Животно осигурување!

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Слабо собиранки периодов,рата да не може да се плати :(
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.167
Поени од реакции
1.046
Здраво.
скоро сум запознаен со ова ,,животно осигурување , па да прашам.

колку е минимална сума годишно да се уплати?за да имаш полиса?

што ако потпишеш и ако неможеш едноставно да ги внесеш ,,ветените пари? што ако едноставно се предомислиш и не си повеке за да штедиш таму? дали има некои пенали , или казни?

Благодарам однапред на сите што можат да ми одговорат.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.848

Зависи од договорот што си го потпишал, јас ќе ти кажам од прилика што знам - имаш одреден период во кој МОРАШ да уплаќаш инаку парите ќе ти пропаднат и нема начин да ги повратиш. Ако да речеме, после една третина од договорените години одлучиш да не плаќаш можеш да си ги подигнеѓ дотогаш договорените пари плус каматата која ти стигала во тој период. Инаку, мислам дека минимумот годишен е 250 евра, па нагоре.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892

Или заклучок: радо орочувај си ги парите.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.848
Или заклучок: радо орочувај си ги парите.
Сега муабетов што ќе ти го кажам не го сфаќај без резерва, затоа што ни јас не знам баш како стојат работите - но по она што го знам, мислам дека парите се посигурни кај осигурителните друштва него во банка, и мислам дека тоа беше поврзано со начинот на работа на самите нив и со влог во самата држава ... long story short банката може мн полесно да пропадне него осигурително друштво, кое е врзано со влог во државата и др. реосигурително друштво.

Затоа и помала камата се пресметува во друштвата, него во банките, со тоа што да речеме ако имаш животна полиса, по смртта добива семејството она што е вложено плус 1,2, 3 пати од осигураната сума.

Пр, договараш во 2014 година полиса 15 годишна, 250 евра годишно, осигурена сума ти е 6000 евра. И сега имаш потточки - во случај на природна смрт, болест, насилна смрт итн.... Ако да речеме, природна смрт настанува во 2018 година, семејството зема 1000 евра (4 години по 250 евра) плус 6000 евра, иако не се поминати 15 години. Исто, ако стига 2029 а ти си сеуште жив, можеш да ги подигнеш парите 3750 евра (15 години по 250 евра) плус 6000 евра - вкупно 9750 евра, или можеш да ги разделиш на месечно ниво да ти ги даваат (пензија) со тоа што во случај на смрт семејството го добива остатокот.
Во банка е доста попросто, вложуваш пари, ти стига камата, после времето кое е определено си ги подигаш, во случај на смрт ги зема семејството, само што разликата е што осигурителниве друштва нудат опции осигураната сума да се земе и пред истекот на времето во случај на смрт, што кај банката би било каматата за определениот рок... итн.

Ептен се расприкажував, арно ама искрено пре би во осигурително друштво, него во банка, барем од она што јас сум размислила до сега :)
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
^ Само шо има банки и банки. И Сосиете Женерал е банка, а и Македонска Банка со лавчето беше банка. :)

Баш сега правев некои пресметки, и за 15 години помалце пари, на пари орочени у евра, се заработуваат него ли у осигурителна. Така да, реално, она на кое би заработил помалце е посигурно. Пошто, кога ти нудат повеќе, неретко и е само јака измама. Од друга страна, флексибилноста шо ја имаш во орочувањето ја немаш во штедењето. Мора да биде нешто, за да можеш да ги извадиш. У орочувањето можеш да ги извадиш кога сакаш, нели после истекување на орочувањето, кое може да биде и 1 месец само.
 
Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289

Секој штеди за одредена цел.Имаш луѓе кои сакаат да штедат на подолг рок односно заштедените работи да не ги трошат на ситници и обично тоа се пари кои не им се проблем да ги тргаат на страна секој месец со цел да ги дадат за животно осигурување и да се осигураат себе си и своето семејство.Имаш и луѓе кои штедат за одрени ствари и нормално ги ставаат во банка со цел да имаат можност во секое време да може да ги вадат.А имаш и луѓе со поголема финансиска можност кои може да ги практикуваат и двата начини на штедење.Подобра навика за штедење се овозможува со животното осигурување.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.848
^ Само шо има банки и банки. И Сосиете Женерал е банка, а и Македонска Банка со лавчето беше банка. :)

Баш сега правев некои пресметки, и за 15 години помалце пари, на пари орочени у евра, се заработуваат него ли у осигурителна. Така да, реално, она на кое би заработил помалце е посигурно. Пошто, кога ти нудат повеќе, неретко и е само јака измама. Од друга страна, флексибилноста шо ја имаш во орочувањето ја немаш во штедењето. Мора да биде нешто, за да можеш да ги извадиш. У орочувањето можеш да ги извадиш кога сакаш, нели после истекување на орочувањето, кое може да биде и 1 месец само.
Пак е важно ЗОШТО штедиш. Пример на 20 октомври земаш полиса, на 20 години, годишно 250 евра, осигурана сума 10 000 евра. На 21 октомври умираш, семејството ги добива 250те евра плус загарантираните 10 000 евра иако само еден ден си ја имал полисата и реално си вложил 250 евра. Дури, таа сума може да биде дупла или тродупла, зависи од самата полиса. Во банка би ги добиле само тие 250 евра.
Важно е да знаеш што е целта на штедење, едно друштво нуди полиса која вклучува 9 болести (рак, срцев удар, дијабет....) и во случај на настанување на некоја од овие болести ти ја исплаќаат осигурената сума без оглед колку време си уплаќал.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.167
Поени од реакции
1.046
Zdravo.
Se izvinuvam za kirilicata prvo.
Vaka preku agent uplativ vo osiguritelna komp. Vo Makedonija. Dogovorot kaj I da e ke go dobijam zaradi kontrola na zdravstvenata sostojba. E sega citajki ovde od vas malku me zbunivte . Jas mu veruvam na agentot no dali treba da odam licno vo osiguritelnata pa da si vidam tamu kako I sto.bidejki gledam ovde upateni koi vikat so brokeri direktno e najdobro? Me zamislivte a I sumata ne e mala za tie dolgi godini... caare sovet nesto? Pomos.

I kako na kraj se dobivat parite? Na smetka? Odis tamu ili kako?

Fala odnapred
 
SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Пак е важно ЗОШТО штедиш. Пример на 20 октомври земаш полиса, на 20 години, годишно 250 евра, осигурана сума 10 000 евра. На 21 октомври умираш, семејството ги добива 250те евра плус загарантираните 10 000 евра иако само еден ден си ја имал полисата и реално си вложил 250 евра. Дури, таа сума може да биде дупла или тродупла, зависи од самата полиса. Во банка би ги добиле само тие 250 евра.
Важно е да знаеш што е целта на штедење, едно друштво нуди полиса која вклучува 9 болести (рак, срцев удар, дијабет....) и во случај на настанување на некоја од овие болести ти ја исплаќаат осигурената сума без оглед колку време си уплаќал.
Да не правиме вака муабет да дадеш линк до целосната осигурителна полиса за да се прочита детално. Ако може се разбира. Сајтовите на неколку осигурителни компании кој ги видов се мизерни и крајно штури. А не сакам баш да разговарам со осигурителни агенти знаат да бидат досадни и нападни понекогаш.
 
Последно уредено:
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.848
Да не правиме вака муабет да дадеш линк до целосната осигурителна полиса за да се прочита детално. Ако може се разбира. Сајтовите на неколку осигурителни компании кој ги видов се мизерни и крајно штури. А не сакам баш да разговарам со осигурителни агенти знаат да бидат досадни и нападни понекогаш.
Не би знаела како да ти го обезбедам тоа, јас ова го знам од муабети со луѓе позапознаени од мене :)
 
Член од
29 август 2008
Мислења
5.750
Поени од реакции
4.159
Здраво.
скоро сум запознаен со ова ,,животно осигурување , па да прашам.

колку е минимална сума годишно да се уплати?за да имаш полиса?

што ако потпишеш и ако неможеш едноставно да ги внесеш ,,ветените пари? што ако едноставно се предомислиш и не си повеке за да штедиш таму? дали има некои пенали , или казни?

Благодарам однапред на сите што можат да ми одговорат.[/quo te]
Grawe- 250eu godisno e minimalno ,mozes na 2 pati po 125eu,da uplajkas minimum 10godini max 30 god,prvite 3 godini se zadolzitelni vo slucajov 750 eu, posle 3 tata godina mozis da pravis, pauza-1/2/3,i mozes da ja promenuvas polisata primer po 3 godini pauza na tie 750 da uplatis 1000,kolku sto imas godisno i kolku sto sakas,
http://www.graweskopje.com.mk/mk/index.htm
inaku ovaa e edna od naj jakite ,respekt i kon drugite,no od ovaa znam penzizoneri na 50 godini si se lujgeto,ziveeja vo avstrija si dojdoja tuka i sega si zemaat privatna penzija, od grawe
[DOUBLEPOST=1427130742][/DOUBLEPOST]
Да не правиме вака муабет да дадеш линк до целосната осигурителна полиса за да се прочита детално. Ако може се разбира. Сајтовите на неколку осигурителни компании кој ги видов се мизерни и крајно штури. А не сакам баш да разговарам со осигурителни агенти знаат да бидат досадни и нападни понекогаш.
http://www.graweskopje.com.mk/mk/uslovi_osiguranja.htm[DOUBLEPOST=1427131311][/DOUBLEPOST]
Da se nadovrzam inaku razbrav deka i bankive za pogolemi krediti ke baraat zivotno osiguruvajne da ima pobaruvacot na kredit- odnosno ohridska banka veke toa go bara-za (za pokrtie vo slucaj za nesrejken slucaj na nositelot na kreditot da ne patat zirantite i familijata- ) a toa kako sto i samite banki gi narekuvaat-ova vo skora idnina ke bide vo site banki, eve za ohridska
http://www.ohridskabanka.mk/kreditno-zivotno-osiguruvanje.nspx
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2011
Мислења
1.167
Поени од реакции
1.046
Јас нешто сакам да прашам со мојата. Полиса, значи ми треба некој што повеќе. Се разбира за да му пишам по пп.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom