сеуште беа членови на клубот, чудни потези и негово нетипично однесување на натпреварот во Загреб ,каде реално можевме да си отидеме како победници. Токму затоа, не чудат ваквите постапки на тренерот, бидејќи сите ние сме во клубот, и во спортот воопшто, со една цел, а тоа е секогаш да одиме на победа и да се искористи максимумот кој го поседуваме, а тоа често пати оваа сезона не беше случај.
Како некој намерно да сака да губиме, само за да се омаловажи квалитетот на одредени играчи. Меѓутоа, тажно е што вложиваме толку труд, а изгубеното тешко може да се надомести.
Наше мислење беше дека сеуште може да се спаси оваа сезона, што беше секако и наша најголема желба, меѓутоа со ваквите потези и размислување стана невозможно.
Од страна на тренерот постојано има желба за раслојување на играчите, со постојани перфидни игри кои неуморно секојдневно ги игра, а наша желба е само да бидеме еден тим кој заеднички ќе функционира со иста цел.
Сакаме уште еднаш да кажеме дека последните изгубени натпревари немаат никаква врска со финансиската ситуација на клубот, бидејќи ние секогаш се бориме за победа, платени или неплатени, туку само со тенденциозно водење на кадарот со цел да се изгуби, со стратегија и план кои немаат никаков резон.
Не сакаме да се откажеме од она што сме го создале тука, ниту пак ќе дозволиме одредени личности за тврдат дека како македонци сме лесни за манипулација. До сега ќутевме од причина што сме воспитани и бевме лојални на клубот, меѓутоа последната состојба беше неиздржлива за сите играчи, млади, стари, домашни и странски, па токму поради сите заедно се решивме на ваков радикален чекор.
Што се однесува до спонзорот Јорданов, ние баравме директна средба со него мислејќи дека тоа и сме го заслужиле , бидејќи најчесно си ја извршувавме својата работа. Досега бевме толерантни во однос на финансиите и уште ќе бевме, но условите за работа со раководството и тренерот станаа невозможни за сите.
Со почит,
Играчите на РК Металург
[DOUBLEPOST=1415767367][/DOUBLEPOST]Значи овие 19 спортисти лажат а двајца класични политиканти и манипулатори како Минчо и Лино се у право, така?