Каде да наjдам? [Food Edition]

  • Креатор на темата Креатор на темата davidov
  • Време на започнување Време на започнување
Може ли некој да ми каже каде да најдам асална велешка пастрмајлија во Скопје?
Голем љубител сум на пастрмајлија (со пастрма) и редовно одам во Розе сала во Велес.
Пред неколку години имаше кај Гејската амбасада во стан правеа Велешки пастрмајлии ама затворија.

Едно време ФОТКА правеа добри, но изгледа куварот отпатувал некаде.

Има ли некаде во Скопје?
Малце закаснето ама боље икад него никад :D Побарај во Олимпик-Ас, одма до Љуц. Ја прават со пастрма, јајце, со сите салтанати. Во Скопје јас само таму сум нашла убава пастрмајлија. Многу одамна правеа убава и во еден ресторан Ники во Дебар Маало ама сега не знам дали уште постои воопшто.
 
Каде може да се најде месо од дивеч да се купи во Скопје ?
 
Малце закаснето ама боље икад него никад :D Побарај во Олимпик-Ас, одма до Љуц. Ја прават со пастрма, јајце, со сите салтанати. Во Скопје јас само таму сум нашла убава пастрмајлија. Многу одамна правеа убава и во еден ресторан Ники во Дебар Маало ама сега не знам дали уште постои воопшто.
Ники - капут одавна, сега незнам кој го води.
Таа до Љуц треба да се проба. Ја заборавив.
 
Има ли со веро/тинекс безалкохолни пива како се викаат да ги барам?
 
Има ли со веро/тинекс безалкохолни пива како се викаат да ги барам?
ВО тинекс гледав имаше мислам пиво од ѓумбир или сл. проѕирно шише 330мл ,со зелена етикета или сл.
 
Ми треба ФРУКТОЗА, за во торта, дали може да се најде во Скопје такво нешто?
 
Дали има негде вакво немора од иста фирма само да е вакво.У Штип у ниеден супер маркет нема.
f298ca603aa2c0d027106d13e8809c67.jpg


1c2c5aa769a2f1049be95d4e9644e551.jpg
 
Каде можам да најдам органски јајца во Скопје?
Барај Еколошка фарма на ФБ. 10 денари е јајце и вршат и достава ама треба минимум 300 денари од нарачка.
Овој период од годината кокошките носат помалку затоа што не се надвор и има дефицит ама ќе те извести кога ќе има испорака.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom