Општи вело муабети, прашања, совети

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.655
Поени од реакции
35.528
Mомци не гледам потреба од драмиве... :свиркам:
Но би ве замолил да им ги пренесете Кумплунг и Дац импресиите за Sporty Sale. Многу ме занима зошто дозволуваат спамирање. Тие ликовите како Ристо, Тошо, и неколку други, -спамираат една иста порака повеќе пати на ден, ни цена не менуваат ни ништо -постојано спамираат исти пораки. Па уште и барем по десетина огласи имаат, и сите ги спамираат повеќе пати секој ден... како ботови се.

Јас не знам со некој да сум зборувал за ова, а да не се согласува дека спамирањето на Sporty Sale е отидено до бестрага. Отвараш страната и листаш катаљарда ИСТИ постови од пациентите како Ристо, Тошо, и остали... не можеш нормален оглас да најдеш од нив, со сито и решето треба да сееш спамирано ѓубре.

Зарем решението не е очигледно, администраторите нека ги лимитираат сите членови на неколку пораки неделно: и проблемот е решен!
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Ихааа приказнава шпанска серија а може и турска :)
ај јас да си прашам нешто стручно, користам fox 32 float 29 кога да знам дека е за сервис, гледам на сајтот на бајкстоп имаат

Основен сервис на амортизер 500 ден
• Чистење
• Проверка на прашинарки
• Пумпање (кај воздушни)
• Подмачкување
• Проверка на функцијата

има некое правило после колку km е пожелно да се направи подмачкување и слично ?
 
Последно уредено:

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678

Одличен амортизер, сервисот зависи од тоа колку км возиш годишно, каков терен претежно, види ги прашинарките дали се испукани, види дали тече (солзи) некаде глицерин, дали брзо го губи притисокот на воздухот, кој нели, се мести според твојата тежина. Јас моите амортизери ги сервисирам на секои две години (секоја втора), значи комплетен сервис и не сум имал никакви проблеми до сега.

Еве ти од Fox - service intervals - што е малку претерано за наши услови, но сепак фабриката го препорачува тоа.

Инаку да, во право си за приказната - шпанска серија стана, ама кога си имаш работа со деца тоа е. :facepalm:
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.884
Поени од реакции
21.815
дечки зашто напнувате на форумов со глупости, а ако имате некои нерасчистени работи средете си ги преку пм. Причина поради која го посетуваме овој дел од форумов е да размениме информација а она што вие го правите е ЗАМАРАЊЕ. Што се однесува до членот zocc имам позитивно искуство зашто кога ми требаше помош само он најде време да ми објаснува и одговара на моите глупи прашањата околу купувањето бајк и голема благодарност до него.

Секој следен што ќе иде надвор од темата велосипеди ќе добие пријава од мене. поз (y)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.655
Поени од реакции
35.528
Се согласувам дека нема потреба од „лични препукувања„, но на страна личните моменти... сосема е од интерес на сите велосипедисти една искрена дискусија за состојбата на најпосетуваната страница за размена и продажба на половни велосипеди и опрема.

Значи личните расправии на страна, ако ние разговараме за страница за размена и продажба на половни велосипеди и опрема, тоа никако не е офтопик на темава.

Еве да повторам, јас сум само еден од многуте што мислиме дека таму се спамира до немајкаде. Не ми се отвара Sporty Sale од што е замарање да се листа низ спам пораки.
Пошто гледам темава е посетена и од блиски на администраторите на Sporty Sale, муабетов го разбирам како многу конструктивен и корисен.

Vanlock би се сложил до некаде,но мислам дека огласите како на ристо и другите треба да стојат,бидејќи ако не се тие на Sporty Sale ќе има само ориент и рог точаци на страната и верувам ќе биде катастрофа и ќе пропадне.

Сепак би дал препорака ако можат огласите да си ги групираат во еден,нешто слично како огласот на Орце и во него да пишат имам 20 точаци пример тој,тој,тој и тој и готово.а не вака цела колекција на точаци што ја има дома да ја нареди посебно на sporty sale и кога листам од првите 30,20 да се негови огласи.Да се почитуваат и останатите огласувачи.
Гледај, немам јас ништо против „професионалните„ продавачи како Ристо, Орце, Тошо... Мене ме нервира спамирањето.

