Дека гавраните имале разум па дури и планирале, тоа е израз на ментално слепило кое совршено се „уклапа„ во дарвиновско-марксовиот материјализам и натурализам: кога гавраните навистина би имале такви спообности, тогаш нивните врвни разумни домети би биле дел од некој училиштен предмет-а не се. Човековата историја не памети дека некое неразумно битие може да твори нешта, кои се својствени само за разумните битија.
Според црковниот светоглед, но и според нештата кои се појќе од очигледни, животните (и растенијата) се бесловесни/неразумни битија, кои имаат ограничени ментални способности и не можат да ги надминат тие нивни вградени ограничувања, за разлика од човекот, кој е поканет и насочен кон вечноста, во која ќе може бесконечно да Му се уподобува на својот Бог и Спасител.[DOUBLEPOST=1415311090][/DOUBLEPOST]
Ќе реагираат една со друга.
На пример, 2 атоми водорот ќе се спојат со 1 атом кислород и ќе настане вода-под одредени околности.Тоа што тие два хемиски елементи имаат можност за спојување, тоа не значи и дека од водата ќе настане барем еднокелиско а камо ли некое живо и разумно битие.