А власта во едно општество што е. Нели таа ги носи законите во едно општество. Нели таа е институција на државата. И пази зборуваме за легално избрана што значи демократска власт.
И на друго место пршав и тука ке прашам дали сметате дека Албанците ( повеќето од нив) се лојални граѓани на оваа држава и дали ви е сосем во ред кога тие не ги почитуваат институциите на оваа држава. Дали ви пречи или не?
Од повеќето тука можи да се забележи дека вие сосем ги оправдувате нивните постапки кога не ги почитуваат институциите и законите на оваа држава, барем овде во овој подфорум, додека на друго место ситуацијата е сосем обратна, како божем тие не ги почитувале и незнам што. Е па дај одлучете се веќе еднаш, треба да се почитуваат институциите на државата вклучувајќи ја и легално избраната на избори власт или не треба.
За губењето на слободата во некои области сосем се подразбира ама не гледам причина зошто би се кревала врева околу тоа дека тоа било запишано во учебникот. А зошто пак да не биди запишано?
Владе... чекај малце... не брзај... не мешај брзини...не се пали...
Онака како што е напишано, да не цитирам сега, ќе парафразирам: „да го почитува
оној кој е на власт имплицира почит кон личноста која во даден момент практицира некаква власт.
Постои голема разлика меѓу институцијата власт и личноста која обавува некаква функција во одредена власт, како на пр. Претседател, Премиер, Градоначалник.
Почитта се однесува кон институцијата, а не кон личноста која е на таа функција.
Еве, еден мој пример: Јас ја почитувам институцијата градоначалник на општина Струмица, која е олицетворение на локалната власт. Но, личноста која е моментално Градоначалник ич не ми е по ќеиф, посебно во последниот мандат.
Бидејќи истиот беше избран на избори, легално, тој е власт во градот.
Јас имам право да го критикувам, да зборам за него што сакам и како сакам, но бидејќи сум лојален граѓанин, нема да преземам ништо надвор од утврдените законски норми против него, не заради него лично, туку заради институцијата градоначалник. Моето ќе си го кажам на избори.
Тоа е суштината. Затоа, во мојот претходен пост реков како таа реченица би била правилно напишана.
Втората реченица се однесуваше на слободата од која лојалниот граѓанин се одрекува. Прво, тоа е пред се филозофска и теоретска категорија која не е примерена за деца од 13-14 години.
Оддамна нашите предци се откажале од дел од своите права и слободи кога станале цивилизирани. Природната состојба на човекот е анархија. Во име на редот и поредокот човекот се откажал од некои свои слободи и права, а сето тоа во денешно време е стандардна цивилизациска норма. Нема воопшто потреба да биде тука спомнувано, уште помалку пак да се замараат деца со тоа.