На Русија мислам не и требаше кавга со Србија,па макар биле во прашање и 200 милиони причини.едноставно цената на пријателството е поголема од сето тоа.
Русите никогаш не знаеле да играат двојно со една држава-таа да биде јавно со западњаците а тие да си дилаат со нејзе.Србија им е идеален партнер за таква да речиме `тројански коњ` тактика.
31.10.2014, 16:40
МОСКВА ГИ ЗАТЕГНА ВЕНТИЛИТЕ ЗА ГАС КОН СРБИЈА
Курцшлусот настанал поради тоа што Александар Вучиќ го одбил барањето на Владимир Путин да потпише протокол за враќање на долгот до март наредната година
Русија ќе ја намали испораката на гас на Србија за 28 отсто, јавија српските медиуми. Оваа информација ја потврди и потпретседателката на Владата, Зорана Михајловиќ, која изјави дека испораките на гас не се намалуваат само за Србија, туку за цела Европа. Сепак, изненадувањето е поради тоа што одлуката за затегање на вентилите од страна на Москва доаѓа само две недели по посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Белград, каде што присуствуваше на воената парада.
Курцшлусот настанал поради одбивањето на српскиот премиер Александар Вучиќ да потпише протокол за враќање на долгот до март наредната година кој Србија го има за гасот. Како што пишува дневниот весник „Данас“, Путин бил незадоволен од ваквиот одговор на српскиот премиер и одлучил по посетата на Србија да ги намали испораките за речиси една третина. Српскиот долг изнесува 200 милиони долари.
Вицепремиерката Михајловиќ, која е и министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура, а во поранешната влада го водеше ресорот енергетика, за белградска „Политика“ изјави дека Србија е подготвена да ги врати долговите за гас.
„Србија е подготвена наскоро да врати 100 милиони долари, но Србија и Русија мора да работат како партнери и да разговараат секој ден“, изјави Михајловиќ.
Весникот „Данас“, повикувајќи се на извори блиски до владата, пишува дека премиерот Вучиќ одбил да ги потпише гаранциите за отплата на долгот бидејќи сметал дека предлогот на Путин бил непристоен и нефер, со оглед дека Русија преку Нафтената индустрија на Србија на големо профитира на Србија.
НИС, инаку, е во сопственост на руски „Гаспромнефт“, кој поседува 56,15 отсто од компанијата, додека 29,87 отсто се во сопственост на српската влада. Компанијата беше приватизирана во 2008 година, кога „Гаспромнефт“ се стекна со 51 отсто од капиталот на НИС за 400 милиони евра и со обврска до 2012 година да инвестира 550 милиони евра. До 2011 година НИС имаше монопол за увоз на нафта во Србија. Според „Данас“, Вучиќ му рекол на Путин дека огромните профити ги овозможил штетниот договор кој бил склучен при продажбата на НИС на руската компанија.
Претходно, во август оваа година српското министерство за внатрешни работи формираше работна група за преиспитување на продажбата на НИС на „Гаспромнефт“. Продажбата ја договориле тогашните премиери на двете земји, Мирко Цветковиќ и Дмитриј Медведев, а гаранција дека работата ќе се заврши потпишале претседателите Борис Тадиќ и Владимирр Путин. Според весникот, уште тогаш во Србија се тврдело дека вистинската цена на НИС била околу 2 милијарди евра. Но, тогашниот државен врв ниската цена ја правдал и со надворешно политичката поддршка која Русија и ја дава на Србија за нејзиниот територијален интегритет и зачувување на суверенитетот врз Косово.
Според пишувањето на „Данас“, Руската Федерација ја намалила и испораката на гас и спрема Босна и Херцеговина и тоа за 35 отсто, поради тоа што Русија сакала да ги осигура неопходните количества гас за испорака преку Украина кон европските потрошувачи. (М.Ј.)
http://www.utrinski.mk/?ItemID=BD9493752EAB2248A00F1869BDA33FA0