Што е проблем да има ограничување од дневни/неделни нови постови за секој еден член на Sporty Sale.
Таквите фрекфентни постери како Ристо, Тошо, итн... нека си постираат повеќе точаци во еден пост. Или ако тоа мора се одделни постови, тогаш постои и „bump" -барем нека не ги постираат истите одново и одново: нека додаваат нов коментар и огласот пак ќе исплива на почеток од страната.

Овака отвори ја страната и за недела дена има по 100-200 постови само од Ристо, исто и од тој Тошо и неколку други досадии.
Јас мислам дека тоа го прават само за да ловат неискусни новаци, кои мислат дека е нов пост -само што поставен оглас.... а истиот се влече по цели месеци, пошто никој (нормален) не купува по толку напумпани цени.

Ама не ми е јасно што прават администраторите на Sporty Sale, и зошто го дозволуваат тоа да се одвива на тој начин. Без никакви ограничувања и со премногу премногу спамирање.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
233
Поени од реакции
93
Што се однесува до членот zocc имам позитивно искуство зашто кога ми требаше помош само он најде време да ми објаснува и одговара на моите глупи прашањата околу купувањето бајк и голема благодарност до него.

Секој следен што ќе иде надвор од темата велосипеди ќе добие пријава од мене. поз (y)
јасно ни е веќе што е работата.Самото твој одговор ни кажува зашто пријавуваш мислења.Значи си напиша ти коментарче само он најде да ми помогне и готово стоп,нејќам веќе да пишувате.:)
Жити се што научи од зоцц ти се молам.И што помош доби?
Да станеш администратор на sporty sale или ти покажа како да бришеш постови.:D
Толку и од мене веќе.Во право е вивакастро.Со вакви луѓе како што се овие 2-3 члена тешко може некој да се разбере.Ти сакаат да си бидат богови и да си тераат по нивно.

да ти одговорам зоцц уште на ова прашање.Не верувам дека си бил ти кај Дац,но еве ќе дојдам.
јави се прво од кумплуг акаунтот тука и објасни ни зашто се однесуваш како диктатор на страната.
Одма после тоа одам кај Дац да видиме кој и колку го познава
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
овој дел од форумот јас го отварам (а верувам и останатите) за да научиме нешто а не да ги гледаме личните препукувања на одредени членови. Има делови од топиков преполн со слики и видеа абе човек да ужива, а во задно време гледаме само есеи за нечиј фрустрации.
Иако и мене ми сметаат овие драми, сепак се е во контекст на темава. Иако имаше тензија, никој никого не навреди со погрдни зборови. Следствено на ова, не ја гледам потребата за пријавување. Но, како член, ти ја имаш таа можност, па слободно.:D
И сите сме овде да научиме нешто повеќе, да видиме нешто ново. Токму од тука и произлегуваат спротивностите и драмите.

Star Dlm, и Ryan да не е Кумплунг? :D
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
233
Поени од реакции
93
Иако и мене ми сметаат овие драми, сепак се е во контекст на темава. Иако имаше тензија, никој никого не навреди со погрдни зборови. Следствено на ова, не ја гледам потребата за пријавување. Но, како член, ти ја имаш таа можност, па слободно.:D
И сите сме овде да научиме нешто повеќе, да видиме нешто ново. Токму од тука и произлегуваат спротивностите и драмите.
Апсолутно се сложувам.убаво предложи вивакастро.да се јави овој кумплуг и да одговори на поставените прашања во еден пост и да видиме на што сме.Нели сепак ние треба да имаме некоја почит како членови,а не да не одбегнуваат.
Да се вратам на велосипедзмот.Која километража ми ја препорачувате за велосипедот мој

Дали да земам Cateye,Sigma или Polar.Би одвоил до 1000 максимум,односно може и некој денар плус ако вреди навистина доплатата
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.884
Поени од реакции
21.815
аха значи во контекст на темава е некоја страна каде ботови спамираат и постираат глупости ? Како тоа претставува добра страна ако истата функционира од 3ца спамери како што викате нема корисни информации и на никој не му служи за ништо ? Приватни бизниси ли терате ? Незнам кој дел тука не е јасен Кајгана - топик Велосипеди :D ако не сменете топиков во спорти сејл па да ви тргне бизнисот незнам што да кажам ... да си отвориме нов топик каде што ќе се дискутира за велосипеди каде членови би разменувале мислења би постирале слики и видеа и слично пошто ова тука што се пишува е невидено срање препукување и тресење зелени

член од вчера со 50 поста каде 49 му се за чичко :
јасно ни е веќе што е работата.Самото твој одговор ни кажува зашто пријавуваш мислења.Значи си напиша ти коментарче само он најде да ми помогне и готово стоп,нејќам веќе да пишувате.:)
Жити се што научи од зоцц ти се молам.И што помош доби?
Да станеш администратор на sporty sale или ти покажа како да бришеш постови.:D
Толку и од мене веќе.Во право е вивакастро.Со вакви луѓе како што се овие 2-3 члена тешко може некој да се разбере.Ти сакаат да си бидат богови и да си тераат по нивно.

