Изгубивме и во трета лига
Ангели-Вардар 69-67 (мислам дека вака заврши)!
Влагаме во сала, ја гледам екипава и сфаќам дека ниеден од играчите не познавам, освен Бранче Андриевски тренерот на Апаве (и во претходните години на Вардар). Другиве беа некои дечки на возраст меѓу 20 и 25 години, којзнае од каде ги собрале. Имаше тук-таму некои што се гледаше дека некогаш во животот тренирале кошарка, другото...
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Слична ситуација и во составот на Ангели, со тоа што они бар имаа неколку повисоки играчи и само поради тоа го добија мечот.
Плус кај ив познавав двајца, бидејќи се од моја населба и играат баскет во маало
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)
Како почна утакмицата, тоа беше нешто невидено.
За 5 минути резултатот беше 2-2, а секој напад завршуваше со стартни чекори, со дупли, па идат во контра им паѓа топката од раце, којзнае од кога не сум се смеел вака. Врвот беше кога Бранче шутна тројка и толку лошо промаши што од смеење успеав да си ја бапнал главата од бетонот на трибините и уште ми се врти, у пичку материну...
Во Вардар имаше еден поединец кој играше буквално сам денеска.
Од вкупно 67 поени, он даде 35 или 37.
Играше со број 10, и така малце ми личеше на некој кошаркар, ама не ми текнува на кој. Буквално сам играше во Вардар во првиот дел и постигна 26 поени уште во првите 20 минути.
Вардар се одлепи на 2-9, ама после кај нив се разигра веројатно нивниот најдобар играч, имаше брза промена на топката, брзо движење, ама другите во екипата не можеа да ги искористат неговите додавања.
Нема што многу да додадам, али мечот беше тесен со тоа што Вардар водеше во целиот прв дел и на полувреме отидовме со поен предност.
Третата четвртина беше израмнета со тоа што Ангели почнуваа да го удвојуваат нашиот најдобар играч и затоа многу слабо ни одеше реализацијата.
Судењето беше очајно и во голема мера затоа ја загубивме утакмицата.
Не досуди неспортска неколку пати по ред. Колку остри фаули направија, ниедна техничка, потоа еден спречи напад со клизач буквално, исто ништо. Не дека играа остро, туку ненамерно правеа неспортски фаули.
ВО последниот дел дадоа гас и почнаа да не рендаат под кошеви, ќе утнат, пак ќе ја фатат пошто ние немавме центри, и ќе погодат. Судијата очаен, не знаеше што судеше, и во последниот дел во кој се влезе со 48-48, набрзо Ангели отидоа на 62-52 ако не се лажам.
Имаше уште 2 минути до крај и тука почна нашето враќање. Имено нашиве се напиздија откако погодивме за 8 разлика, и судијава не досуди дополнително слободно, па нашиов му се раздра дека не досуди фаул и си доби неспортска
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
Бранче и тренеров Мирковски (или како и да се вика тренерот на младинците на Вардар) ептен се напиздеа. Бранче додуша требаше да искочи од игра, да оставеше некој друг да игра, сигурно ќе победевме, вака со играч помалце бевме. Ни играше центар, една топка не фати под кош, само еднаш погоди и понатаму пред крајот погоди две слободни.
Во последна четвртина којзнае колку слободни утнавме.
И општо во утакмицата и двете екипи шутнаа по 20-тина слободни и сигурно имаа под 50% учинок
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Резултатот беше +10 за Ангели на минута и нешто до крај, кога конечно погодивме тројка за -7. Потоа се одбранивме и 10-ката погоди многу јака тројка за -4.
Тука они отидоа во напад, еден нивни играч беше сам пред кош, ама се реши да го сочека нашиот играч, да се бапне во него и да направи лична во напад
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
Ние погодивме за два, па они едно слободно и резултатот беше 68-65. Они имаа да изведат напад на 20-тина секунди до крајот, ама им истекоа 5-те секунди за да изведат, па ја земавме топката и во нападот Бранче погоди две слободни за 68-67
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Тргнаа во напад на 17 секунди до крај, им направивме лична во која го погодија првото, ама го утнаа вториот шут и ние имавме напад и за победа.
Имавме 5 секунди, ама слабо ја префрливме топката, па истата отиде во аут на секунда до крај и немавме доволно време да дадеме кош...
Утакмицата - ПАРАОЛИМПИЈАДА...
Јас се смеев кога ми викаа дека е рекреативна лигава, ама ова бетер е и од рекреативна, од маало да направиме екипа ќе се прошетаме во лигава.
Комбат беа во досега можеби најголема бројка од 60-тина луѓе
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Од 80-тина луѓе во сала мислам дека сите беа за Вардар.
Убаво навивање во текот на целиот меч со добар притисок на крајот, ама не доволно за победа. На крај отпоздравија и двата тима, а беше истакната и парола:
ПОДОБРО ВО ТРЕТА ДИВА ЛИГА, ОТКОЛКУ ВО ПРВА ПАРТИСКА!
Штета што е ваков квалитетот на лигава, не знам кој пак би бил будала да оди да гледа ваков "меч"...