Lord of the Rings трилогијата + Хобитот

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
@Vanlok Има меѓурасна романса во делата на Tolkien. Thingol & Melian елф и мајар, Beren & Luthien човек и елф, Aragorn & Arwen човек и елф. Еве се согласувам дека романса помеѓу Tauriel & Kili е глупаво и тој детал не ми се допадна во филмот бидеќи знаеме дека постои големо ривалство меѓу џиџињата и елфовите уште од The Silmarillion кога Thingol е убиен од џиџињата. Но ова може да се оправда до негде бидеќи знаеме од LotR дека пријателство е возможно со примерот на Gimli и Legolas.

Тоа што Legolas не е спомнат во The Hobbit не е криминал да го има во филмот чисто за повеќе познати фаци и како што ти рече обид да се преточи во prequel. Не е погрешно затоа што знаеме од LotR дека му е син на Thranduil. Со самиот факт дека е бесмртен можеме да претпоставиме дека бил присутен во случувањата во The Hobbit.

Џуџињата и во книгата се до негде comic relief освен Thorin. Џуџињата не сакаат да ризикуваат и затоа го праќаат Bilbo да ги врши прљавите работи за нив. За ликот на Bilbo целосно се согласувам. Дебелиот се вика Bombur кој паѓа во поток, clumsy as fuck, па после го влечат низ Mirkwood. Но ова нема немаше да функционира на филм и џуџињата ќе изгубеа во мобилност а публиката ќе имаше помалку акциони сцени.

Не се напињај до толку пеер филм е, мора да се задоволи публиката пред се и да се оправдаат инвестициите на продуцентите. Од цела кино сала колку луѓе ги знаат овие детали? Ја разбираш поентата. :)

Јас научив било која адаптација на книга во филм да ја земам со резерва и на тој начин без цепидлачење да уживам во двете. Desolation of Smaug од филмски аспект како блокбастер беше одличен. Од аспект на книгата и воопшто светот на Tolkien за мене лично беше задоволителен, сижето на приказната е пренесено во глобала. Се разбира секогаш може подобро, ако ништо друго бар во квалитет да беа еднакви со LotR.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Да беше точно по книгата, само еден филм ќе беше и ќе беше се набрзина. Сите што сме ја прочитале книгата знаеме колку кратко е опишана секоја посета на дружината во Ривендел (пишано е само колку дена поминале таму и толку) или пак како не е опишана посетата на Гандалф кај Некромансерот. Можеби Тауриел и романтиката со Кили не беше потребно, но тоа го прават заради поголемата публика, која чувствува недостаток на женски карактери.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Мора да постојат и елфици, ако е Arwen единствената, а веќе си најде дечко, тогаш the elven race is doomed. Сомнително е што пуштаат долги коси машкиве елфови, хммм...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.313
Поени од реакции
34.906
Од друга страна се бесмртни (од аспект на стареење) па опстанокот на расата не е толку загрозен. Едниствено проблем е миграцијата, пошто ја напуштаат Средната земја.
А машките елфови, не само што сите се долгокоси, туку и повеќето се некако феминизирани. Баш сомнително... ;)

Инаку ако веќе се мешаат, тогаш нели Орките им се генетски најкомпатибилни? (Моргот(х) Орките ги направил од „измачувани„ виловњаци)
Како што запнале со gore сцени во двете продолженија на Хобитот, R рејтингот нема многу да им се смени со една софт-порно сцена, со Тауриел и Азог. Као Орките ја заробуваат Тауриел и потоа Азог и „наплаќа„ за сите убиени во сцената со бурињата во реката. Што да не, тотално во духот на „подобрувањата на сценариото„ од страна на Џексон.
Се за поголема гледаност, нели? ;)
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Од друга страна се бесмртни (од аспект на стареење) па опстанокот на расата не е толку загрозен. Едниствено проблем е миграцијата, пошто ја напуштаат Средната земја.
А машките елфови, не само што сите се долгокоси, туку и повеќето се некако феминизирани. Баш сомнително... ;)

Инаку ако веќе се мешаат, тогаш нели Орките им се генетски најкомпатибилни? (Моргот(х) Орките ги направил од „измачувани„ виловњаци)
Како што запнале со gore сцени во двете продолженија на Хобитот, R рејтингот нема многу да им се смени со една софт-порно сцена, со Тауриел и Азог. Као Орките ја заробуваат Тауриел и потоа Азог и „наплаќа„ за сите убиени во сцената со бурињата во реката. Што да не, тотално во духот на „подобрувањата на сценариото„ од страна на Џексон.
Се за поголема гледаност, нели? ;)

ne mesaj george r.r. martin i tolkien te molam ;)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.313
Поени од реакции
34.906
Toa на Питер Џексон кажи му го. ;)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.339
Поени од реакции
84.549
Ах, уште три саати тркалање џуџиња. Едвај чекам.
(кој знае дали и во Битката на петте армии, ќе се борат со тркалање наваму-натаму)
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Третиов дел ќе има 45 минути посветено на битката на 5те армии. Некако ме радува што испадна трилогија, повеќе време за оваа битка да се прикаже како што заслужува. Се надевам ќе биде епик како битките пред Minas Tirith и Helm's Deep.

http://www.christiantoday.com/article/the.hobbit.3.the.battle.of.the.five.armies.director.peter.jackson.45.minute.battle.scene/42350.htm
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.356
Поени од реакции
18.459
Дали само ја го приметувам некако ефектов,луѓево(а и околината) светкаат ко во некој нискобуџетен филм со самовили на телма што го давале?Еве споредете со претходните филмови со снимката од трејлерот.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Епа 10 години подоцна повеќе CGI и помалку простетика си го прават своето. Целата трилогија не е толку темна и е со поголема доза на хумор. И јас би сакал да биде потемна фантазија и да користат вистински актери со простетика. LOTR го дигна стандардот на овој жарн и тешко некој да го надмине во скоро време.

Има работи кои изгледаат ептен очигледно дека се CGI, дури би рекол и cheesy како што се Wargs, Azog, Bolg и Goblin King. Од друга страна се гледа дека е ептен напредната CGI технологијата од LORT времето навака. Гледај колку детално и воочливо делуваат Lake Town, Woodland Realm, Dol Guldur и останатите сетинзи. Исто така според мое лично мислење Smaug е најдобрата CGI анимација и модел на змеј во било кој филм досега. Golum е CGI и motion capture совршенство. Битката, или отпорот поточно, во вториот дел помеѓу Gandalf со сенката на Sauron изгледаа феноменално, и звучно и визуелно, ова во кино ме остави со подотворена уста. Значи не дека има само негативни страни во поглед на визуелните ефекти, има и многу позитивни. :)

Третиов дел ќе биде помрачен од останатите 2, со повеќе акција и епски борби. Не верувам дека ќе го помине The Return of the King во поглед на квалитет но тоа не ми е воопшто битно за да уживам во тие 2-3 часа. Само се надевам дека повторно ќе го донесат во Cineplex во HFR 3D. Многу ми се допадна флуидноста на оваа технологија за акционите сцени, се приметуваа сите детали и не ми ги уморуваше очите.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Мора да постојат и елфици, ако е Arwen единствената, а веќе си најде дечко, тогаш the elven race is doomed. Сомнително е што пуштаат долги коси машкиве елфови, хммм...
Злонамерните ќе кажат дека ни џуџињата се немаат прославено со женствени припаднички на џуџестиот род. Само бради и секири на сите страни. Гимли нема женска, а некако ептен се зближи со Леголас. А првин се караа. Дури и на одмор заминаа заедно. Чудно.
Како бе така, 12 џуџиња заминаа во опасна авантура, а ни едно не пропека за женската што го чека да се врати дома за да прават кепеци и да романтично копаат во рудниците?
А ни Билбо немаше девојка. И оп, Гадалф (Сер Јан Меккелен) и 12 џуџиња на врата. Дури и на Снежана 7 и беа доволни. Овој некако ептен ненаситен испадна. Или не?
Фродо, Сем (и Голум!) се посебна (перверзна) прича.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom