Сте посетиле некој далечен, напуштен остров на кој живеат 100 многу пријателски расположени змејови. Сите имаат зелени очи. Тие со векови не виделе жив човек и многу се возбудени заради вашата посета, па со задоволство ќе ве прошетаат на островот и ќе ви покажат каков е животот на змејовите.
Изгледа како сосема нормален, барем за змејовите, но набрзо ќе сфатите нешто многу необично – на островот постои правило дека ако змеј некогаш дознаe дека има зелени очи, таа вечер точно на полноќ ќе мора да се одрече од сите змејски моќи и ќе се претвори во долгоопашеста ластовичка. За среќа, на островот нема огледала и тие никогаш меѓусебно не би зборувале за бојата на очите, така што змејовите стотици години живеат во блажено незнаење.
Кога сте биле спремни да си одите, сите змејови се собрале да ве поздрават, а вие низ многу солзи сте им се заблагодариле за нивното гостопримство. Потоа сте одлучиле да им кажете нешто што повеќето го знаат (бидејќи сепак, секој од нив ја гледа бојата на очите на другите змејови) – на сите им кажувате дека барем еден од нив има зелени очи. Секако, не сте мислеле на последиците, па сте си продолжиле на својот пат. Под претпоставката дека змејовите се непогрешно логични суштества, што ќе се случи потоа?
Доколку се случи нешто интересно, која е новата информација што сте им ја дале?[DOUBLEPOST=1427749172][/DOUBLEPOST]
Tocno