Ауфвидерзен Македонијо!

Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Можеби сите да се изјасниме за кого навиваме, така ќе биде по искрен муабетот, само мислам дека повеќето неутралци се од Кумровачката југословенска докажана школа :)[DOUBLEPOST=1414682926][/DOUBLEPOST]
Колку што можам да приметам се убиваш од работа
дупе не подмрднуваш од пред компјутер... :)
Туку што навистина имаш сторено за државава граѓаните да се осеќаат посигурни да не мислаат за на гурбет??
Види за гурбет не се мисли, ако имаш мака одиш, ти убаво си живееш тука ама не ти се допаѓа што другите се на власт :). Инаку ја не работам да им е подобро на луѓе, туку луѓето да се задоволни од мојата работи ;)
 
I

izotop

Гостин
Можеби сите да се изјасниме за кого навиваме, така ќе биде по искрен муабетот, само мислам дека повеќето неутралци се од Кумровачката југословенска докажана школа :)
Jaс навивам за живот во Македонија, но да е работа за странци, ситен бизнис кој не боде очи за извоз, аутсорсинг, претставништво, било што што ти ги крева примањата над 1000 евра. Возможно е, сите познаваме по некој комшија или роднина што купил 2-3 машини и со 5-10 работници тера, па полека го зголемува бизнисот.

Платите се надвор повисоки, но од друга страна израчунот кажува дека во една Америка или Австралија стан ќе купиш на Свети Никој летен. А на 50 години старост после 20 и кусур одини стаж да живееш под кирија во полу-гето и како студент да менуваш станови е многу големо достигнување во животот, иронички кажано.

Направете муабет со луѓе кои после 10-20 години работа во деведесеттите беа затекнати во Австралија, или во 2000та во Грманија во време на кризи во тие држави па ќе ви е појасно колку е убаво таму и колку лесно можеш да наебеш.

Се оди привремено колку да си ја решиш моменталната ситуација, инаку на долг рок не се исплаќа
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
Можеби сите да се изјасниме за кого навиваме, така ќе биде по искрен муабетот, само мислам дека повеќето неутралци се од Кумровачката југословенска докажана школа :)
Види за гурбет не се мисли, ако имаш мака одиш, ти убаво си живееш тука ама не ти се допаѓа што другите се на власт :). Инаку ја не работам да им е подобро на луѓе, туку луѓето да се задоволни од мојата работи ;)
Типично за испрана глава. Сите што сакаме да се иселиме сне од другата партија. ЛОЛ и ти ли чекаш некое место во администрација, па ви наредија вака да пишувате на форуми. Како демек ќе ме устрамиш ако ме пишиш дека сум од партија. Пиши дека сум комуњар, соросоид. Пиши дека сум предавник. Ме заболе левото од десната страна.

Лани кога пробавме да направиме нешто за студентските домови, кога истекоа сликите од Гоце и кога требаше протест да има, ни праќаа луѓе од штабови да ни се закануваат. Пробаа на мене, ама лошо си поминаа, не им можеа на машките ништо па се свртија на женските. Некои партиски горили, им се закануваа на женски. Тоа го можат само луѓе со пореметени умови и измрдани идеали.
За што? Затоа што сакавме да го подобриме стандардот на студентите малку. Да не јадиме секој ден боранија или грав. Ама на пастирот ваш, не му одговараше тоа. Тој сака послушни и лојални граѓани, кои нема да се бунат кога некој ќе ги ебава. Такви сте вие, партиските војничиња, најнискиот слој на општеството, најсенилното и најпатетичното нешто што некогаш се појавило во македонското општество. На исто рамниште сте како и кодошите во турско. За пари или место во администрација ќе си го продадете својот брат или ќе го издадете комшијата дека има дома слика од Тито.

Заради таквите како вас и заради ова општество на кое му ги извртивте моралните и општествените норми, граѓаните или студенти кои согледуваат во како општество треба да живеат, си одат од тука. А тогаш кога студентите кои треба да станат следните ижинери,доктори, информатичари , и слично ќе си заминат и своите соништа ќе ги бркаат низ Европа, тогаш ќе почните да си живеете во вашата мала идила составена од накурчени административци, дилери, мафијаши, крадци, колонизирани работници и необразувани селани кој ја немале таа среќа да се иселат. И се ќе биде така добро се додека Европа не ви прекине да ви дава кредити, е тогаш вашата идила ќе прекине и ќе се вратите во реалноста. Крадците од власта ќе си заминат Чешка или Кипар, а на вас ќе ви остават да се справувате со срањето што тие ви го спремиле. Тешко на вас тогаш, ќе се вратите по селата да копате компири или ќе барате да се пикните кај колонизаторите да работите за месечна помија, оти Македонија со кредити потоа никој нема да ја спасува, ни Германија, ни Европа, ниту Русија, ниту Кина. Ги заболе нив за нас, секако ќе не купат сосе партали.

Во држава која неможе самата да се прехрани бидејќи НЕМА СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ во најплодната почва во полињата во Пелагонија, а во Кочанско ориз се произведува како во Турско, државата зема кредити да гради (кради) катни гаражи и барок. Држава со 30% невработени и 60% млади невработени, наместо да ги стимулира домашните фирми, фирмите ги уништуваат со казни од пазарна инспекција. И ти ќе ми кажуваш да ја сакам државата. Јас ја сакам татковината, ама маме да им ебам на власта.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Тука немој да заборавите на таа прекрасна фраза, јао па како је лепа ова Југославија, а го имаш погледот кон Охридското езеро. Не е само пусто турско период кога било потребно да им се избрише почита кон својата земја, 50 години да се удираш во гради дека си Југословен за толку краток период покажува за каков систем се работи. Инаку јасно кажувам дека сум горд што сум Македонец, и да сакам да бидам ко Германците и Јапонците, ама што фајде кога само на темава сме 4-ца такви, а 20-тина се Македончиња што прво самите се негираат, ја плукаат државата, и не се ни трудат да направат промена ниту на десктопот, а па камоли да ја направат Македонија поубаво место за живеење од порано. Искрено нема да се откажам од пишување позитивни работи за Македонија, нема да се откажам да се спротиставувам кога ќе ми кажат, дека оние градбите по селата ни се уствари турски дизајн за куќа, а не биле наши. Па до кога сите ќе попувате дека ние сме неспособни, кога толку многу имаме дадено на светот. Па еве и кога идете надвор од Македонија, иако тука плачете, нели се чуствувате поснаодливи од тамошните, нели се чуствувате дека иако сте без тамошно образование многу постигнувате, затоа бидете горди што сте родени како Македонци и дај престанете да плукате онаму кај што ви е папокот, Македонија. Ако мислите дека не ја бива држава напуште те ја, само не ги трујте со токсините, дека нема да не биде и дека надвор е поубаво, секаде има и добро и лошо, ама барем тука сум роден, и немора да ме вадат од авион со нозете напред, за пак да бидам таму кај што сум роден.
Еве ја нашата способност
Под турско, српско, бугарско и југословенско македонците се иселувале, ама пак се враќале
Под македонско, купуваат карта во еден правец без поглед назад
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Jaс навивам за живот во Македонија, но да е работа за странци, ситен бизнис кој не боде очи за извоз, аутсорсинг, претставништво, било што што ти ги крева примањата над 1000 евра.
Оти само за странско плаќање да работиш?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.904
Поени од реакции
83.110
Можеби сите да се изјасниме за кого навиваме, така ќе биде по искрен муабетот, само мислам дека повеќето неутралци се од Кумровачката југословенска докажана школа :)
Мислиш? Кој не се слага - кумровачка школа. :tapp:
Ти да мислеше на времето, немаше да бидеш у таа ситуација у која што си.

А најстрашно е тоа што ја доведовте партијата на тоа дереџе да у очите на народов да си кумровачка школа, боље му личи неголи да му кажеш кај си член. Збирштина на исплашени полтрони кои ни самите не веруваат во тоа што се натерани да го прават.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Платите се надвор повисоки, но од друга страна израчунот кажува дека во една Америка или Австралија стан ќе купиш на Свети Никој летен.
Кој те лажел?

Се оди привремено колку да си ја решиш моменталната ситуација, инаку на долг рок не се исплаќа
Кој те лажел? 2.0
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Платите се надвор повисоки, но од друга страна израчунот кажува дека во една Америка или Австралија стан ќе купиш на Свети Никој летен. А на 50 години старост после 20 и кусур одини стаж да живееш под кирија во полу-гето и како студент да менуваш станови е многу големо достигнување во животот, иронички кажано.
Ако со повисоки плати таму не можеш никогаш да купиш стан, ај објасни ни тогаш во Македонија со 250 евра плата колку реинкарнации треба за да се купи стан?
 
I

izotop

Гостин
Оти само за странско плаќање да работиш?
Претпоставувам реторичко прашање е. Затоа што сме скапани.
Кој те лажел?
Кој те лажел? 2.0
За првото вујко ми Јован, а за второто е мој субјективен заклучок. Освен тоа на форум сме, не сме под заклетва, дозволени се и грешки нели. Поправи ме, напиши аргументи.
Ако со повисоки плати таму не можеш никогаш да купиш стан, ај објасни ни тогаш во Македонија со 250 евра плата колку реинкарнации треба за да се купи стан?
Не можеш, никаде не реков дека може. Но постојат начини човек да не е само на тие 250 евра плата, за тоа зборував.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Не можеш, никаде не реков дека може. Но постојат начини човек да не е само на тие 250 евра плата, за тоа зборував.
Значи на запад луѓево или по три генерации под еден покрив седат, или сите се туткаат со цимери. Така иди твоево. Кој ги купува тогаш становите? Еве кај мене во околината за една година се изградија десетина згради. Речиси сето е распродадено. Ај еве објасни ми како ги купуваат становиве... на диво можда се вселуваат, незнам. Дај кажи и јас да се вселам ако функционира така.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Платите се надвор повисоки, но од друга страна израчунот кажува дека во една Америка или Австралија стан ќе купиш на Свети Никој летен. А на 50 години старост после 20 и кусур одини стаж да живееш под кирија во полу-гето и како студент да менуваш станови е многу големо достигнување во животот, иронички кажано.

Направете муабет со луѓе кои после 10-20 години работа во деведесеттите беа затекнати во Австралија, или во 2000та во Грманија во време на кризи во тие држави па ќе ви е појасно колку е убаво таму и колку лесно можеш да наебеш.

Се оди привремено колку да си ја решиш моменталната ситуација, инаку на долг рок не се исплаќа
Каматите за кредите за стамбено во странство се со висина на инфлацијата, а кај нас испод 5% нема шанси, стан се купува за 15-20 години на отплата или со парите што ги плаќаш за ќирија можеш да го купиш станот за 15-20 години.
Споредено со нас, подобро среден стан во Скопје од 90-100 м2 ќе те чини 250-300Е (ова во центарот), по најлошата математика да одиме, 300Е * 12 = 3600 Е годишно за ќирија * 20 = 72000Е за стан од 100м2 во центарот на скопје. Моментално ваков стан да најдеш во центарот на Скопје ти е како невозможна мисија, цените се движат од 1000-1200Е м2 т.е 100.000-120.000 Е.
Луѓе што можат да си дозволат ваков луксуз т.е да купат стан моментално во Македонија се 1-2 % (тоа се луѓе што имаат примања над 30.000) од вработените лица 10-12.000 лица бидејќи 600.000 се вработени.
 
I

izotop

Гостин
Значи на запад луѓево или по три генерации под еден покрив седат, или сите се туткаат со цимери. Така иди твоево. Кој ги купува тогаш становите? Еве кај мене во околината за една година се изградија десетина згради. Речиси сето е распродадено. Ај еве објасни ми како ги купуваат становиве... на диво можда се вселуваат, незнам. Дај кажи и јас да се вселам ако функционира така.
Не знам еве ти објасни како, таму си.
ЈАс можам само да нагаѓам, Па ако веќе нагаѓам би рекол дека на кредит со учество, како и во цел свет. Меѓутоа еве да земеме дека човек оди таму на 25 години најрано. На колку години ќе успее да собере за тоа учество? И нели е попаметно со тие 100 000 да отвориш бизнисче отколку да влезиш во кредити за цел живот.
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.861
Поени од реакции
4.805
Платите се надвор повисоки, но од друга страна израчунот кажува дека во една Америка или Австралија стан ќе купиш на Свети Никој летен. А на 50 години старост после 20 и кусур одини стаж да живееш под кирија во полу-гето и како студент да менуваш станови е многу големо достигнување во животот, иронички кажано.
Tacno ... u Amerika ziveat babi dedovci ,pradedovci ostaveni sestri braka site vo edna kuka! Komotno moze da im se smeeme na amerite...samo da pazime da ne vidat![DOUBLEPOST=1414693695][/DOUBLEPOST]
Не знам еве ти објасни како, таму си.
ЈАс можам само да нагаѓам, Па ако веќе нагаѓам би рекол дека на кредит со учество, како и во цел свет. Меѓутоа еве да земеме дека човек оди таму на 25 години најрано. На колку години ќе успее да собере за тоа учество? И нели е попаметно со тие 100 000 да отвориш бизнисче отколку да влезиш во кредити за цел живот.
Zavisi kade i sto raboti...Normalna rabota (sofer,warehouse,opst rabotnik) 5-10 godini.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom