Islamot nikogas ne bilo legolo na nasilstvo
Полемиката започната во дијалошката емисија на Бил Махер на американскиот канал ХБО и нападите кои ги започна воведувачот и гостинот на емисијата Сам Харис и одбраната на познатиот актер Бен Афлек, не беа ништо друго освен врв на ледениот брег меѓу десетина програми, написи и истраги започнати со цел исламот да се претстави како интелектуално легло на крваво насилство, проживеано низ организацијата Исламска Држава Ирак и Левант, покрај ограноците на Ал-Каида во бројни муслимански држави.
Интересно е да се напомене дека сме читале голем број написи и коментари во арапските весници кои го следат овој тренд во изнесување обвинувања дека исламот е легло на насилство, додека медиумите кои ги финансира Иран одат во друга насока, па така обвинувањата ги насочуваат кон таканаречениот вехабизам, понекогаш и кон селефизмот како интелектуален правец.
„Ако исламот е вера која претставува легло на насилството, како што тврдат овие, зошто тогаш во неговата понова историја, од почетокот на исламското будење во почетокот на осумдесетите, не е забележан ваков размер на насилство како она што го следиме овие денови, кое всушност настанало како резултат на одредени околности.“ Овде треба да се напомене дека одбраната на Бен Афлек и останатите претставува друга страна на сликата, поради тоа што на Запад постојат и бројни непристрасни гласови кои се противат на расистичкиот поглед на верата која ја следат повеќе од милијарда и пол луѓе само поради тоа што некоја група, или некои групи, ги извалкале рацете со крв.
Крвавите Асадови походи
На почеток се наметнува следново прашање – дали вооруженото насилство во принцип е производ на идеи и религии, или тоа насилство е резултат на објективни околности кои му пружаат можност за настанок и развој? Ако исламот е вера која претставува легло на насилство, како што тврдат овие, зошто тогаш во неговата понова историја, од почетокот на исламското будење од почетокот на осумдесетите, не е забележан ваков размер на насилство како оној што го следиме овие денови, кое заправо настанало како одговор на американската инвазија на Ирак, а потоа како одговор на секташството на Нури Малики и крвавите походи на Башар ел-Асад? Дали тоа синовите на исламското будење биле немарни кон текстовите на кои се потпира организацијата ИСИЛ во контекст на оправдување на она што го прават, или подобро кажано, дали самиот Осама бин Ладен бил неупатен во тие текстови додека во своите пораки ги критикувал некои од тие пракси, што покажуваат неговите писма изнесени пред јавност во рамките на документарниот филм познат како Abbottabad, ili West Point, кои ги објавиле самите Американци?
Вистина е дека идеите не се основни придвижувачи на насилство, иако се употребуваат (било овосветските или небеските) како тоа би се оправдало против другиот - неверникот. Она што навистина доведува до насилство се објективните околности, нема религија, ниту доктрина, а да меѓу нејзините следбеници не се појавила група која во одреден период посегнала кон вооружено насилство. Нема идеологија а да не го употребила насилството, за што сведочи и насилството од првата половина на 20 век, која во повеќето свои манифестации беше левичарско, после што од левицата се изроди уште понасилната радикална левица... Овде треба да напоменеме дека во исламските свети текстови нема оправдување за насилство кон другиот, освен кон агресорот: „И борете се на Аллаховиот пат против оние кои се борат против вас, но вие не ја започнувајте борбата! (Ал-Бекара, 190)
Вадење од контекст
Но, поедини текстови од Куранот и праксата на Пратеникот, с.а.в.с., можат да бидат извадени од контекст со цел да се оправда примената на различни видови на насилство, настанати како резултат на објективните околности. Кога ќе престанат дадените околности, оние кои го следеле ова насочување најчесто се повлекуваат или ги преиспитуваат тие ставови, како што се случи со голем број вооружени групи во Египет, Либија и на другите места во крајот на минатиот век. Наспроти тоа, оној кој го чита Стариот завет ќе воочи дека тој е многу јасен во оправдувањето на насилството кон другите, поради основното правило дека има посебни Божји „синови“. „Бог“ овде практично се претвора во војник кој служи на својот народ и издава наредби за покренување геноцидни војни против неговите непријатели. Доколку некој ги следи поедините мислења на рабините на ционистичкиот ентитет, може да воочи дека тоа е изворот кои тие го следат. Меѓутоа, никој не се ни осмелува да го критикува тоа, посебно на Запад. Треба да се има на ум и тоа дека Евреите во холокаустот не биле палени од муслиманите, како и фактот дека Евреите во потрага кон сигурност, бегале во муслиманските земји. Целата работа не запира само на Стариот Завет, туку се однесува и на другите религии, вклучувајќи ги и оние кои повикуваат на толеранција, како будизмот, на пример. Тоа најдобро ни го покажува примерот на сето она што се случи против Рохинга муслимани во Мјанмар. Не ни треба појасен доказ од тоа дека будистичките свештеници ги оправдуваат овие крвави и безумни убивања на муслимани.
Што е уште полошо, во контекст на оваа приказна, нападот е покренат од ирански медиуми, кои будат слепо насилство кон селефиите или како тие сакаат да ги нарекуваат „вехабиите“, додека сите знаат дека манифестацијата на исламското вооружено насилство не започнало од селефиите, како во Сирија на почетокот на осумдесетите, или во Египет порано или некогаш подоцна. Не треба да се заборави дека Хизб Ал-Дава, една од најистакнатите шиитски партии, беше од оние кои го прифатија принципот на вооружено насилство во борба против ирачкиот режим. Дури и првиот самоубиствен напад кој го памти современата историја носеше потпис на оваа партија, Хизб Ал-Дава, чија мета беше ирачката амбасада во Бејрут 1981 година. Не треба да се заборави ни тоа дека шиитската милиција во Ирак од почетокот на инвазијата па до сега ги извршува најбруталните убивања.
Да се пазиме од генерализации
Оваа приказна која би можела долго да потрае доколку би се наведувале сите примери и докази, ја заклучувам со ставовите од написот на американскиот коментатор Николас Кристоф, објавен во The New York Times, на кој се потпре и актерот Бен Афлек во својата одбрана на исламот. Тој вели: „Историјата не го познава исламот како нетолерантен; тој на почеток ја подигна вредноста на жената и секој кој ја чита историјата, дури и во 20 век, нема да го критикува исламот и не може да го гледа исламот како вера која сака крв. Факт е постоење на христијански нацисти и комунисти во Европа, како и будисти, хиндуси и атеисти во Азија кои ги надминале сите рекорди во масакри.“ Кристоф уште додава: „Мораме да се пазиме од генерализација на било која религија, бидејќи тоа понекогаш доведува до карактеризација на религијата и изедначување со расизмот. Хиндуизмот го изроди Ганди, како и екстремистите кои го убија.“ Водачот од Тибет Далај Лама денес се смета за пример за човештвото. Меѓутоа, петиот Далај Лама 1660 година наредил убивање на деца како „кршење на јајца од камен“. Христијанството го има ценетиот Мартин Лутер Кинг, но го има и папиниот претставник кој во 13 век наредил масакр на 20.000 мажи, жени и деца во Франција, обвинувајќи ги за ерес. Се збори дека извикнувал: „Убијте ги сте, Господ ќе знае кои се неговите слуги!“
Извор: Ал Џезира Балканс[DOUBLEPOST=1414960917][/DOUBLEPOST]
Што мислиш од кај ИСИС има толку пари? Од кај логистика за војската, оружје, храна, униформи, радио-комуникациски врски, механизација, плати за војниците и др.?
Парите ги добиваат така што им продаваат ефтина нафта на САД. Со тие пари ИСИС обезбедува сѐ што им е потребно и регрутира нови доброволци, а САД со евтината нафта си ја обезбедува својата економија да биде конкурентна во светот, а со тоа и им продава оружје на ИСИС кое инаку треба да го фрли зашто ќе 'рѓоса, а во исто време и ги бомбардира. Со тоа го навлекува гневот на останатите муслимани во Сирија и Ирак кои се придружуваат на ИСИС да им се одмаздат на Американците. И сѐ така во маѓепсан круг.
Koj ja sozdade isis ova ubistvena organizacija spored tebe?