ОК, ако книгата на генералот разјаснува се, одговори на прашањето што го поставија погоре.
Како сме знаеле дека од Италија летале авиони за да не бомбардираат?
Немам ништо против генералот, неговата книга е еден дел од приказната, но не го открива секој детал.
Се сложивме дека не само што никој од нас не е експерт за радари ниту имаме овластен пристап до сета армиска опрема, ниту пак сите инструменти мора да бидат ставени на јавен увид за да поверуваме.
Издадена е наредба за прераспоредување на авијацијата, приземјување на хеликоптерите, тоа говори за сериозноста на ситуацијата.
Друг битен момент е дека можеби сме добиле информации од наши притаени сојузници во НАТО кои би било навистина глупо да ги обелодениме.
Со оглед на сериозноста на настаните не треба ваљда да потсетуваме секого поединечно, дека не е вообичаено наведување на воени подробности кои би биле искористени против нас.[DOUBLEPOST=1413751525][/DOUBLEPOST]
МПРИ е приватна компанија која очигледно понекогаш работи против интересите на САД, видиш дури и на суд се докажало тоа, па добиле казна.
The government alleged that MPRI
billed for employees who had not worked because they had been granted leave and were out of the country.
Издавањето поголеми фактури не може да се спореди со водење на оружена војна против државата.
Напротив, владата на САД ги товари дека не ги исполниле своите обврски, што пак укажува дека тие работеле за САД и нивните интереси.
Второ, ти дадов уште еден пример, каде што американска лоби фирма рабти за интересите на Русија т.е против интересите на САД.
Уште да ја разбираше функцијата на лобистите, можеби и немаше да ја водиме дискусијава. Секоја земја на која и зависат релациите со САД изнајмува внатрешни лобисти кои имаат пристап до повисоките инстанци, каде се обидуваат да издејствуваат зближување по одредени прашања. Тоа не е “работа против интересите“ на САД, туку напротив тоа е комуникација преку посредници.
Познати се групите конгресмени “пријатели“ на Македонија кои лобираат во сенатот за поволна политика кон нас, спречуваат анти-македонски резолуции предложени од грчката група на конгресмени и сл.
Пред некој ден, во парламентот на Италија беше официјализираа група на пратеници “пријатели на Путин“. Не е тоа кривично дело, ниту пак може да се поистовети со изнајмувањето на воени платеници.
Во контекст на темава, погледни ги имињата на албански лобисти:
Joe Biden, John McCain, не е лошо а?
http://en.wikipedia.org/wiki/Albanian_American_Civic_League
Трето, искометирај ги обвинувањата на очевидци кои тврдат дека српски служби биле замешани.
Четврто, објасни како сите лидери на ОНА соработувале со српски служби.
Чекај бе, да не седам на обвинителна клупа или пак сум обврзан да ти одговарам на сите небулози на кои што ти текнало во моментот? Ај смањи доживљај.
Не исклучувам дека повеќе странски служби биле замешани, ниту пак мислам дека лидерите на ОНА се случајни овчари од Шара кои случајно се нашле на функцијата.
Позната практика е поранешни агенти да бидат и понатаму врбувани од други служби, некогаш тоа била југословенската служба која можеби ги принудила или пак своеволно работеле за неа, а сега тоа може да е американска или германска тајна служба. Постојат разни индикации.
Со колегите од работа.