- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.365
- Поени од реакции
- 68.029
Веројатно си ги разгледала темите кои се полни со глупости отворени од еден ист човек со сто различни акаунти и не знам зошто стојат уште во подфорумов, а не се префрлени во канта.Никаде не напоменав дека постоел како смер,туку дека за пмф се зборувало дека како таков имало и такви и онакви професори - цитирам (Не сакав да се надоврзувам на темите за пмф од причина што изначитав работи од многу порано ,па сакав да слушнам мислење денес,во 2014 година.) после следуваат моите конкретни прашања.... не е битно.... само ме интересираа мислења затоа што слушнав дека на пмф има смер туризам кој не секоја година се формира, сакам да завршам туризам бидејќи имам некои планови за понатаму, но бидејки имаме во Скопје само приватен ова ми се виде како добра опција па решив да се распрашам.... ама .... ништо
Темите полни со плукање кон професори и слично...
Не знам зошто ама и ти од прво ми личеше (а и уште не сум сигурен ) дека си истиот човек (со различен акаунт) кој периодично се појавува на форумов и плука по институтите од кои е составен ПМФ. Јас ти кажувам дека на секој факултет може да сретнеш некој незгоден професор, ама приказните дека некој професор намерно буткал студенти и слично ги пуштаат студенти кои 100 години студираат и намерно вадат такви муабети со цел причината за својот неуспех да ја побараат на друга страна.
Секоја година се формира туризам ми се чини, вистината е дека да не е смерот туризам, ПМФ ќе пропадне како факултет откако си отидоа информатичарите. Највеќе студенти има на туризам...