да ти одговорам зоцц уште на ова прашање.Не верувам дека си бил ти кај Дац,но еве ќе дојдам.
јави се прво од кумплуг акаунтот тука и објасни ни зашто се однесуваш како диктатор на страната.
Одма после тоа одам кај Дац да видиме кој и колку го познава
ја ќе ти покажам слика за пар денови кога ќе стигне пратката од германија од бајкот кој ми помогна да го изберам зоц и ако сакаш ќе ти ги постирам и пораките со објаснувањето кое ми го даде истиот член кое ми помогна при финалниот избор. зоц иако не го знам има позитивна репутација кај мене и прво кај него би се обратил за совет и логично да кажам позитивно за него зашто навистина ми помогнал. Не сум пристрасен туку ја кажав вистината а тоа очигледно тебе не ти иде во прилог т.е. во сценариото на приказните што ги кажуваш тука.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.655
Поени од реакции
35.528
аха значи во контекст на темава е некоја страна каде ботови спамираат и постираат глупости ? Како тоа претставува добра страна ако истата функционира од 3ца спамери како што викате нема корисни информации и на никој не му служи за ништо ? Приватни бизниси ли терате ? Незнам кој дел тука не е јасен Кајгана - топик Велосипеди :D ако не сменете топиков во спорти сејл па да ви тргне бизнисот незнам што да кажам ...
Ти знаеш некоја друга страна каде велосипедисти можат да разменуваат опрема?
Ако знаеш, кажи... мене барем ме интересира.

Не разбирам зошто на тема за велосипеди ти смета дискусија за страна на која се разменуваат и продаваат... велосипеди. Впрочем како што веќе кажаа, ако сметаш дека се прекршуват некакви форумски правила, пријави.

П.С. Не знам што мислеше со тоа „да ви тргне бизнисот„, ама ќе го оставам на страна. Мене лично ме интересира да купам велосипед, ама немам живци да претурам низ стотина спамови за да најдам еден нормален пост.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.884
Поени од реакции
21.815
Ти знаеш некоја друга страна каде велосипедисти можат да разменуваат опрема?
Ако знаеш, кажи... мене барем ме интересира.

Не разбирам зошто на тема за велосипеди ти смета дискусија за страна на која се разменуваат и продаваат... велосипеди. Впрочем како што веќе кажаа, ако сметаш дека се прекршуват некакви форумски правила, пријави.

П.С. Не знам што мислеше со тоа „да ви тргне бизнисот„, ама ќе го оставам на страна. Мене лично ме интересира да купам велосипед, ама немам живци да претурам низ стотина спамови за да најдам еден нормален пост.
мене не ми смета страната, ама доколку ништо корисно не произлегува од нејзе вклучуваајќи ја и дискусијата овдека тогаш мислам дека е време да се престане да се мота во празно. имала страната модератори идете и прашајте ги нив зашто муабетиве се крајно оговарачки. не ги знам нив но ете може да се они во право а не луѓето тука што ги оговараат зашто пак ќе повторам дискусијава е оговарачка а не продуктивна. БТВ продажба на велосипеди не е исто со тема за велосипеди .. барајте си да ви отворат секција шиткам препродавам правам бизнис и таму дискутирајте си. Класичен пример, на поставено прашање за дилема околу одлука за нов велосипед од очигледно загорени хард кор членови само еден најде да одговори на прашање каде не вршеше препораки иди купиј од овој најбољи се, образложи она што само мене ме интересираше.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.655
Поени од реакции
35.528
Се согласив и јас неколку поста порано, дека се досадни препукувањата и „оговарчките„ моменти.
Ама јас сега ти зборувам за место за размена на велосипедска опрема... која замисли, ми изгледа релевантно нешто за дискусија на тема за велосипеди.

