За журче треба да пратиш на фб или на друго место кај што би објавувале кога имаат журки. Ако сакаш нешто налик на клуб со свирки, а да е затворено, ондак Маракана (имаш маси за седење ако ти е за тоа). Цените не се скупи, не е ни багатела, али ок е и скоро секој ден имаат по некоја свирка и „журка“, башка ноќен клуб е.
А кафичи ја што ги знам и што се убер ефтини, али немаат журки сем повремено се Браво (имаат и надвор маси и внатре) и Custom pub.
Исто разгледај у чаршија, за ноќни фешти и дешавки, али таму се релативно поскапи од овие горе.
Исто ГТЦ на приземје види Континент (као у најлон е со греачи за надвор, a и внатре можеш да седиш), они се ефтини, али не праат забави.