Заеби метафизичка природа на човек, посоодветен израз би ти бил „алтруистичка природа на човек“.
Глеј вака, просто е. Норвешка од алтруистички пориви сака да помогне на тие кои се засегнати од војната во Авганистан и се жртви бидејќи им се прекршува основното човеково право на живот и ред други права кои се изгласани за универзални. Они нејќат да се во војната (за жртвите зборувам) и они го јадат немиен ради туѓи идеали и мотиви.
Од друга страна ни од блиску не можеш да го даваш ни ко пример ни ко аналогија тоа со ова. Тие кои вршат инцест се возрасни и не се повредуваат меѓу себе, а ниту некој друг.
Ти тука не можеш од алтруистички според тебе пориви да им идеш и да им трубиш што треба да прават или да им забрануваш со закон бидејќи за разлика од војната која ја даде како пример, нивните акции не се одразуваат на други луѓе, не загрозуваат права на други луѓе и пошто не се во прашање ничии човекови права, не можеш да се вмешуваш како Норвешка/влада/било кој орган. Ако направат од друга страна дете и веќе ризикуваат туѓ живот или во најмала рака ризикуваат да создадат измутиран инвалид, ондак комотно можеш да ги пикнеш у затвор и да лежат доживотно, ма да што е до мене би им дал и еден ќутек.
Што не ти е јасно?
Ако алудираш на „метафизичка природа“ на човек како реален феномен, те уверувам дека не постои таква ствар како „метафизичка природа“ која е контрадикторна со инцестот како појава, сем ако не веруваш дека метафизика постои како научно поле.
Не постои никаква природа на човек која е евидентирано дека е контрадикторна со практикување на инцест. Природно е све. А дали е пожелно и дали е пријатно, тоа е друг муабет. Ако не беше у природата на човекот да врши инцест, да убива, да силува деца и тристо други работи, немаше да се манифестира како појава.
Разликата која можеме општествено да ја направиме е во тоа кои од тие природни појави се општествено пожелни, а кои не што е суштествената разлика помеѓу педофил/зоофил и други девијации кои практично штетат некому и хомосексуалство/инцест, кои не штетат никому.
Целата дебата ротира околу штетноста на појавата, а не околу природноста како својство бидејќи како што ти наведов, све е природно. Ти зборуваш за тоа дека појавата е непријатна, дека е морално одвратна и тоа е така баш поради тоа што сме еволуирале да се штитиме од можноста да направиме сакати деца. Ти тоа го нарекуваш „метафизичка природа“, ја го нарекувам природен инстинкт.