БТВ продажба на велосипеди не е исто со тема за велосипеди .. барајте си да ви отворат секција шиткам препродавам правам бизнис и таму дискутирајте си.
БТВ јас сметам дека Ти не си во право. Разговарање за места на продажба на велосипеди и пропратна опрема, си е токму на место баш овде на темава.
И не сакам да правам ников „бизнис„, сакам да разгоравам за места каде можам да купам/разменам велосипеди и опрема.
Пак ќе повторам, ако сметаш дека кршам правила... пријави ме и си има надлежни кои ќе одлучат дали си во право (а јас во криво). Ти освен ако не си модератор (си?), тогаш немаш право да делиш правда.
Дури и кога би бил модератор, ако спречуваш велосипедски муабети на тема за велосипеди... тогаш ти ќе ја злоупотребуваш „функцијата„.

Класичен пример, на поставено прашање за дилема околу одлука за нов велосипед од очигледно загорени хард кор членови само еден најде да одговори на прашање каде не вршеше препораки иди купиј од овој најбољи се, образложи она што само мене ме интересираше.
Зоц си е супер, и он и пар луѓе овде се многу разположени и достапни за помош и совети. Само каква врска има тоа со твоево шерифување овде, не знам.

Некои погоре претераа со препукување и лични обвинувања, ама овде не има и други кои имаме секакво право да дискутираме за разни велосипедски работи, каква што е Sporty Sale страната.
Остани ми поздравен, а јас тука ќе престанам да се замарам со ова... барем додека не започне некој релевантен и конструктивен муабет.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.884
Поени од реакции
21.815
Се согласив и јас неколку поста порано, дека се досадни препукувањата и „оговарчките„ моменти.
Ама јас сега ти зборувам за место за размена на велосипедска опрема... која замисли, ми изгледа релевантно нешто за дискусија на тема за велосипеди.

БТВ јас сметам дека Ти не си во право. Разговарање за места на продажба на велосипеди и пропратна опрема, си е токму на место баш овде на темава.
И не сакам да правам ников „бизнис„, сакам да разгоравам за места каде можам да купам/разменам велосипеди и опрема.
Пак ќе повторам, ако сметаш дека кршам правила... пријави ме и си има надлежни кои ќе одлучат дали си во право (а јас во криво). Ти освен ако не си модератор (си?), тогаш немаш право да делиш правда.
Дури и кога би бил модератор, ако спречуваш велосипедски муабети на тема за велосипеди... тогаш ти ќе ја злоупотребуваш „функцијата„.

Зоц си е супер, и он и пар луѓе овде се многу разположени и достапни за помош и совети. Само каква врска има тоа со твоево шерифување овде, не знам.

Некои погоре претераа со препукување и лични обвинувања, ама овде не има и други кои имаме секакво право да дискутираме за разни велосипедски работи, каква што е Sporty Sale страната.
Остани ми поздравен, а јас тука ќе престанам да се замарам со ова... барем додека не започне некој релевантен и конструктивен муабет.
во кој дел од било кој пост тука се спомнува продажба на дел или велосипед од дотичниот сајт ? никаде туку само аха е овој е ваков модератор овој е онаков што автоматски нема никава врска со она што ти го пишуваш а тоа а конкретно велосипеди или пропратна опрема. овде се дискутира како функционира страната а не што има на нејзе или било каков корисен податок за мене или било кој друг на форумов.
Гледаме и читаме што се пишува го спомнав него како позитивен пример за како треба да функционира овој дел од форумов а тоа е информација ( прашање одговор ) поврзано со велосипедизам, пошто тука задниве 50 страни од 500 поста само 2 се соодветни. Сега некој да дојде и да го прочита овој дел од форумот ќе помисли дека ја сгрешил темата т.е. дека влегол во некој фајт клуб а не во топик поврзан со велосипеди.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
558
Поени од реакции
180
Подолго време читам и се чудам на некои челнови тука околу препукувањава. Како може за некого да тврдиш овој е или оној? Не е коректно да се пишува се и сешто за некој кого не го познаваш.

Јас го поддржувам челнот zocc. Лично го познавам и ми даде огромна помош при избор на мојот велосипед. Дури и заедно бевме кога го купував точакот.

Човекот стварно има познавања за велосипеди и секогаш наоѓа време да даде соодветно и реално мислење околу сите наши прашања на темава.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
335
Поени од реакции
186
Колкав притисок во гумите се препорачува за MTB 26 инчи, за возење по асфалт, ако велосипедистот е тежок 75 кг?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom