Фан Клуб: Рома

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.933
Поени од реакции
8.821
Генералниот директор на Рома, Балдисони: “If by playing in the Champions League we’ve arrived among the best, then we have to work to become the best of the best."

Рома во иднина ќе биде пример за другите клубови како со одличен менаџмент,вистински амбициозни луѓе, здрава трансфер политика, одличен маркетинг може да се постане еден од најдобрите клубови во светот, конкурентен секоја година на сите фронтови, а не да постанеш гигант со директно потрошени милијарди само на трансфери и во клубот да имаш преплатени ѕвезди.

Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд во последните години беа одличен пример за добро функционирање на еден клуб, но паднаа на последниот испит, не се доволно финансиски моќни да ги задржат веќе прекалените им ѕвезди.
Целта и амбициите на Рома се нешто поголемо. Со респект до двата тима кои ги споменав, но Рома има поголемо име од нив, сите во светот на фудбалот го знаат тоа, пример за тоа е и останувањето на Пјанич и потпишувањето нов договор ова лето, и покрај богатите понуди од најмоќните клубови, посебно ПСЖ тој на крај кажа "зошто би заминал кога тука имам се". За разлика од Пјанич, не беше исти случајот со најголемите ѕвезди од Дортмунд и Атлетико кои си заминаа. Тука влијае и факторот-Тоти, многумина ќе речат кога еден Тоти цела кариера помина во овој клуб, зошто не и јас. И трета работа, Рим е еден од најголемите и најубавите градови во Европа, италијаниве се луди по фудбалот, имаме прекрасна публика, можеби најдобра во Европа(за нас секако најдобра). Значи ги имаме сите услови да постанеме елитен тим од типот на Јунајтед,Баерн, Реал и други, и што е најважно ќе повторам, тоа го правиме на природен начин, не постануваме вештачки гигант како ПСЖ, Сити и Челзи. Во иднина на клубот ќе му остане да освојува титули, а со самото тоа веќе ќе биде квалификуван ка и афирмиран како гигант кој веќе би ги надминал во популарност клубовите кои ги споменав погоре.

Да се вратам на сегашноста, еве оваа година можеби ќе освоиме титула како што направија Дортмунд и Атлетико, но за разлика од овие две екипи не треба да стагнираме и да го продаваме најдоброто од клубот(со исклучок на некоја луда цена), туку напротив да се ослободиме од оние кои покрај добрите игри не се повеќе поклопуваат со нашите се поголеми и поголеми амбиции. Можеби сега некој ќе рече го продадовме Бенатија, ама секој мора да знае едно нешто, Бенатија не е продаден од финансиска гледна точка, тоа веќе е потврдено од Палота и целата управа на Рома. Бенатија беше тој кој што инсистираше на трансфер и не сакаше да остане и тоа е тоа.
Иако велам дека нема продавање на лето на некој од најдобрите играчи, сепак сеуште немаме свој стадион, така да сеуште ќе постои тој ризик да изгубиме некоја ѕвезда. Со новиот стадион не само што нема да си одат ѕвездите од финансиска гледна точка, туку ќе бидеме и во состојба да донесеме веќе афирмирани ѕвезди кои скапо чинат.

Само ќе кажам дека не чека светла иднина, која овој тим ја заслужува !!
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.666
Поени од реакции
14.544
Да се вратам на сегашноста, еве оваа година можеби ќе освоиме титула како што направија Дортмунд и Атлетико, но за разлика од овие две екипи не треба да стагнираме и да го продаваме најдоброто од клубот(со исклучок на некоја луда цена)
Епа истото може да се каже за сите играчи што се продаваат, од кај знаеме ние кој за што си оди? Некој сака поголем клуб, некој сака повеќе пари, некој му смрдело у соблекувалната...
Она што си го пишал за Бенатиа може да важи и за Геце и за Фалкао и за Левандовски и за Диего Коста.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.933
Поени од реакции
8.821
Епа истото може да се каже за сите играчи што се продаваат, од кај знаеме ние кој за што си оди? Некој сака поголем клуб, некој сака повеќе пари, некој му смрдело у соблекувалната...
Она што си го пишал за Бенатиа може да важи и за Геце и за Фалкао и за Левандовски и за Диего Коста.
Абе и твојто држе вода, не велам не, ама како што гледаш од Атлетико доста квалитетни играчи си заминаа, мислам дека тоа ќе се случи и наредното лето, Коста и Филипе беа први, сега Коке ако не друго сигурно ќе си замине. Од Борусија константно си заминуваат најдобрите, Сахин, Кагава, Геце, Левандовски, сега и Ројс.

Рома ги продаде Маркињос и Ламела исклучителлно од финансиски причини, по катастрофа сезони и неиграње во ЛШ, продажбата на овие двајца беше морална. Но, затоа оваа година во план беше да се задржат сите играчи и да се надогради тимот со нови, продажби не беа во план. Али Бенатија што за пари, што за играње во клуб како Баерн, си замина. И си замина оти ги фати клубот и управата на неискуство, случајот со Бенатија во иднина нема да се повторни, башка има гнасен агент кој е алчен за пари.

Не велам дека нема да има такви случаи, но нема да дојде ред како Бенатија да ги даваме за некоја сума која би можела да биде поголема, реално доколку Луиз можеше толку да се продаде, Бенатија исто можевме да му извлечеме барем 35-40мил, а ние само 30мил со бонусите доколку ги земеме. Понатаму незадоволните ѕвезди ќе се продаваат на време и за голема сума.

Потпишувањето на новиот договор на Пјанич го дадов како пример и како светла точка дека полека работите ќе се менуваат, наредно искушение ќе биде Стротман, доколку него го задржиме, нема да се сомневам во тоа како ќе одат работите понатаму, сепак прво здрави и живи да се врати ѕверот на терен и да видиме како ќе игра после повредата.

Те сваќам убаво што сакаш да кажеш, но верувај Рома не е Атлетико или Дортмунд, на клубот му се потребни само финансии(и секогаш му биле), за 2-3 години не само што ќе застане на цврсти нозе, туку и да профитира одлично, клучен фактор е стадионот,но исто така освојувањето на титулата во Калчото оваа година ќе биде исто голем фактор. Велам ќе биде ризично ова лето со Стротман, па и наредното со некоја друга ѕвезда, но работите со тек на времето ќе си дојдат на место, било тоа да биде поскоро или подоцна, било на потежок или полесен начин.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.298
Поени од реакции
3.339
Potpolno se soglasuvam so Shaka Lakka za se...Dobro e lugje se sredivme vo mnogu raboti treba samo da se osvoi Calcovo za da dojde kako kruna na ovaa rabota i motiv za pogolemi dostreli ...
Da vi kazam mene samo edno me zagrizuva dogovorot na Sabatini..Mora na sto podolgo vreme covekot da potpise dogovort so nas neka bide i mn bogat ako ama covekot ja ima najgolemata uloga za sve sto stignavme do ova denes mislam na ovie 3 godini...Covekot e prosto kazano CAR !!
I ve molam dosta so sporedbite koj e podobar koj ne zarem ne vi e ubavo sto nizime pobedi ?? Ajde olabavete ovoj son odamna go cekavme zatoa uzivajte i drzite srekja za vecer !!!
Inace Man. City veke vodi so 0-2 na gostuvanjeto vo Moskva !!
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.933
Поени од реакции
8.821
Сабатини има изјавено дека ќе остане во Рома се додека клубот имс желба да го задржи и неговиот потпис е чиста формалност:)
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.382
Поени од реакции
1.786
Колку убаво игра вашиот Жервињо да му се нагледаш идиот цело време у офсајд сите акции ради него ни пропагат.Ама ако.[DOUBLEPOST=1413918954][/DOUBLEPOST]
RomanistaRIM kade e Destro vo prv sostav ako e podobar od Zervinjo i Itrube :)
Еве ти ги срце ги гледаме акција не сврзаа се виде кој познава фудбал чао пријатно
 
Последно уредено:
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Полош голман немам видено...
Овие шанси да беа ваши max. 1-0 би било. Све ќе фатеше Ноер, безразлика што спијаше одбраната.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.933
Поени од реакции
8.821
Катастрофа, голема лекција од швабите, барем сега цела управа има представа до кај сме во Европа
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.382
Поени од реакции
1.786
Катастрофа, голема лекција од швабите, барем сега цела управа има представа до кај сме во Европа
Голман нов и тоа под итно од 6 гола 3 се бранеа кој сака голман нека е.Второ се виде напад без мојов а со вашиов да си у офсајд 24/7 и голот од офсајд го даде али ај.И напагач еве Лафата на пример од Спарта прага мора да се покријат.А Кол дрво неизделкано првиот гол мораше да го покрие Робен.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.709
Поени од реакции
17.601
Искрено дечки криво мие, оти губи италијанскиот фудбал и тоа во директниот дуел со конкурент за 4тото место во ЛШ. Нема што да кажам .... глата горе помина сега фокусирани кон врвење на групата а ќе ја помините. Лекција плус
 

Kajgana Shop

На врв Bottom