Општи вело муабети, прашања, совети

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.655
Поени од реакции
35.528
Алмир тхе кинг, ристо и тошо струмица,а сега во последно време и некојси мартин Петров(може е и оддамна но јас сега го имам приметено)
Се согласувам за овие наведените (а посебно за подвлечените двајца). Заради нив престанав да го пратам спорти сејл... мука е бе бачка да се сее низ сито и решето ѓубрето од спам што постираат наведените спамери, само за да најдеш пар постови кои вреди да се разгледаат.

Не ми е јасно зошто модераторите ги толерираат толку, и зошто не постават некој неделен лимит за правење нови постови. Или сите на куп (Кумплунг и Дац и кој е се таму) се глупи, или па нешто навистина е матно.

BTW кој е уствари чичко Кумплунг IRL?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
28
Поени од реакции
7
Druze nemoj ti se molam specialized i polar da sporeduvas.I od kade toa deka 29ka ne e za nekoj pod 185.Vo golema zabluda si
Добро, за 29-ката донекаде може да се сложиме, сепак тоа е нешто субјективно, но никој не треба импулсивно да избира 29-ка пред да ги проба и велосипедите со помали тркала. Искрено, јас не сум возел 29-ка, ама од тоа што го прочитав и дознав во разговор со други луѓе е дека не е за пониски од 185 цм. Можеби тоа не е точно, ќе видиме, времето ќе покаже.

Што се однесува до дебатата помеѓу Polar и Specialized, не можам да се сложам. Велосипедите се само склоп на делови кои даваат една целина, ништо повеќе. Зар Tourney на Specialized е подобар од Alivio на Polar? Ако сакаш да дадеш неколку илјадарки повеќе и да имаш пониска класа на делови а притоа да имаш различна, позвучна комбинација на букви на рамот, само повели. Овојпат ти си во заблуда.

Гледај, ако не си навикнат на ништо... тоа е уште подобро за тебе. Ти си сега како табула раса, кој стандард и да го одбереш -ако точакот е квалитетен ќе се навикнеш на тој стандард, 26 или 29 (или на средина)... сеедно. Но ако точакот не го бива, ќе ти служи за украс (нема да го возиш) или па ќе се распадне за кратко време (после пак нема да го возиш).
Се сложувам. План ми е да одам градуално, од 26 на 27,5 па од 27,5 на 29 и тогаш најдобро ќе знам што ми одговара.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.655
Поени од реакции
35.528
План ми е да одам градуално, од 26 на 27,5 па од 27,5 на 29 и тогаш најдобро ќе знам што ми одговара.
Има некоја логика во ова што го зборуваш. Јас на жалост немам пари за да поминувам низ 3 точаци, па планирам да земам еден точак од 900-1000е наместо 3 од по 300евра... ;)

Велосипедите се само склоп на делови кои даваат една целина, ништо повеќе. Зар Tourney на Specialized е подобар од Alivio на Polar?
Баче, буквално исто размислував како тебе.... ама баш исто.
Но сега правам разлика, пред се во рамките... кои се најважен дел од велосипедот. Не е само деловите да бидат одбрани како што треба, туку и рамката.
Е сега ако мислиш дека рамка од Polar е иста со таа на Specialized, тука си во голема заблуда.

Геометријата и дизјанот на рамката, па изработката, па материјалот... сето тоа прави огромна разлика.
Дури и со ист дизјан, изработка и дизјан на една рамка, само разликата во материјалот прави голема разлика во самото возење.
Алуминиум = евтин, крут, добар за спринтови нагоре, лош за се друго, пренесува вибрации 100%.
CF = прекрасен за дизајнирање, добар ал-роунд, добро „впива„ вибрации, слабост му е што лош страничен удар во карпа или сличен тврд крут предмет може да го искрши, слабост му е и цената
челик (мојот фаворит) = траен, супер „впива„ вибрации, но тежок за работа и ретко кој го употребува

Значи... не мора премногу да анализираш (како јас), ама пак ќе ти повторам :) Расчисти за што купуваш точак и каде сакаш да го возиш. Расчисти со себе колку пари мислиш да дадеш, и купи си нешто асално... наместо да планираш да мењаваш три (несоодветно квалитетни) точаци.
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678

Многу добро напишано, деловите се менуваат за подобри, рамката останува. И те како се разликуваат тие на Specialized или било кој супербренд од тие на Polar. Не споредлива разлика во квалитет, геометрија, издржливост, управливост и тежина.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.655
Поени од реакции
35.528
И те како се разликуваат тие на Specialized или било кој супербренд од тие на Polar.
Не знам дали кажав дека Canyon даваат 5 години гаранција за рамката (и бесплатен шипинг до/од Германија). Не знам зошто чарџаат 300евра за шипинг на нов точак до Македонија, да беше како за во соседството сигурен сум дека повеќе од пола од луѓево овде ќе возеа Canyon.
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Не знам дали кажав дека Canyon даваат 5 години гаранција за рамката (и бесплатен шипинг до/од Германија). Не знам зошто чарџаат 300евра за шипинг на нов точак до Македонија, да беше како за во соседството сигурен сум дека повеќе од пола од луѓево овде ќе возеа Canyon.
Не знам ни јас, само знам дека за друга ствар што нарачував од горе, шипингот беше поголем од тој за Грција, која географски е поделеку од нас. Ј*би га, ЕУ.....
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.655
Поени од реакции
35.528
Не е до тоа само, кај нас овде е проблемот -имаме некои ретардирани регулации и давачки за внес на роба.
Ваљда штитат домашно производство на велосипеди. :-P
 
Член од
18 август 2011
Мислења
47
Поени од реакции
5
Поздрав дечки, извесен период се двоумам при избор на велосипед. Немам големо познавање од квалитет на делови, па би ве замолил за помош. Претежно велосипедот ќе биде возен низ град, за викенди низ планински патеки, околу Мавровско езеро, Водно и слично. Се двоумам помеѓу Cube и Speciallized, конкректно помеѓу овие два модела:

http://www.pro-sport.com.mk/Default.aspx?id=8554411c-68ed-43ef-94ff-0faeb08d7490
http://www.cube.eu/en/bikes/mtb-hardtail/aim/cube-aim-disc-29-whitenrednblue-2015/

Ако има и други модели за +/- сума околу 30.000 ден. што би биле подобри би сакал да прочитам мислења пред да појдам во продавница за да барам конкретен модел.

И да, диск кочници не би сакал да имам затоа што V-brake сите мои очекувања што ги наведов погоре убеден сум дека би ги задоволиле, па доколку имате информација дали во продавнициве нудат опција да се заменат кочниците при купување во ред, доколку не да барам само со V-brake.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.793
Поени од реакции
5.577
Не знам дали кажав дека Canyon даваат 5 години гаранција за рамката (и бесплатен шипинг до/од Германија). Не знам зошто чарџаат 300евра за шипинг на нов точак до Македонија, да беше како за во соседството сигурен сум дека повеќе од пола од луѓево овде ќе возеа Canyon.
Не знам ни јас, само знам дека за друга ствар што нарачував од горе, шипингот беше поголем од тој за Грција, која географски е поделеку од нас. Ј*би га, ЕУ.....
проблемот е наречен осигурување од македонски пошти, наплаќаат изгор зашто се увидоа дека кај нас некој работи магично испаруваат, плус како што пиша зоцц не сме во ЕУ и тоа многу значи.
Иначе крајната цената што они ја бараат за грците/бугарите и нас има минимална разлика и ние сме пак малку поскапи. Додека кога ќе ги пресметаш сите останати давачки кај нас излегува ѓавол ипол да порачаш кањон
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
28
Поени од реакции
7
Има некоја логика во ова што го зборуваш. Јас на жалост немам пари за да поминувам низ 3 точаци, па планирам да земам еден точак од 900-1000е наместо 3 од по 300евра... ;)
Нормално дека нема да ги менувам за краток период. Не ги берам ни јас парите на дрво. Веќе 10-тина години возев 26-ка MTB. Сега земав 27,5-ка, па здравје за некоја година можеби и 29-ка.

Баче, буквално исто размислував како тебе.... ама баш исто.
Но сега правам разлика, пред се во рамките... кои се најважен дел од велосипедот. Не е само деловите да бидат одбрани како што треба, туку и рамката.
Е сега ако мислиш дека рамка од Polar е иста со таа на Specialized, тука си во голема заблуда.

Геометријата и дизјанот на рамката, па изработката, па материјалот... сето тоа прави огромна разлика.
Дури и со ист дизјан, изработка и дизјан на една рамка, само разликата во материјалот прави голема разлика во самото возење.
Алуминиум = евтин, крут, добар за спринтови нагоре, лош за се друго, пренесува вибрации 100%.
CF = прекрасен за дизајнирање, добар ал-роунд, добро „впива„ вибрации, слабост му е што лош страничен удар во карпа или сличен тврд крут предмет може да го искрши, слабост му е и цената
челик (мојот фаворит) = траен, супер „впива„ вибрации, но тежок за работа и ретко кој го употребува

Значи... не мора премногу да анализираш (како јас), ама пак ќе ти повторам :) Расчисти за што купуваш точак и каде сакаш да го возиш. Расчисти со себе колку пари мислиш да дадеш, и купи си нешто асално... наместо да планираш да мењаваш три (несоодветно квалитетни) точаци.
Не гледам факти кои докажуваат дека рамката на Specialized (кои колку за информација се 49% во сопственост на Merida) е подобра од рамката на Polar во ист или сличен ценовен ранг. Сите рамки на велосипедите од ниска и средна класа (најчесто направени од алуминиум) доаѓаат од Далечниот Исток и се правени по слични стандарди. Тоа е факт. Не навивам за Polar, само пробувам да ги гледам работите објективно. Ако некој ми го докаже спротивното, со задоволство ќе го сменам мислењето и ќе признаам дека не сум бил во право.

Не знам дали кажав дека Canyon даваат 5 години гаранција за рамката (и бесплатен шипинг до/од Германија). Не знам зошто чарџаат 300евра за шипинг на нов точак до Македонија, да беше како за во соседството сигурен сум дека повеќе од пола од луѓево овде ќе возеа Canyon.
Овој бренд нуди одличен сооднос на цена и класа на делови. Се надевам дека некој ќе се нафати да ги увезува во Македонија.
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Поздрав дечки, извесен период се двоумам при избор на велосипед. Немам големо познавање од квалитет на делови, па би ве замолил за помош. Претежно велосипедот ќе биде возен низ град, за викенди низ планински патеки, околу Мавровско езеро, Водно и слично. Се двоумам помеѓу Cube и Speciallized, конкректно помеѓу овие два модела:

http://www.pro-sport.com.mk/Default.aspx?id=8554411c-68ed-43ef-94ff-0faeb08d7490
http://www.cube.eu/en/bikes/mtb-hardtail/aim/cube-aim-disc-29-whitenrednblue-2015/

Ако има и други модели за +/- сума околу 30.000 ден. што би биле подобри би сакал да прочитам мислења пред да појдам во продавница за да барам конкретен модел.

И да, диск кочници не би сакал да имам затоа што V-brake сите мои очекувања што ги наведов погоре убеден сум дека би ги задоволиле, па доколку имате информација дали во продавнициве нудат опција да се заменат кочниците при купување во ред, доколку не да барам само со V-brake.
Од овие двата што си ги постирал, дефинитивно Cube-от. Има подобри делови и хидро кочници. Немој да се зезнеш со механички, нон-стоп ќе ги штелуваш.
Новиве точаци кои фабрички доаѓаат со диск, немаат опција (ушки) на рамката за вибрејк. Ништо од менување. И да има, ќе треба и бандажи да менуваш.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.793
Поени од реакции
5.577
Овој бренд нуди одличен сооднос на цена и класа на делови. Се надевам дека некој ќе се нафати да ги увезува во Македонија.
Колку што знам се продаваат само по нарачка од фабрика ама може и да имаат дистривутери во некои од земјите кај што не испорачуваат по пошта.

Иначе она за рамките до некаде се сложувам, има разлика од оние супер бренд рамките до овие поефтиниве ама па и не се страшно големи се наоѓаат и послаби брендови со супер рамки. Плус за македонските услови помаливе брендови с еподобри ако сакаш да имаш добра опрема ако сакаш да бидеш фаца на кеј наравно е да ги дадеш истите пари за звучна рамка а послаба опрема.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.655
Поени од реакции
35.528
Овој бренд нуди одличен сооднос на цена и класа на делови. Се надевам дека некој ќе се нафати да ги увезува во Македонија.
Работат само продажба директно со муштерии, воопшто не работат со дилери. Затоа и нудат поевтини цени, пошто ги прескокнуваат посредниците.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
233
Поени од реакции
93
Се согласувам за овие наведените (а посебно за подвлечените двајца). Заради нив престанав да го пратам спорти сејл... мука е бе бачка да се сее низ сито и решето ѓубрето од спам што постираат наведените спамери, само за да најдеш пар постови кои вреди да се разгледаат.

Не ми е јасно зошто модераторите ги толерираат толку, и зошто не постават некој неделен лимит за правење нови постови. Или сите на куп (Кумплунг и Дац и кој е се таму) се глупи, или па нешто навистина е матно.

BTW кој е уствари чичко Кумплунг IRL?
Чичко Кумплуг е членот Zocc/
Oва денес што го дознав од еден другар кој притоа бил скаран со човекот кој стои зад чичко кумплуг алиас токму зоцц од форумов.И јас се посомневав во ова,по неговите одбрани на кумплуг и оправдувања за неговите постапки.Но по ова денес што го слушнав само си ги потврдив сомневањата.

Ако е тоа вистина Vanlok,oдносно чичко кумплуг е зоцц од форумов можеме да го прашаме членот зоцц алиас ч.кумплунг како еден од администраторите зашто не реагира како што треба
И vanloк верувај но Дац нема врска со групава.Он ретко кога и да се замара да биде администратор на sporty sale.Ставен е на почетокот бидејќи е еден од оснавачите на групата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom