Пред два дена му реков на еден во пајак, дека на Јаја Паша може одма да напуни цел буџет, наместо празни да шпартаат по Партизанска и да чекаат некој без врски или педигре, да паркира лошо.
Ми рече - Ааа, страв ми е таму да идам.
Е сега можда намерно ми рече така, пошто нели тоа и очекував да го слушнам. а можда стварно се плаши.
Инаку за инспекцииве, свака част - еднаш у трилион години ќе отидат таму, а ваму секој ебан ден. Но, да не ситничариме, околу ова со инспекцииве по Сарај и сл. ме интересира следново:
- Секогаш кога праат акции (а тоа е многу често во неалбанските средини), даваат извештај по медиуми - толку казнети, толку пари казни пишано, толку за ова, онолку за она.... Баш ме интересира билансот сега кој ќе им биде после овие "акции". Јас секако, верувам во искреноста на оваа најнародна власт, ама има зли јазици кои ќе си помислат дека акцииве се само за мачкање очи. Еден отчет за сумите и видови казни, веројатно би им ги затнал муцките на неверните Томи, пошто ионака стално после акција УЈП даваат отчет. (слично како и МВР по сообраќајните акции за казнување, кои види чудо се дешаваат само во неалбански средини).[DOUBLEPOST=1415364980][/DOUBLEPOST]Инаку можда некој ќе си помисли дека израчувањето на овој од Планинска Бура, акцијава на УЈП и други некои работи кои се случија во периодов, имаат врска со изјавата на Заев, и евентуално ќе им служат како бафер на ефектот што би требало да го предизвика откровението најавено од Заев, а кое ги допира меѓунационалните односи.