Мотивирање на ученик

  • Креатор на темата Креатор на темата pumaval
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам зашто мора све да иде по принцип "ако учиш ќе добиеш тоа и тоа". Тогаш може да го мотивираш да учи, али ќе го мрази тоа, ќе го прави за глупа причина и нема да му остане ништо во главата. Кога се работи за мотивирање на сопственото дете да учи повеќе у школо, моментално немам идеја како би се одвивало тоа (мада никад не би го правел јас претходно споменатото). Ама бидејќи лично се надевам дека еден ден ќе предавам по училишта, па сега како некоја основна идеја одраз ми е она од кое јас бев мотивиран по одредени (ретки) предмети (пошто повеќето професори кои ми предаваа по основно и средно беа за нигде, уа за образованието у државава!). Многу е важно да го направиш предметот интересен, преку интерактивна настава. И не зборам за проектни и глупости, зборам за применување на методологија во која преку поставување на некоја интересна теза на самиот почеток на методската единица, ќе го мотивираш да ја изучи понатаму, и да го задржиш интересното во матерјалот колку што може повеќе. Ова треба да биде комбинирано со строгост и дисциплина, нема ништо да постигнеш ако има бар еден ученик кој ти ремети настава. Најбрз chain effect за незаинтересираност на учениците е тоа, еден ако ремети, отидоа јабана сите. И трета состојка е привидната слобода, можноста која му се дава на ученикот да си даде свое мислење за некоја полемика, да продискутираш и истовремено да го поучуваш, па малку и да се нашалиш за нешто на нивно ниво. Овие три состојки според мене се клучните за заинтересираност. Меѓутоа многу е важно и ученикот од дома да биде минимално подгреан, односно не ни мора тоа, туку битно е само да не гледа со презир кон учењето. Доколку не гледа со презир, понатаму е задача на оние кои предаваат да го заинтерсираат за матерјалот.

Сепак, најважната работа која мора да се запамти е дека секој ученик е различен. Добриот професор знае дека не може на секое дете на ист начин да му предава. Во текот на годината треба и да ги поанализира малце учениците, да види на кого каков начин треба да се примени, па после само да ги модификува во количини претходно наведените работи.

My Opinion ™
 
Не постојат универзални мерки за мотивација. Принцип казна и принцип награда може подеднакво да не функционираат. Нема правила и формули за успех. Зависно од карактерот и интересите на детето треба да се насочи кон тоа што го интересира.

Форсирање да учи по секоја цена може дури и трауми да му нанесе. Ако не му се учи, оставете го. Основното и средното образование и онака од старт ја кочат креативноста. Оставете го сам да открие што сака да прави во животот. Оценките нека се слаби, ако се. Кога ќе види дека чисто формално мора да научи за оценка - ќе научи, ќе сфати дека мора, иако површно и незаинтересирано. И ќе продолжи да се усовршува во тоа што го интересира.

Има милион примери на деца што книга не фаќале во основно и средно, ама виселе по играчници и научиле за компјутери до степен што сега заработуваат двојно повеќе од тие што цел живот биле примерни имале просек 5.0, па 10.0 и сега слугуваат на некој политички полтрон или воопшто немаат никаква работа.

Значи не зборам за опуштен систем во смисла прави што сакаш или тотална рамнодушност туку откривање на интересите на личноста и насочување кон нив.
 
Мене најголема мотивација ми беше моментот кога татко ми и рече на мајка ми-Остај го детето само да се научи.

Навидум реченицава изгледа ко меч со две оштрици, или да замини у курац или да влези само в колосек.

Јас памтам дека цело време мајка ми напнуваше ајде домашна да пишуваме, ајде дали сум научил да ме потпраша, ми составуваше прашања демек за полесно учење. Не велам дека истото немаше никакво влијание, но лично отскочната даска јас ја почувствував во намалување на теретот со реченицата која ја спомнав најгоре. После од личен мерак и послободно без притисок ги зедов работите во мои раце.
 
od skolo air ne biva...neka si isfura ke si sozree sam ke si vidi kaj mu lezi interesot....ako go napinjas niso nema da postignes so ako kazni? na sila ke nauci ke dobie 5ka i ke zamrazi sve! i so ke postignes so 5kata u osnovno? ili 10kata na fakultet?
 
Без ‘принудување‘.Ако веќе спомнавте дека не е некое ‘просто‘ дете, глумење авторитет е контраефект кај многу луѓе, посебно во таа возраст.
Глупо е да ти држат 1 или 2 музичко во основно само поради личното мислење на професорот дека неговиот предмет е најважен.Или после во средно стручно општествени науки, да те гњават за просек баш физика, биологија и хемија.
Ако е покажан интерес за компјутери и слично, не е без некаква основа.Многу луѓе подобро без школо (или без ‘висок просек‘) би ти средиле компјутер (или било шо друго) отколку тазе дипломиран со 9,6 просек.
 
Немојте да се лажете дека стравот од ќотек од лоши оценки не игра улога во основно (средно е веќе подруг муабет).

И јас не сум сакал да учам, барем пола од предметите ми биле тапа, ама во основно немав помала оценка од 3ка - 4ка на полугодие, да дојдев дома со 1 или 2 имаше ем ќотек имаше да јадам ем да дремам дома со забрана за искачање.

Така да за тие предмети што ми биле тапа учев само колку за да ги поминам со 3/4 па и 5 некогаш, останатие што ме интересирале имав 5 низ цела година.

И целото тоа воспитување за учењето почнува од 1во одделение, ако детето на 7 години има ајфон 5ка, таблети и дреме на компјутер дома цело време без разлика колку е талентирано нема да го интересираат книгите.
 
Учи сине да заминиш Америка зашто си наебал овде.
 
Во главно се зависи од возраста на ученикот, очекувањето на родителите и неговата желба. :)
 
Едноставно може не го интересира школо ,барем како што кажа некој член погоре да го интересира уметност ,некој инструмент да го интересира ,балет да игра ,ако од школо не бива ништо барем да има нешто друго или некој занает нека си научи и така нема да му вреди овде и факултет да заврши и со 10 -ки да е .А тоа да му шерифуваш на дете кое нема уште развиено карактер има 2 краја или ќе ти се покорува (она лет3 што сака да направи старото ЈНА воспитување ) или ќе забега скроз ќе нема никаква контрола врз детето .Сепак треба да се најде заеднички јазик со детето и највеќе зависи од природата на детето .
Шерифување?? детето е 9 то оделение со слаб успех. Основно школо. Заеднички јазик се наоѓа ко ќе тргне на школо, прво, второ, трето .... в година теба средно да запише, кај ќе се запише со двојки, на медицина? техничко... тоа уште од сега си ги намали опциите за животот, вака можи ќе истурка некое средно стопанско и ќе работи негде во магацин на утовар или шофер или келнер... ако му е и тоа доволно на родителите - тогаш нема шо да се грижат, али ако сакат детето еден ден да ги надмине и нив во знаење, кариера... “шерифување“ не е на одмет, дури мислам дека му се овие последните шанси некако да се исправи на пат
 
Некои деца едноставно се такви и да ги тепаш и да не им дадеш и да јадат , и интернет да им исклучиш и што све да не им направиш едноставно неможеш да ја промениш природата на тоа дете .Воспитувањето некогаш нема врска со детето како ќе го воспитуваш .Еве еден пример имаш 2 деца кои ти си ги направил ,и исто ги воспитуваш и 2-те ги гледаш подеднакво ,едното учи сите 5-ки другото ич нејќе да чуе за книга .Едноставно не го интересира ,а ти како родител си ги воспитувал подеднакво .Така да џабе ќе го губиш времето да му објаснуваш дека треба да учи итн ... А и школото не е услов за тоа што ќе постанеш во животот .Во овој живот како ќе се снајдеш така ќе живееш.Така да школството нема некој голем удел во тоа што ќе ти биде детето.Еве погледни овие што ја водат државата сите се со средно или со купени дипломи .Тоа може функционира во други држави ,овде не .
 
Побарал помош чоеко тука, најлесно е да му кажеш “таков е по карактер помири се со то дека животот ќе го помине како анонимус со минимална плата“ Јас велам нека го размрда, растресе малце да помисли и други аспекти од живот, и да не успее пак ќе го чека работа овде за 8.000 денари со која нема да може фамилија да храни а и на запад да оди, со таков карактер и знаење нема многу да направи.
 
Остави го. Се што е на сила е штетно. Сам ќе си го пронајде своето место под сонцето. Дури и да биде клошар, мора да има и такви.
Од секогаш ми пречела филозофијата на родителите да го форсираат детето да учи. Обично од моето досегашно искуство таквите случаеви не многу славно завршија.
 
Побарал помош чоеко тука, најлесно е да му кажеш “таков е по карактер помири се со то дека животот ќе го помине како анонимус со минимална плата“ Јас велам нека го размрда, растресе малце да помисли и други аспекти од живот, и да не успее пак ќе го чека работа овде за 8.000 денари со која нема да може фамилија да храни а и на запад да оди, со таков карактер и знаење нема многу да направи.
Ја не велам да не го "здрма малку" али ако нема ефект нека бара други алтернативи .Може нешто друго го интересира тоа дете ,спорт,свирење виолина ,програмирање,може сака да биде бербер , има многу опции, секој по нешто го интересира нека пронајде што го интересира тоа дете и нека го едуцира и нека вложува во тоа што го сака ,ако веќе неможе да го натера да учи .Карактерот на детето е лош според тоа што го кажува зошто ги уценува неговите со глупости едноставно бара друг кривец за неговите постапки .Moже проблемот е и во родителите сите почетоци се од дома и од родителите (не ја знам ситуацијата ниту детето ниту родителите и неможам никого да судам ) .
 
Во ситуацијава очигледно најголем проблем е недостатокот на авторитет. Како родител тој/таа не смее да биде уценуван и некогаш е потребна т.н „tough love“.

Во дотичниов случај мислам дека нема врска работава со присилување да учи туку повеќе да стекне здрави навики.

Според мене мобилен телефон и/или нов компјутер не треба да бидат награда за он/а да учи.

Јас би предложил родителите да разговараат и да направат договор со детето.

Еве еден пример :

1.Родителот не треба да му забранува на детето да излегува надвор.(Глупаво и контрапродуктиво)
2.Родителот треба да го ограничи користењето на телефон и компјутер додека детето не ги извршило обврските
3.Детето треба да се согласи да постигне просечен успех(3-ка) по секундарни предмети и одличен успех (5-ка) по примарни предмети т.е во овој случај информатила, англиски, физичко.
4.Детето треба да си ја средува собата и да врши некоја работа по дома.(Пример изнесување на ѓубре)

П.С Идеално ова уште додека е мало ќе биде спроведено и кога ќе порасне веќе ќе има работна навика пошто како што расте станува се потешко не за џабе велат теле се учи, вол не.

П.С2 http://southpark.cc.com/full-episod...e0-aca6-0026b9414f30&position=7&sort=!airdate
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom