Слушај батко тоа што се знам со Дац не значи дека треба да бидам доктор за велосипеди.И од каде ти е таа логика дека дац го знам од пред да стапи во брак односно односно како ги пресмета овие 3 години??
Дац го знам уште многу оддамна и каприолото го купив од кај него,па порано кога немаа сервис и кога беше послободен со саати останувавме да го среди токму тој нормално со кока кола и спра
јт во придружба
Каприолото го сервисирав кај него,не пред 3 туку и пред 5 години.А го знам многу одамна,уште од времето во Вучко.Значи а сме знаеме.и јас и ти,
Викаш погоре дека има тролови.Чекај малку зарем чичко кумплуг не е еден од тие кога највеќе трола на фејсбук.Наместо да воведе ред тој трола,и наместо да брише тој ги остава таквите огласи.Дали е така или не е така?Да не го правиме ч.кумплуг светец.
Јасно е дека човекот се прави чукнат али нема врска.Тоа што си ги преискористува привилегиите на спорти сејл не му дава можност и тука да го прави истото нели?
Значи се крие кога брише,се крие и тука.
Значи ниту се заканувам на некој член тука ниту планирам да се карам со некого овде,ниту па ќе изнесувам слики и профили од членовите зоцц,дац,мене,тебе и др.Немам причина да го правам тоа и не сум толку покварен.А и не гледам причина за тоа.
Едноставно
како што си рече и самиот ти во претходното мислење
Уште поглупо е да навлегувам во безпредметна расправа, и јас сметам така.
И нема потреба да вреѓаш дека сум бил буљотина на вивакастро,само за да го оправдаш ч.кумплуг.
Напротив мене вивакастро ми помогна со совети и го сметам за многу фер човек.
Не го очекував ова од тебе,бидејќи сум имал прилика да те запознаам лично.Дури и ти самиот помогаше кога ја лепевме гумата кај Дац.Дојде со оној лежечкиот велосипед кој го беше тазе склопил.Така ли е,и дали не го знам Дац од порано.И јас и ти имаме седено во исто време таму,ама тука малку избрза да напишеш нешто,притоа незнаејќи за кого станува збор.
Многу веројатно е да го знаеш и ти чичко кумплуг,особено ако одиш во последно време таму.Знам и јас за кој човек станува збор,иако сум немал прилика да зборам со него,сепак го имам видено,а пред некој ден како што напоменав и претходно човек кој седи во последно време повеќе во бајк маркет го знае,и револтиран од форите негови кои ги прави на форумов ми напомена дека станува збор за зоцц.
Сакав само вистината да испадне на видело и некои луѓе да не си дозволуваат да не прават нас членовите будали.
И ако некој треба да е баниран тоа треба да е зоцц овде.Бидејќи си дозволи како (божем познаник на чичко кумплуг)да не лаже овде на форумов.
Мислам срамота е да вреѓаме луѓе како Дац и вива крато,кои немаат никаква врска ниту со тролање на фејсбук односно овде,ниту се лоши луѓе и да им префрлуваме на нив вина,за нешто што го прави ч.кумплуг.
настрана од тоа дека ми е мене дац познаник или пак тебе кумплуг
Да си признаеме и да бидеме фер кој е крив заради оваа ситуација.
Ова го пишувам бидејќи еден член претходно напиша дека Дац бил еден од кривците што била ваква ситуацијата на Спорти сејл.Заради тоа и застанав во негова одбрана.Неможе човек кој не прави ништо на спорти сејл од немање време,да се криви,а некои други администратори кои го упропастуваат спорти сејл да се задскираваат.Провери и види дали во изминативе две-три години или од кога и да постои спорти сејл се правени вакви глупости и тролања како последнава година и никој да не реагира и ќе видиш самиот дека ја зборам вистината.
И нема потреба од бранење.Само фер и искреност.