Ѕидна мапа на светот.. ентериер

  • Креатор на темата Креатор на темата tomsaso
  • Време на започнување Време на започнување
Во Pano-Media тие изработуваат огромни плакати со висока резолуција и тие истите го поставуваа на билборди и слично и прашај кај нив дали изработуваат .
Инаку што ќе ви е МАПА за во соба ,да не правите воена стратегија за трета светска војна ???:D
 
Мапа на светот ... хмм ... И јас сакам мапа на светот, ама не на Земјата.

Дајте од Монго, Westeros, Middle Earth, Skyrim.. E такво нешто сакам на голем ѕид да опнам, и во 3Д текстура да биде (како OP што вика, "топографски").
 
Ова мислам дека под ентериер спаѓа па ако не е тука преместете го модератори..

Сакам да наместам на ѕидот мапа на светот.. Треба да биде топографска со обележани планини во нијанси, и истовремено и да бидат и границите обележани на државите и барем главните градови.Тексот на мапата сакам да биде на англиски или македонски


Димензиите се прилично големи значи 2.1 метра на 1.3 метра..


Каде можам да најдам за да купам ваква мапа???


Најдов еден со принтерски студио се нафаќа да ми испечати таква карта за 2000 денари.. Проблемот е што не можам да најдам слика во висока резолуција што е и топографска и гранции што се обележани.. Значи да биди како од атлас картата..


Дали некој може да ми најде слика што ќе одговара на тие димензии за печатење, или пак да ми каже од каде можам да купам готова таква мапа?

Сега мапа или карта? Топографска карта (мапа) како што бараш ти со планини во нијанси па според бојата да ја одредуваш висина, па граници, главни градови, меридијани, напоредници, висински точки, изохипси, еквидистанции и други глупости е премногу тешко. Таа профи топографска можеш да ја најдеш во Републичка геодетска управа или МО. Ако некој се смилува да ти ја даде во jpg формат затоа што веќе ги имаат дигитализирано па да ја испринташ тоа е друго а на нет нема шанси да ја најдеш баш како што ја опиша. Плус и размерот треба да го приспособиш со собата т.е. со големината на ѕидот ако сакаш нешто да видиш.

Да ти предложам нешто друго ако имаш малку подлабок џеб можеш да најдеш некој уметник па да ти ја нацрта на ѕид со обични или флуоресцентни бои па да ти свети навечер али обичната карта на светот.

World+Map+7-3-2012.jpg


или па од шпердплоча да ти ја изгравираат само мапата во вид на контури и за си ставиш позадинско светло

15592.jpg


Мислам и да најдеш некоја мапа од google страв ми е да не се разочараш од принтот затоа што за принт со толкави размери ти треба некоја предобра векторска, а границите се менуваат и прекројуваат, Крим, Доњецк, РС, Палестина итн.
 
Ако има пари - можат custom-made 3D мапа да му направат, да бидат видливи планинцките венци, депресии во копното итн.

Али ќе кошта. Особено како што тука немаме такви надарени уметници кои би завршиле работа (или јас не сум запознаен дека имаме такви).
 
Ако има пари - можат custom-made 3D мапа да му направат, да бидат видливи планинцките венци, депресии во копното итн.

Али ќе кошта. Особено како што тука немаме такви надарени уметници кои би завршиле работа (или јас не сум запознаен дека имаме такви).
3d принтер, 1 сат работа за програмирање и околу 500 евра за специјалната пластиката ама крајниот производ ќе биде со една боја.
 
3d принтер, 1 сат работа за програмирање и околу 500 евра за специјалната пластиката ама крајниот производ ќе биде со една боја.

Poentava e da ne bide ednobojna :D

Zatoa rekov deka nemame takva tehnika ovde za 100% da se irazboti kako sto e zamisleno
 
Фала ви на сите за коментарите.. Доста различни идеи прочитав..

Она што го барав јас не е топографски, туку онаа школска физичка карта.. Како што имавме на час по географија.. Е сега такава постира некој линк најдовме за 1900 да се купи .. Само работата е што 1.4м х 1м се димензиите.. а јас би преферирал над 1.9м х 1.3м. ..

Енивеј највероватно ќе си ја купам оваа од 3Д Макс 1.4х1.. Оти стварно ми е сумливо ова со принитот.. Ми викаат најди си слика ќе ти испечатиме.. А тоа не ми е баш сигурно оти големи димензии може никаков квалитет да излезе.. А за да најдам асолна слика ќе треба да ја купам на интернет.. Ако веќе купувам подобро да купам готова карата.. Иако со принтањето ќе ми испритнатаат 2.1м х 1.35м или 2,835 м2 за околу 2000 ден или отприлика 700 денари од квадрат..
 
Вакво нешто мислиш? Оваа ми е в соба, димензии незнам прецизно не ми се мери сега ама од прилика 1.5 на 1 метар веројатно. Во Македонија незнам дали и каде може да се најди, јас оваа во супермаркет ја начекав за 3 евра. Имаше и доста поголеми за 5-6 евра само не ми требаше мене толку голема.
 

Attachments

  • IMG_20141102_131918~2.jpg
    IMG_20141102_131918~2.jpg
    870,6 KB · Прегледи: 40
Обрати се до "Три Макс" (имаат и книжари низ градот) они изработуваат карти/мапи и сигурно имаат и во векторски формат па прашај колку би коштало да ти направат една карта во димензии по желба.

Sent from my U8600 using Tapatalk 2
 
Вакво нешто мислиш? Оваа ми е в соба, димензии незнам прецизно не ми се мери сега ама од прилика 1.5 на 1 метар веројатно. Во Македонија незнам дали и каде може да се најди, јас оваа во супермаркет ја начекав за 3 евра. Имаше и доста поголеми за 5-6 евра само не ми требаше мене толку голема.
Бадијала си ја купил.. .. претпоставувам во Германија поради Die Welt ..

А се мислев Der Welt беше.,,,
 
Оваа мапата што беше во 3 Макс не е 1900 како што пишува на сајтот туку 5400. Додека пак за да ја испечатат во 2м х 1.3м бараат 9800 денари.. за споредба од локална печатница истата би била 2000 денари.. проблем е што треба векторска слика а ја нема нигде на интернет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom